Култура

БЛАГОЈ ЗАШОВ И ПОДАРИ УМЕТНИЧКА СЛИКА НА ОПШТИНА КОЧАНИ А КОМПЛЕТ КНИГИ НА БИБЛИОТЕКАТА
Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани, денес точно на пладне нашиот сограѓанин Благој Зашов кој долги години живее во Скопје на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов му врачи уметничка слика, дело на светски познатиот сликар Мајкл Клоз која треба да биде поставена на видливо место за да можат да ја гледаат што…

ЧЕТВРТАТА СЛИКА ПОДАРОК ОД БЛАГОЈ ЗАШОВ ЌЕ ГО КРАСИ „МУЛТИКУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР“ ВО КОЧАНИ
Како дел од програмата на годинешната манифестација „Денови на кочанскиот ориз 2022“ за утре (Среда) е најавена промоција на книгата „Солзите на сестра ми“ од авторот Лилјана Зашова. Промоцијата ќе се одржи во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани со почеток во 12:00 часот. Токму престојот во Кочани семејството Зашови ќе го искористи на…

ВО ПЕТОК ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБА „ЛЕСНОВСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА 2022“
Во петок (07.10.2022 година) во НУ ЦК „Бели мугри“ во Кочани, во салон „Фоаје 1“ со почеток во 12:30 часот ќе биде отворена изложбата „Лесновска ликовна колонија 2022“. Комплетната организација на изложбата е на Домот на културата од Пробиштип а истата е дел од проектот „Преземање изложби 2022“ и е дел од годинешната програма на…

ВО БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“, НЕДЕЛА НА ДЕТЕТО 2022 И ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ПОД ФЕНЕРОТ НА ДИОГЕН“
Утре (Вторник) во Библиотека „Искра“ во Кочани ќе бидат одбележани два културни настани. 09:30 часот – „Недела на детето 2022“, едукативна работилница „Јас и моите детски права“ – организатори ЈОУ Библиотека „Искра“ во соработка со ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ – Кочани 17:00 часот – Промоција на книгата „Под фенерот на Диоген“ од Јане Атанасов….

ВО СРЕДА, ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „СОЛЗИТЕ НА СЕСТРА МИ“ ОД ЛИЛЈАНА ЗАШОВА
Нова книга во македонскиот книжевен простор Една вистинска приказна преточена во роман Посвојувањето деца е тема која скоро секогаш е пропратена со дилеми, желби, страдања, надежи, очекувања. Тоа прашање секогаш било и останува болно како за биолошките родители така и за родителите кои посвојуваат дете. Оваа тема може да се рече дека сè уште е…

ВО ПЕТОК, САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА НАДА ЅМБОВА ДОНЕВА „ВЕРА, НАДЕЖ, ЉУБОВ“
На 30 септември (петок) ќе се одржи втората самостојна изложба на ликовниот уметник Нада Ѕмбова Донева – „Вера, Надеж, Љубов“. Изложбата ќе се одржи во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани со почеток во 19:30 часот, фоаје 2. Изложбата е дел од годишната на програма на НУЦК „Бели мугри“ финансирана од Министретсвото за култура. Делата се…

ВО ПОНЕДЕЛНИК ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА „ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ„
Под мотото „Нов научен јазик – нова визија за животот“ во Понеделник во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани ќе биде одбележан 26-ти Септември „Европскиот ден на јазиците“. Гости на настанот ќе бидат Јалчн Неџипов – дипломиран правник, национален лидер на движењето „Аваја“ и Серџе Мемедова – студент на правен факултет, член на движењето…

ВО НУ ЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ ИЗЛОЖБА ОД ХУМАНИТАРЕН КАРАКТЕР
Почитувани, Националната установа- Центар за култура” Бели мугри” – Кочани, Ве известува дека утре – 21.09.2022 година во 19.00 часот, на западната тераса при НУЦК “Бели мугри” – Кочани ќе се одржи изложба од хуманитарен карактер посветена на БЛАГОЈА АПОСТОЛОВСКИ БАКИ! Центарот за култура”Бели мугри” – Кочани, како поддржувачи на овој настан, Ве поканува да…

ИЗРАБОТКА НА МУРАЛИ ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА ПО ПОВОД ПРОЕКТОТ , ,ЦРТАЈ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК“
Заврши реализацијата на проектот ,,ХА-ХА-ХА! АЗБУКА НА КОМЕДИЈАТА“ – реализиран од тајфата на академскиот уметник Орхан Ќамил од Кочани, а финансиран од Министерството за култура. Сликањето на муралите се одвиваше четири дена и се адаптира на амбиентот и на програмата на Театар Комедија и Бистро Комедија. Учесниците во проектот – Викторија Митева, Данче Ефтимова, Давид…

НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – ВО ПЕТОК, ИЗЛОЖБА „ОВАЛЕН ИМАЖ“
Во Петок во Салон – Фоаје 2 во Националната установа – Центар за култура “Бели мугри” – Кочани со почеток во 18:00 часот ќе биде постабена самостојна изложба на Хајруш Фазлиу насловена „ОВАЛЕН ИМАЖ”. Проектот е дел од годишната програма на установата и е под целосно покровителство на Министерството за култура н РСМ НУ ЦК…