All Posts By Славчо Ивановски

ЖДРЕБУВАЊЕ ЗА „ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ“

Известување Се известуваат сите фудбалски екипи кои се пријавени  за Петровденскиот турнир во мал фудбал дека ждребувањето ќе се одржи на 21 јуни 2022 г. во Венчалната сала на Општина Кочани, со почеток во 13:30 часот. Натпреварите ќе започнат в петок, на 24 јуни 2022 година, на терените во СОУ „Љупчо Сантов“. Дополнителни информации на телефоните:077 881…

ДИНО ЛАЗАРЕВ ВО КОШАРКАРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКДЕОНИЈА ДО 16 ГОДИНИ

Кошаркарот на „Баскет Дино Деликатес“ од Копани Дино Лазарев се најде на потесниот список во репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 16 години. По одржаниот тренинг на 14 овој месец на кој беа поканети 38 кошаркари, селекторот Андреј Апостолски Лечиќ и  неговите помошници Никола Димитриевски (тренер) и Дејан Србиновски (асистент) се одлучија за 18 кошаркари…

И ПО РЕЧИСИ ГОДИНА ДЕНА УЛИЦАТА „РАДЕ КРАТОВЧЕ“ ЈА ЧЕКА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА

На фотографиите е улицата „Раде Кратовче“ во Кочани, несомнено една од пофреквентните улици во Централното градско подрачје. Улицата се асфалтираше пред малку повеќе од 40 години а од минатата година беше влезена во програмата за нејзина реконструкција. Работите започнаа кон крајот на месец август минатата година а еве по близу година дена улицата уште чека…

ИСЧЕЗНА ПОСТОЛ ЦВЕТКОВ ОД КОЧАНИ

Исчезнат е Постол Цветков – 71 годишна возраст, висок 172cm. Последен пат е виден излегувајќи од домот на 16.06.2022 на улица “Никола Вапцаров” во 10:30 часот. Ве замолувам за било каква информација. доколку некој го има видено. Контакт: 071-326-193

ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ „ЧЕШИНОВО 2022“ – 50 ИЗДАНИЕ

Како што не информираат од Организациониот одбор на Илинденските Спортски Игри  „Чешиново 2022“, Општина  Чешиново-Облешево,  во периодот од 09. Јули до 02 Август го организира 50 јубилејно издание на Илинденските Спортски Игри. Пријавувањето на фудбалските екипи е во тек и истото ќе трае до 25 Јуни. Наградниот фонд за освоено прво место изнесува 80.000,00 денари…

ЗАПАДНАТА СТРАНА НА СПОМЕН ДОМОТ „АСНОМ“ КАКО ОД ХОРОР ФИЛМОВИТЕ

Изминатата среда од Општина Кочани беше организирана еко-акција во која како што беше наведено се чистела околината на три локации во градот, меѓу кои едната беше спомнато дека е кај Спомен домот „АСНОМ“. Да се чистеше дел од околината но по се изгледа само на јужната страна бидејќи денешните фотографии се направени на северната и…

ДВАНАЕСЕТ ЕКИПИ НА „ПЕТРОВДЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР“

Како што дознаваме до вчера (Петок) дванаесет екипи се имаат пријавено да учествуваат на годинешниот Петровденски турнир во мал фудбал. До првиот пријавен рок имало само осум екипи но подоцна се пријавиле уште четири па сега нивната бројка е дванаесет со што е исполнет предвидениот број. Од организаторот на турнирот дознаваме дека оваа бројка е…

СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ ГИ ДОДЕЛИ ПРИЗНАНИЈАТА НА НАЈУСПЕШНИТЕ УЧЕНИЦИ ВО ГЕНЕРАЦИЈАТА 2018/2022

На симболичен и достоинствен начин денес во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани на свеченоста која беше организирана од Наставничкиот совет на училиштето беа доделени признанијата на Првенецот и учениците во генерацијата 2018/2022 година. Признанието „Првенец на генерацијата“ и беше доделено на Теодора Санева, ученичка во IV/7 паралелка, додека пофалници за континуиран одличен успех во сите…

ДВЕТЕ СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ОД КОЧАНИ ЗАДОВОЛНИ ОД БРОЈОТ НА ПРИЈАВЕНИ УЧЕНИЦИ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК – ПРВО ПРИЈАВУВАЊЕ

Во тек се уписите на нови ученици во двете средни училишта во Кочани,  во кои има доволно слободни места за деветоодделенците од општината кои годинава го завршија основното образование. За разлика од минатите години, сега новина е што пријавувањето за запишување е електронски, преку посебен систем што го подготви Министерството за образование и наука. Според…

ПРОТЕСТ – ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО АТАРОТ НА БАЊА И ТРКАЊЕ, БАРААТ ПРИСТАП ДО НИВИТЕ ПО ИЗГРАДБАТА НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ

Протест поради одземениот сообраќаен пристап до нивите по изградбата на ескпресниот пат Штип – Кочани денеска организираа сопственици на земјоделско земјиште во атарот на кочанските села Тркање и Бања. Дополнителен проблем е отежнатиот влез во селото Тркање, па возилата ќе мораат да обиколуваат неколку километри за да можат да се приклучат на експресната коловозна лента….