ПО ЕДНА ГОДИНА ПАУЗА ШАМПИОНОТ СЕ ВРАТИ ВО ЕЛИТАТА
По една година пауза некогашниот шампион и двоен освојувач на женскиот фудбалски куп на Македонија, ЖФК „Кочани“ повторно се врати во прволигашкото друштво. Настапот во второлигашкото друштво траеше само една сезона, но благодарение на одличната систематска работа на тренерот Оливер Јовановски, Кочани од наредното првенство ќе има уште еден прволигаш. „Испаѓањето од Првата женска фудбалска…
АПЕЛ: ИСЧИСТЕТЕ ЈА РЕКАТА И СПАСЕТЕ НЕ ОД ЗМИИТЕ
Речното корито обраснато со висока трева, кејот на реката од двете страни исто така со висока трева а жителите што живеат на потегот од „Железнички мост“ кон базенот живеат во страв од наездата на змиите кои влегуваат во нивните дворови па и домови. „И ние сме дел од жителите кои редовно си ги плаќаат давачките…
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА РЕСУРСИТЕ
Во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, денеска во Општина Кочани се одржа заедничка средба на која се спроведе анализа на капацитетот на самоодржливост на Општината. При анализата се користеше алатка за самооценување на капацитетите на општинската администрација за управување со планирање и прибирање на општински извори на…
ЗЕМЈОДЕЛКИ ОД СЛОВЕНИЈА ВО ПОСЕТА НА ОРИЗАРИ
Во рамките на повеќедневниот престој во Македонија, педесет и пет земјоделки, членки на Федерацијата на жени фармери од Република Словенија, денеска остварија средба со жителки од Оризари. На средбата се разговараше за предизвиците во земјоделството и можностите за размена на искуства, а Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ подготви презентација на традиционална храна. Гостите од Словенија ги…
СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОДРЖА 12 РЕДОВНА СЕДНИЦА
Советот на Општина Кочани ја одржа дванаесеттата редовна седница, на чиј дневен ред се најдоа 17 точки. Членовите на Советот донесоа одлуки за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги, јавните службеници кои вршат административни работи и на директорот и на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани, го усвоија…
ОДРЖАНО 47 ИЗДАНИЕ НА ДПФ „МАЈСКИ ЦВЕТ 2022“
Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани се одржа 47 издание на Детскиот Поетски Фестивал „Мајски цвет 2022“. На оваа литературна манифестација, право на учество имаа учениците од основните училишта во Македонија, од VI до IX одделение. Темите на творбите за Фестивалот беа слободни. Секое училиште, литературен клуб или библиотека, на конкурсот за фестивалот…
АЈДЕ НОЌНИ ПТИЦИ, ВИ ОСТАНА УШТЕ САМО ЕДНА КОРПА ЗА ОТПАДОК
По синоќешното најново изживуваме еве шанса да ги информираме големите „херои“ дека не успеале во се, остана уште една корпа за отпадоци. Имено утринава на потегот на новата патека од последниот мост до Бавчалук е забележано ново лудување во ноќните часови. Три корпи за отпадоци се извадени од нивните лежишта и се фрлени во коритото…
ПОВИК ДО СИТЕ МЛАДИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија започна со имплементација на проектот „Гаранција за млади“во рамки на кој им се овозможува на младите лица од 18 до 29-годишна возраст, кои не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука (NEET), да добијат соодветна понуда за работа, да го продолжат своето образование или да бидат…
УЧЕНИЧКИТЕ ОД ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД КОЧАНИ – ДРЖАВНИ ПРВАЦИ ВО ЖЕНСКИ ФУДБАЛ
На 26 мај, на стадионот „Македонски бранители“ во скопската општина Илинден, се одржа Државно првенство во женски фудбал за основни училишта, на кое ученичките од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ од Кочани го освоија првото место. Предводена од наставниците Ванчо Јованов и Јордан Анастасов, екипата на ОУ „Свети Кирил и Методиј“ финалните натпревари ги одигра…
ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈАТА НА „ДАФ 2022“ ГРАН ПРИ НАГРАДАТА „ВАСИЛ ЌОРТОШЕВ“ ЗА ПРЕТСТАВАТА „НИШТО НЕ Е СТРАШНО“
Најдобра женска епизодна улога се доделува на Ангела Атанасовска од претставата „Тирамису“ на Интимен театар, Битола. Ангела покажа стабилна сценска изведба и точна емоција во градењето на ликот. Најдобра епизодна женска улога се доделува и на Неда Глигиќ од претставата „Раѓање“ на АП „Бранислав Нушиќ“, Шид. Неда ги придоби симпатиите на публиката и жирито со…
