ЈАВНИ ПОВИЦИ ЗА АНГАЖИРАЊЕ ВО ОПШТИНСКО КОРИСНА РАБОТА
Општина Кочани ги објави јавните повици за вработувања во два проекта од програмата Општинско корисна работа, поддржани од UNDP и SDC. Во проектот „Заедно“, за работно ангажирање со скратено работно време од три месеци заради стекнување вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, се бараат шестмина негуватели на лица со попреченост. Право на учество имаат лица со попреченост,…
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА КОЧАНИ НА „ПРАЗНИКОТ НА РОЗАТА“ ВО КАЗАНЛАК
Оваа година по 119 пат беше организиран Празникот на розата во Казанлак, Република Бугарија, каде што гостуваше делегација од Општина Кочани. На традициналното празнување освен кочанската делегација, беа присутни уште многу други од сите страни на светот, при што беа разменети меѓусебни меѓународни искуства и претставување на меѓусебните култури. Во придружба на нашата делегација, присутни…
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ФИРМА ОД КОЧАНИ ПОРАДИ ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА СО ОТПАД
Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со Државен инспекторат за животна средина до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против: О.Т.(44) , правно лице од Кочани и Н.Н.(22) од Кочани во својство на одговорно лице во правното лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Загрозување на животната средина со отпад“…
СО НЕРЕГИСТРИРАН МОТОЦИКЛ ИЗЛЕТАЛ ОД КОЛОВОЗОТ
На 02.06.2022 во 15.10 во ОВР Кочани било пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“, мотоцикл „априлија“, без регистарски ознаки, управуван од В.К.(54) од Кочани, излетал надвор од коловозот. Во несреќата возачот на мотициклот се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетна сопатничка од Кочани се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на…
КОНЦЕРТ НА ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ ВО „ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“ ВО КОЧАНИ
По повод Патрониот празник, во Понеделник (06.06.2022 година) со почеток во 19:30 часот ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани ќе одржи концерт. Концертот ќе се одржи на отворено во „Паркот на револуцијата“ во Кочани и истиот ќе можат да го проследат сите заинтересирани граѓани. Од ООМУ „Ристо Јуруков“ , Ве очекуваат.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА НОВ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „РОЗА ПЕТРОВА“
Се известуваат граѓаните дека од понеделник, 06.06.2022 година ќе започне асфалтирањето на новиот дел од улицата „Роза Петрова“ со протегање од улица „554“ до спој со крстосување со улица „Ристо Симеонов“ дел 1. Се апелира на зголемена внимателност при движењето и почитување на сообраќајната сигнализација. Се замолуваат граѓаните да не ги паркираат своите возила во…
ПЛАНИРАНИ ПРРЕКИНИ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА 06.06.2022 ГОДИНА (ПОНЕДЕЛНИК)
За Понеделник (06.06.2022 година) во Општина Кочани прекини во снабдувањето со електрична енергија во периодот од: 08:30 – 14:00 часот ќе имаат: улиците: „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и викенд населбата од „Бавчалук“ до Брана Гратче.
ЗАПОЧНА ЖЕТВАТА НА МЕДАЛИ НА НАЈМЛАДИТЕ БОРАЧИ НА БК „СПАРТАК“
Во организација на Боречкиот Клуб „Карбинци“ а по повод празникот Спасовден, денес во Карбинци се одржа турнир во борење за деца и пионери. На турнирот учествуваа 85 борачи од „Спартак“, „Балканец“, „Киро Ристов“ и домаќинот „Карбинци“. Екипата на „Спартак“ од Кочани учествуваше со 13 борачи (во машка и женска конкуренција) кои освоија 7 медали, од…
ВРАТЕТЕ ГО КЛУБОТ ОД КАДЕ ГО ЗЕДОВТЕ, ПА ПОТОА ПОДНЕСЕТЕ ОСТАВКИ
Две години пред големиот јубилеј „еден век постоење ФК Осогово“ еден од најстарите клубови во Кочани, неговиот бренд испадна од Втора Фудбалска Лига – Исток и повторно се врати на натпревари по „селските ливади“. ГФК „Осогово“ иако имаше добра бодовна залиха на неколку кола до крајот на првенството и на големо од клубот најавуваа дека…
ПРОМОВИРАНО ДЕЛОТО „СЕДУМТЕ“ ОД ИЛИНА АРСОВА
Во организација на Општина Кочани и Јавната општинска установа библиотека „Искра“ денеска беше промовирано делото „Седумте“ од алпинистката, амбасадорка на родовата еднаквост во спортот, екологистка и ликовна уметница Илина Арсова. На настанот под мотото „Целиот свет ми е дома“, во дворот на „Искра“, Арсова се сретна со претставници на кочанските планинарски друштва „Москито“ и „Осогово“…