All Posts By Славчо Ивановски

КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК: ИНСТИТУЦИИТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ПАТИШТА И УЛИЦИ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ

По иницијатива на градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов вчера се одржа координативен состанок со претставници од институциите одговорни за зимско одржување на локалната патна инфраструктура. На работната средба градоначалникот Папазов ја истакна неопходноста од добра меѓуинституционална соработка заради успешно справување со временските услови што претстојат. Одговорните од Комуналното јавно претпријатие „Водовод“, како институција надлежна за…

ОПШТИНА КОЧАНИ ОБЈАВИ ПОВИК ЗА ОБУКА ЗА ЕКОНОМСКО ЈАКНЕЊЕ НА ЖЕНИТЕ

Општина Кочани е една од десетте во државата, каде ќе се спроведуваат обуки за економско јакнење на жените. На веб-страницата на Општина Кочани е објавен конкурсот за обуки за развој на вештини и знаења за дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии, развој на бизнис-идеја и бизнис-план, претприемништво и менаџерски вештини, како и за основни вештини…

ДОДЕЛЕНО ПРИЗНАНИЕТО НА ОРЦЕ НИКОЛОВ „НАЈДОБАР ВО ЕКОЛОГИЈАТА ВО ИСТОЧНИОТ РЕГИОН ЗА 2020 ГОДИНА“

Уредниците на порталите „Glasno.mk“ и „komarec.com.mk“ вечерва му го врачија признанието на Орце Николов кое годинава му го додели Регионалниот актив на новинари ИСТОК – Штип во склоп на манифестацијата „Најдоброто од Истокот за 2020 година“. Церемонијата на свеченото доделување на сите признанија се одржа во месец Август оваа година, но поради оправдани причини Орце…

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР АНГЕЛ АНГЕЛОВ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

Амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов, заедно со неговата сопруга Билјана Ангелова и дел од тимот на Бугарската амбасада, денес беше во посета на Општина Кочани и оствари средба со градоначалникот Љупчо Папазов. Заедно со амбасадорот Ангелов беше присутен  и Петар Петров, прв секретар на Бугарската амбасада. Денешната средба им овозможи на градоначалникот Љупчо Папазов…

СО ПРОЕКТИТЕ „ПОДДРШКА“ И „НЕГА“ – АНГАЖИРАНИ 24 ЛИЦА ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦА СО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК

Денеска во просториите на Мултикултурниот центар, се одржа промотивна средба со ангажираните лица во програмата Oпштинско корисна работа за 2021 г. „Целта на Програмата ОКР е од една страна да  бидат   вклучени невработените и тешко вработливите лица во пазарот на трудот и да станат  поконкурентни, а од друга страна да се подобри квалитетот на живот на…

НОВА ДОНАЦИЈА ОД КОМПАНИЈАТА „АНТУРА МК“, ДОНИРАНА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“

Компанијата „Антура МК“ не престанува со донациите кога се во прашање граѓаните на Кочани. Денес вработени од компанијата „Антура МК“ во рамките на својата општествената одговорност на ООУ „Никола Карев“ му донираа информатичка технологија. Донацијата која денес им беше врачена на вработените во ООУ „Никола Карев“ во Кочани се состои од 20 таблет – компјутери…

ВО БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ ОТВОРЕНО 15-ТОТО ИЗДАНИЕ „САЕМ НА КНИГАТА“

Во присуство на највалидните од училиштата и Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани беше отворено 15-тото издание на „Саемот на книгата“. Поради пандемијата со Ковид-19 годинешното издание е во редуцирана форма, односно свои излагање на книги имаат само две издавачки куќи „Полица“ и „Култура“. „Саемот всушност…

ИВАН ИВАНОВ – НОВ ДИРЕКТОР НА КЈП „ВОДОВОД – КОЧАНИ

Од денеска Иван Иванов е новиот в.д. директор на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ – Кочани. Иванов доаѓа на местото на досегашниот директор Андреј Киров. Во присуство на градоначалникот Љупчо Папазов утрово беше извршено примопредавање на раководната позиција. „Денес е прв ден од моето назначување за вршител на должност за раководител на КЈП „Водовод“ – Кочани….

ПРИЈАВИЛ НАПАД НА СИНОТ ОД СТРАНА НА ТРИ ЛИЦА

На 30.11.2021 во 13.00 часот во ОВР Кочани, Р.А.(47) од Кочани пријавил дека на 24.11.2021 околу 01.00 часот, во дворното место, како и во помошен објект од куќата на А.А. во Кочани, од страна на А.А, С.А., Б.А. и О.Н., физички бил нападнат неговиот 16-годишен син. Се работи на целосно комплетирање на случајот по што…

НА 10 ДЕКЕМВРИ – ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ-БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА 2022 ГОДИНА

Согласно одредбите од Законот за локалната самоуправа и Законот за буџет, Општина Кочани организира јавна расправа по програмите и нацрт-буџетот за 2022 година. Граѓаните ќе можат да расправаат и да даваат предлози од јавен интерес поврзани со надлежностите на Локалната самоуправа: урбанистичко (урбано и рурално) планирање и уредување на просторот и уредување на градежното земјиште; заштита…