Спорт

ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ, ВТОРИОТ ДЕН ДОНЕСЕ НЕИЗВЕСНИ НАТПРЕВАРИ
Вториот ден донесе два мошне интересни и преди се неизвесни натпревари во склоп на годинешниот 21. Петровденски турнир во мал фудбал. Во првиот натпревар се сретнаа екипите на „Џинџер бар“ и „Рели“, а по доста возбудувања натпреварот заврши без победник 2:2 (1:1). Во вториот натпревар гледачите видоа исто така добар фудбал со многу шанси и…

ВЕЧЕРВА СТАРТУВАШЕ 21. ИЗДАНИЕ НА ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ
Во дворот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ на повеќенаменското спортско игралиште денес започнаа натпреварите од 21. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал. Екипите ги поздрави Александар Андов – Претседател на ОФС Кочани, а турнирот за отворен го прогласи Градоначалникот на Општина кочани, Љупчо Папазов. Во првиот натпревар еден од фаворитите за највисок пласман…

ТРИНАЕСЕТ ЕКИПИ ГО ПРИЈАВИЈА УЧЕСТВОТО ЗА ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ
Тринаесет екипи го пријавија учеството на годинешниот XXI Петровденски турнир во мал фудбал, а денес во салата за венчавање беа одредени групите. Група „А“ Амфенол технолоџи Македонија Шери казино Магни Фициент Група „Б“ Осоговска куќа Мастер Мустафа Ауто Велт Група „Ц“ Голден бојс Џинџер бар Рели Група „Д“ Аледар Премиум хотел Еуро петрол Филитеа Ефремови…

ИЗВЛЕЧЕНИ ЕКИПИТЕ ПО ГРУПИ КОИ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ НА ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ
В среда, на 28 јуни, во 19 ч., на спортските терени на СОУ „Љупчо Сантов“ ќе се одигра првиот натпревар од овогодишниот Петровденски турнир во мал фудбал. Претставници на ОФС – Кочани, како директни реализатори на турнирот што го организира Општина Кочани, со ждребување ги утврдија четирите групи од пријавените дванаесет екипи. Според Александар Андов,…

ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ УЧЕСТВО ВО ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ 2023
Општина Кочани како организатор на Петровденскиот турнир во мал фудбал, го продолжува рокот за пријавување на фудбалските екипи до понеделник, 26 јуни 2023 година, кога ќе се одржи и ждребувањето за утврдување на распоредот на екипите учеснички на турнирот. Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2 000 денари на сметката на ОФС Кочани…

ДАНИЕЛ ИЛИЕВ УСПЕШЕН НА МАРАТОНОТ ВО ТРОМСО (НОРВЕШКА)
Нашиот сограѓанин Даниел Илиев успешно се претстави на Меѓународниот маратон наречен „Полноноќно сонце“ кој се трчаше во градот Тромсо (Норвешка) изминатата сабота. На патеката долга 42 километри во конкуренција на 6.000 маратонци од целиот свет со време повеќе од 6 часа Илиев успеа да стигне на целта и да го оправда она што го вети…

ПРВ НАСТАП НА ЈОЦО АНДОНОВ ЗА НОВИОТ КЛУБ И ПРВ МЕДАЛ
Во недостаток на велосипедски клуб во Кочани, нашиот сограѓанин Јоцо Андонов од неодамна му пристапи на Велосипедскиот клуб „Вело М“ од Куманово. И веднаш по првата трка Андонов се искачи на пиедесталот. Имено во организација на Велосипедската Федерација на Македонија кај археолошкиот локалитет „Стоби“ се одржа Државното првенство во хронометар. Јоцо Андонов настапи во Мастер…

ВО ГОДИНА НА ЕДЕН ВЕК ПОСТОЕЊЕ, „ОСОГОВО“ МОРА ДА ИГРА ВО ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА!!!
По само една година по испаѓањето од второлигашкото друштво еден од спортските симболи на Кочани, „Осогово“ експресно се врати во второто по ранг фудбалско натпреварување во Македонија. Рака на срце „Осоово“ не го помина баражот но среќата му се насмевна во извлекувањето на тоа кои две од трите екипи ќе бидат второлигаши и во време…

ДВЕ КОШАРКАРКИ И ЕДЕН КОШАРКАР ЧЛЕНОВИ НА „БАСКЕТ ДИНО“ ОД КОЧАНИ ДЕЛ ОД КОШАРКАРСКИОТ КАМП ВО МАВРОВО
Дарија Захариева, Јоана Фудулска и Лука Јангелов членови на кошаркарскиот клуб „Баскет Дино“ од Кочани ќе бидат дел од кошаркарскиот камп во Маврово. Имено Дарија Захариева и Јоана Фудулска генерација 2011 година и Лука Јангелов генерација 2010 се избрани од страна на селекторите за соодветните генерации кошаркарки, односно кошаркари по одработувањето на селективните тренинзи кои…

ОДРЖАН ПРВИОТ ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ВО СПОРТСКА ГИМНАСТИКА „А“ И „Б“ ЛИГА
Во саботата и неделата, Битола беше домаќин на Првиот Државен натпревар во спортска гимнастика во „А“ и „Б“ лигата за момчиња и девојчиња. Екипата на КГС „Кочани“ имаше претставници и во двете категории. Во саботата девојчињата од КГС „Кочани“ се натпреваруваа само во во „Б“ лигата и освоија: Ведрана Лазарова – III место, пионерки до…