Црна хроника

ИМА ЛИ ОПАСНОСТ ОД НЕЗАШТИТЕНИТЕ ПРЕСЕЧЕНИ КАБЛИ?
Интересни фотографии се направени денес на левиот кеј на „Кочанска река“ од мостот кај „Шопинг центарот“ па се до мостот кај „Паркот на Револуцијата“. Старите канделабри кои беа поставени на овој потег се извадени, каблите кои пренесуваа електрична енергија се пресечени но не се изолирани. Граѓаните со право прашуваат, дали има проток на електрична енергија…

ДО КОГА НА ИДИОТИТЕ ЌЕ ИМ БИДЕ ДОЗВОЛЕНО ДА СЕ ЗАБАВУВААТ?
Фотографиите се од дворот на ООУ „Никола Карев“ во Кочани направени денес. Еве од самите фотографии јасно се гледа што може да направи домашното воспитување, алкохолот или дрогата со човекот (доколку пред тоа го имал тој епитет) бидејќи некој со здрав ум не прави вакви глупости. Кој и да повикаме од надлежните во јавноста веќе…

ДВАЈЦА КОЧАНЧАНИ ПРИЈАВИЛЕ НАПАД ВО ШУТО ОРИЗАРИ
На 15.05.2022 во Полициската станица Шуто Оризари, И.Ш.(22) од Кочани пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари заедно со неговиот брат биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ 43-ГОДИШНА ЖЕНА ОД КОЧАНИ ЗА ЛИХВАРСТВО
Одделението за внатрешни работи Кочани до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „лихварство“ предвидено во член 260 став 1 од Кривичниот законик. Пријавената, во месец октомври 2018 година на женско лице од Кочани ѝ дала на заем 50 евра, а за…

ДАЛИ НОЌТА МИСТЕРИОЗНО ИЗЧЕЗНАЛЕ ЧЕТИРИ ПАЛЕТИ БЕКАТОН ПЛОЧИ?
Како што ни јавуваат жители од улицата „Раде Кратовче“ од Кочани, ноќта во вторникот спрема средата на улицата во непосредна близина на училиштето „Раде Кратовче“ мистериозно исчезнале ни помалку ни повеќе туку четири палети бекатон плочи. Ако се знае дека во една палета има 200 плочи тогаш малку е чудно како можеле да бидат извадени…

ТОЧЕЛЕ АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА И ЗАРАБОТИЛЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА
Одделението за внатрешни работи Кочани, до Основно јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Кочани, Б.Д.(49) од Кочани – одговорно лице во правното лице и А.М.(24) од Кочани – вработен во правното лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „точење алкохолни пијалоци на малолетници“ по член…

ТРИ ЛИЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА, НА МАЛОЛЕТНО ЛИЦЕ МУ ОВОЗНОЖИЛЕ УПОТРЕБА НА МАРИХУАНА
На 10.05.2022, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода Љ.Л.(38), С.С.(20) и С.Т.(22), тројцата од с.Зрновци, општина Зрновци, бидејќи околу 18.00 часот во патничко возило во близина на с.Видовиште, општина Зрновци и овозможиле на 17-годишна малолетничка употреба на марихуана. Полициски службеници ја пронашле и одзеле марихуаната, а по комплетирање на случајот против…

ПРОНАЈДЕНА ДРОГА ВО КОЧАНИ, ПРИВЕДЕНО ЕДНО ЛИЦЕ
На 09.05.2022 во 19.15 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода С.С.(48) од Кочани. При преглед во возилото „опел астра“, со бугарски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и за случајот бил известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање…

НА РЕД ДОЈДОА ЦВЕЌИЊАТА ОД ЖАРДИНЈЕРИТЕ
Ноќта во неделата кон понеделникот некој добро се забавувал со не одамна засадените цвеќиња во бетонските жардинјери во централното градско подрачје. Имено жардинјерите кај малиот парк спроти „Шопинг центарот“ и од мостот кај „Шопинг центарот“ до мостот кај Плоштадот се уништени. Некој, или некоја група несметано си работела во текот на ноќта па откорнувала цвеќиња…

УКРАДЕНА ОГРАДАТА ОД „ГОЦЕВА ШУМА“
Продолжува крчмењето на заедничките добра затоа што никој досега не откриен и не е изведен пред лицето на правдата. Една непријатна глетка деновиве забележавме на релацијата Кочани-Гратче. Имено некој „паметен“ си ја извадил оградата што ја штитеше „Гоцева шума“ и си ја однел по се изгледа за негови потреби. И сега при вакви појави веднаш…