Спорт

ВТОР ПОРАЗ НА „ОСОГОВО“ НА ПОДГОТОВКИТЕ
„Осогово“ го одигра вториот контролен натпревар пред стартот на натпреварите во Втора Фудбалска Лига. Кочанчани на теренот во Пехчево се поразени од екипата на „Трајал“ од Крушевац (Србија) 0:2 (0:2). Според информациите до кои што дојдовме екипата од Крушевац била далеку подобар противник а „Осогово“ е далеку од посакуваната форма. До почетокот на првенството има…

НА ПРВИОТ КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР „ОСОГОВО“ МИНИМАЛНО ЗАГУБИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Во рамките на подготовките за натпреварите во Втора Фудбалска Лига, денес „Осогово“ го одигра првиот контролен натпревар. Кочанчани на гостувањето во Македонска Каменица загубија од домаќинот „Каменица Саса“ со 2:3 (0:1). Ова беше убава можност новоименуваниот Шеф на стручниот штаб на „жолто-сините“ Добринко Илиевски и неговиот помошник Горан Гоцевски да ги испробаат сите играчи кои…

ГЕРИЛА АКЦИЈА ВО ПРЕСРЕТ НА РИДСКО-БРЗИНСКАТА ТРКА
Зачестија ридско-брзинските трки на патниот правец Кочани-Пониква. Ако минатите години се знаеше кога еднаш годишно се одржуваше трката на овој патен правец, последните години зачестија, како во целата земја да нема други патеки па мора повторно и повторно да се одржуваат овде. По се изгледа на некој му дошло преку глава па денес на местото…

ПОКАНА ОД ПСК „ОСОГОВО“ ЗА УЧЕСТВО НА 16. ПЕТРОВДЕНСКИ ПЛАНИНАРСКИ МАРШ
Почитувани Ве повикуваме да ни се придружите на нашиот 16 ти традиционален Петровденски планинарски марш Манастирски комплекс Еленец село Цера врв Китка на 16 Јули 2023 година ПСК “Осогово” Кочани веќе традиционално секоја година по повод празникот на градот Кочани, Петровден организира планинарски марш со учество на планинарски клубови од земјата и странство, планинари, рекреативци…

ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ – 21. ИЗДАНИЕ ЗА ЕКИПАТА НА „АУТО ВЕЛТ“
Вечерва на повеќенаменското игралиште во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со одигрувањето на малото и големо финали и официјално се спушти завесата на годинешното 21. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал. Победни и освојувач на наградниот фонд од 60.000 денари и порипана на екипата на „Ауто велт“ која во доста интересен но на моменти…

МАРАТОНЕЦОТ БОШКО ИЛИЕВ ТРЕТПАТ ГО ПРЕПЛИВА ЕЗЕРОТО ГРАТЧЕ
По повод Петровден, кавадарчанецот Бошко Илиев, доктор специјалист по спортска медицина, пливаше во вештачката акумулација Гратче. Годинава на маратонецот Илиев му се придружија и професори по физичко од Кочани, а техничка поддршка му дадоа службите од Дирекција за заштита и спасување и од СЗР „Кочански рибар“. – Намерата ми е да го промовирам пливањето како…

РЕАКЦИЈА ОД УПРАВАТА НА ГФК “ОСОГОВО“ НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ЕФТИМ АКСЕНТИЕВ
Почитувани, По повод прес конфернцијата на досегашниот тренер на ГФК Осогово Ефтим Аксентиев како клуб сакаме да ја изнесеме и нашата страна и вистина за да јавноста има јасна слика за тоа кој ја зборува вистината бидејќи како клуб секогаш сме биле транспарентни за се што се случува во нашиот градски меленик ГФК Осогово. Па…

ШЕФОТ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА „ОСОГОВО“ ЕФТИМ АКСЕНТИЕВ СИ ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА
Само пет дена по почетокот на подготовките за Втората Фудбалска Лига, Шефот на стручниот штаб на „Осогово“ Ефтим Аксентиев си поднесе неотповиклива оставка. На прес конференцијата што ја одржа денес Аксентиев како причина за поднесената оставка акцентот го става лошите услови за работа на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани. „Денес одлучив и еве јавно изјавувам…

ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ – ФИНАЛЕ: „АУТО ВЕЛТ“ – „ФИЧОБАРБЕР ШЕРИ КАЗИНО“
Вечерва се одиграа полуфиналните натпревари од 21. издание на петровденскиот турнир во мал фудбал по што стана јасно кои екипи ќе играат во големото а кои во малото финале. „Ауто велт“ вечерва ја совлада екипата на „Амфенол“ со 2:1 (2:0), додека во вториот натпревар екипата на „Фичобарбер Шери казино“ со подобра и ефикасна игра особено…

СО ПОБЕДА И ПОРАЗ ДАРИЈАН ПАВЛЕВ ГО ЗАВРШИ ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО У-15
Со победа и пораз Даријан Павлев го заврши Европското првенство У-15 за момчиња и девојчиња кое од 06-09 Јули се одржа во Капошвар (Унгарија). Павлев настапи во категоријата до 57 килограми во која имаше 24 натпреварувачи. Во првата борба Даријан Павлев беше поуспешен од претставникот на Литванија Јанис Руикис и го совлада со 10:3, додека…