All Posts By Славчо Ивановски

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА УЛИЦА „СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ“

Се известуваат граѓаните на Општина Кочани и сите учесници во сообраќајот дека во сабота, 05.03.2022 година во период од 8 до 13 часот, сообраќајот на улица „Стево Теодосиевски“ ќе биде пренасочен заради градежни работи, уривање на куќи. Се повикуваат учесниците во сообраќајот на зголемено внимание при движењето и на почитување на сообраќајните правила и прописи….

ПРИВЕДЕН КОЧАНЧАНЕЦ ПОРАДИ АГРЕСИВНО ОДНЕСУВАЊЕ КОН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

На 02.03.2022, полициски службеници од Полициската станица Кочани го привеле О.М.(37) од Кочани бидејќи во 23.00 часот на ул.„Теодосија Паунов“ во Кочани агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале на службени дејствија. По комплетирање на случајот против О.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок. ИЗВОР: Дневни билтени од СВР Штип

КОЛО ВО КОЕ НАСТРАДАА ВОДЕЧКИТЕ ЕКИПИ НА ТАБЕЛАТА

Се одиграа натпреварите од 17-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток, коло кое не беше баш пријатно за трите водечки клубови, но и коло во кое „Осогово“ со сигурна игра си го врати загубеното од претходното коло. „Осогово“ по поразот од „Беласица“ на домашен терен сепак без бело знаме отпатува во Штип на мегдан…

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „БЛАГОЈ СИМЕОНОВ КРАВЧЕ“

Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, во присуство на најблиските од семејството Симеонови (двете ќерки и двете внуки), денес беше промовирана книгата „Благој Симеонов Кравче“. Книгата претставува кратка биографика за Благој Симеонов Кравче, човек кој остави еден траен белег во кочанското живеење. Инаку автор на книгата е Киро Герасимов а рецензент Љупка Стојменова….

„НАШЕ ТАКСИ“ НОВА ТАКСИ КОМПАНИЈА ВО КОЧАНИ

Со повикувањето на телефонскиот број 13 223 или 071-313-223 од денес жителите на Кочани ќе можат да ги користат такси услугите на новата Такси Компанија „Наше такси“. Засега компанијата брои 5 нови возила кои располагаат со клима уреди, GPR, современ аудио систем кој на клиентите им обезбедува безбедносна и здравствена сигурност, комфор и професионален однос…

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“

Неодамна започна реконструкцијата на улицата „Гошо Викентиев“ во должина од 340 метри. Изведувач на градежните работи е компанијата „Ленди Груп“.Работните активности освен реконструкцијата и асфалтирањето на улицата, вклучуваат и менување на ивичњаци и изградба на тротоарските површини. Реконструкцијата на улицата е финансирана од Светска банка. На улицата „Гошо Викентиев“ претходно беше извршена замена на постојната…

ВО ДЕНЕШНАТА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗАСАДЕНИ 120 НОВИ САДНИЦИ

По вчерашното засадување на 43 садници во месноста викана Калиманова глава на улица „Роза Петрова“, денеска беа засадени уште 120 нови садници во населбата Усова Чешма, односно покрај улицата која го спојува Кочани преку месноста викана Пресечена Скала со патот до месноста Крушка. Во акцијата на денешното засадување нови садници беа вклучени жителите на овој…

ПОДНЕСЕНА ПРЕТСТАВКА ДО ОЈО – КОЧАНИ ЗА ПОВТОРНО РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ПРОТИВ „ПЕЈПАР МИЛ“

Денес до ОЈО (Основно Јавно Обвинителство) – Кочани од страна на Граѓанската иницијатива за чист воздух во Кочани беше поднесена претставка со која се бара повторно разгледување на кривичната пријава против „Пејпар Мил“ за континуираното загадување на животната средина во Кочани и околните места. Како илустрација да споменеме дека Кочанското обвинителство најпрвин ја одби кривичната…

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА – КОЧАНИ, СОБРАНИ 24 КРВНИ ЕДИНИЦИ

Во првата годинешна крводарителска акција спроведена во Полициска станица – Кочани собрани се 24 крвни единици. Акцијата која ја организираше Полициска станица – Кочани е во соработка со „Црвен крст“ – Кочани и со поддршка од екипа на „Институтот за трансфузиона медицина“ од Скопје. Инаку ова е една од трите планирани крводарителски акции кои Полициска…

ЗАСАДЕНИ 43 САДНИЦИ ВО МЕСНОСТА КАЛИМАНОВА ГЛАВА

Согласно Програмата за животна средина, денеска на локацијата кај Детскиот парк во месноста викана Калиманова глава на улица „Роза Петрова“, беа засадени нови 43 садници, од кои 28 зимзелени и 15 листопадни дрвја. Станува збор за висококвалитетни и повеќегодишни садници. Во засадувањето и уредувањето беа вклучени вработените од КЈП „Водовод“ и Општина Кочани, комуналниот инспектор,…