Спорт

ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ПОПРАВЕН ИСПИТ ЗА „ОСОГОВО“
Во Недела со почеток во 14:00 часот се играат натпреварите од Трета Фудбалска Лига – Исток. „Осогово“ по катастрофалното издание во Градско Балдовци каде загуби од домаќинот „Спартмани“ ја пречекува комшиската екипа на „Академија Чешиново-Облешево“. Факт е дека играчите на „Осогово“ ништо не одиграа во четвртото коло кога загубија со 0:1, факт е дека причина…

СТАРТУВААТ ПИНГПОНГАРСКИТЕ ПРВЕНСТВА, „КОЧАНИ“ ВО СУПЕРЛИГАТА
Во Недела со почеток во 10:00 во салата „Борис Трајковски“ во Скопје започнуваа годинешните натпревари во Супер и Прва Пингопонгарска лига за мажи. Пингпонгарите на Кочани по низа години конечно се најдоа во најелитното друштво во Македонија. Во Недела ќе го имаат својот прв натпревар како супер лигаши. Двојки од 01. коло: „Телеком Нец“ –…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ГИ ПОСЕТИ И ИМ ПОСАКА УСПЕШНА СЕЗОНА НА КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО“
Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов вечерва ги посети кошаркарите на „Баскет Дино“ кои ги одработуваа тренинзите пред почетокот на новата кошаркарска сезона. Од клубот истакнаа дека изминатите денови имале поднесено барање до општината за користење на школскиот автобус на некои релации, за доделени термини во салата на екипи вон нашата општина а ги информирале…

ЌЕ ИМА ЛИ ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ НАТПРЕВАРОТ ОД ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК „СПАРТМАНИ“-„ОСОГОВО“?
Како што дознаваме фудбалскиот натпревар „Спартмани“ – „Осогово“ одигран во рамките на 4-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток ќе има и трето полувреме. Натпреварот заврши со победа на домаќините од 1:0, но кочанчани најавија жалба до организаторот на Трета Фудбалска Лига – Исток, ОФС Кочани за настап кај домаќините на нерегистриран играч. Во…

„СПАРТМАНИ“ ГО НОКАУТИРА „ОСОГОВО“
Екипата на „Осогово“ на која многумина предвреме и ја доделија шампионската титула го претрпе првиот пораз во годинешното првенство. Кочанчани сосема заслужено загубија на „жешкиот терен“ во Градско Балдовце од „Спартмани“ со што ги разочараа своите симпатизери а поради незалагањето и сите од управата на клубот. Домаќините победоносниот погодок го постигнаа во 40’ а стрелец…

ВО НЕДЕЛА, ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК – 04 КОЛО
Во недела со почеток во 15:00 часот се играат натпреварите од 4. коло во Трета Фудбалска Лига – исток. Екипата на „Осогово“ иако пред почетокот на првенството важеше за главен фаворит за освојување на првото место, сепак настапот на гостински терен во второто коло покажа дека и другите екипи се организирани и дека патот за…

ЗДРУЖЕНИЕТО „НИКОЛА МАНТОВ“ ДОНИРАШЕ 73 КОМПЛЕТИ ТРЕНЕРКИ ЗА СИТЕ МЛАДИНСКИ КАТЕГОРИИ НА ГФК “ОСОГОВО“
Здружението „Ника Мантов“ од Кочани продолжува со својата мисија, помагање на ГФК „Осогово“. Овој пат Здружението донираше 73 комплети тренерки за сите младински категории на ГФК „Осогово“ (пионери, кадети, младинци). „Јавна и голема благодарност до членовите на здружението НИКОЛА МАНТОВ за донацијата во тренерки за сите младинци, кадети и пионери на ГФК „Осогово“! Нивната континуирана…

„ДЕСПИНА“ ОД ПРИЛЕП ПРЕСИЛНА ЗА КОЧАНЧАНКИ
Денешното 4. вонредно коло од Првата Фудбалска Лига за жени не донесе никакво изненадување, Фаворитите со нови три бода ја продолжуваат битката за највисок пласман. На петте натпревари постигнати се вкупно 41 погодок или во просек 8,2 по натпревар што јасно го покажува јазот помеѓу квалитетот на екипите. Кочанчанки по освоениот бод во Речица во…

СЕДУМ ПОГОДОЦИ НА ТОШЕ МАНОВ ПРОТИВ „ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО“
Минатогодишниот најдобар стрелец во Втора Фудбалска Лига – Исток од редовите на „Осогово“ Тоше Манов не престанува да ги треси противничките мрежи. На денешниот натпревар „Осогово“ – „Дојранско Езеро“ одигран во рамките на 03. коло во Трета Фудбалска Лига – исток Манов постигна седум погодоци а ако на дваесет минути до крајот на средбата не…

ТРОЈЦА КАРАТИСТИ ОБЕЗБЕДИЈА БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО А ЕДЕН СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
Во текот на вчерашниот ден (Сабота) во организација на Карате Федерацијата на Македонија во Охрид се одржа „Куп на Македонија 2022“. Двата Кочански клуба настапија со тројца натпреварувачи кои се закитија со еден златен и два бронзени медали. Претставникот на КК „Партизан“ – Кочани Филип Стојанов настапи во категоријата Кумите Кадети до 63 килограми и…