Црна хроника
МАЈКА ПРИЈАВИЛА ДЕКА МАЛОЛЕТНИОТ СИН И ГО НАПДНАЛЕ ТРИ ЛИЦА
На 23.11.2022 во Полициска станица Кочани, А.С.(42) од Кочани пријавила дека околу 12.30 часот во трговски центар во Кочани нејзиниот малолетн син бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ИЗВОР: Дневни билтени на МВР
НА МЕГДАНОТ ФАТЕНО ЛИЦЕ ПРИ БЕСПРАВНА СЕЧА НА ОГРЕВНО ДРВО
На 22.11.2022 во 18.00 часот на место викано „Мегдан“, атар на Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го затекнале С.П.(30) од Кочани при бесправна сеча на огревно дрво. Дрвната маса и една рачна пила биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. ИЗВОР: Дневни…
И ПО ТРЕТИОТ ДЕН – БЕЗ ПРОМЕНИ
Помина и третиот ден, а сликата иста, непроменета. Сметот стои на платото ама немакој да го собере, Ова е тридневната слика на платото кај Блок А во Градскиот трговски центар, непосредно пред „печурката“ на Атом. Од неделата па наваму постои надеж дека одговорните за хигиената во градот ќе дојдат и ќе го соберат она што…
ГРАДСКАТА „КУЛТУРА“ ПУШТЕНА НА НАЈ ЈАКО
Градската „култура“ пуштена на нај јако. Така отприлика би требало да гласи она што се гледа на фотографиите. Кој дека и што му текне фрла без при тоа да размисли дека самиот на себе а и на останатите граѓани им штети. Фотографиите што ги добивме го отсликуваат теренот во градот кај „старата индустриска зона“. Што…
ЌЕ МУ ПОМОГНЕ ЛИ НЕКОЈ ОД НАДЛЕЖНИТЕ НА ОВА ЛИЦА?
„Пред малку поминав во трговскиот центар. Спроти Телекабел има лице замотано во ќебе како лежи на бетонот. Дете ли е што ли е, живо ли е или не не знам само поминав и го фотографирав со цел надлежните служби да излезат на терен и да си ја работат работата за која се платени. Интересно ми…
ОПРАВДАНА РЕАКЦИЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ
И додека денес во Советот се „кршеа копјата“ околу усвојувањето на некои точки, од граѓани на Општина Кочани стигна реакција и тоа оправдана. Имено, денес додека се собирал сметот од контејнерите мрежести на улицата „Маршал Тито“ сето она што паднало на асфалтот не се вратило во камионот, туку се ставило на тротоарот. Фотографиите што само…
СУДСКИ ДОСТАВУВАЧ НАПАДНАТ ОД ЖЕНА КОЈА СО ОСТАР ПРЕДМЕТ МУ ГО ОШТЕТИЛА И ВОЗИЛОТО
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Б.Ј.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 10.10.2022 во Кочани, пријавената со употреба на сила спречила судски доставувач при достава на службени материјали, по што физички го нападнала и со остар предмет му го оштетила возилото….
ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕИНИК ПУКАЛ ВО ВОЗДУХ ЗА ДА СПРЕЧИ МАСОВНА ТЕПАЧКА
На 05.11.2022 во 01.15 часот полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода Џ.Ц.(29), Џ.Б.(33), И.К.(27), М.М.(30), Д.Д.(21), Г.Т.(25) и Б.С.(22), бидејќи пред угостителски објект во трговски центар во Кочани, по претходна расправија, започнале меѓусебна физичка пресметка во која учествувале Џ.Б., М.М., К.А., И.К. и Џ.Ц. од една страна, а Л.Т., Г.Т., Д.Д. и…
СМЕТОТ ОКОЛУ КОНТЕЈНЕРИТЕ, А КОНТЕЈНЕРИТЕ ПРАЗНИ
Фотографиите што пред малку ги добивме се направени денес утринава во непосредна близина на зградите во населбата „Недопирливи“ во моментот кога екипи од КЈП „Водовод“ стигнале за да го соберат сметот. Како што не информираат сметот бил расфрлан насекаде околу контејнерите кои за сметка на тоа останале празни. Кому му е сето ова потребно и…
КОЧАНЧАНЕЦ СО ВОЗИЛО ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ
На 02.11.2022 во 04.40 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат с.Зрновци-Пониква, кај место викано „Дупли кривини“, патничко моторно возило „опел тигра“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.С.(33) од Кочани, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот П.Ј.(25)…
