Ознака: фк осогово
ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ИСТОК, ПОБЕДАТА НА ОСОГОВО, НЕДОЛИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ НА ГОСТИНСКИОТ ГОЛМАН
Тешка, но сепак заслужена победа забележа „Осогово“ во дуелот со крајно недисциплинираната гостинска екипа предводена од голманот Јосиф Милчев. Мораше да поминат 39 минути за радост на трибините на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани. Тогаш расниот стрелец Тоше Манов со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот го погоди горниот десен агол на Јосиф Милчев. До…
„ЖЕТВАРИТЕ“ ОЖНЕАЈА ТРИ БОДА ВО ДОЈРАН
Се одиграа натпреварите од 14-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Водечките екипи „Осогово“ и „Овче Поле“ забележаа вредни победи на гостински терен, „Спартмани“ со минимален резултат славеше како домаќин а во Берово немаше победник. Најмногу голови гледачите видоа на натпреварот во Чешиново каде во победата на домаќините беа постигнати вкупно десет погодока. Во…
ФИЛИП ЈОВАНОВ СО ДВА ПОГОДОКА ГО УНИШТИ СОНОТ НА „МАЛЕШ“ НЕПОРАЗЕНИ ДА ЗАМИНАТ ОД КОЧАНИ
Се играше 84’ од натпреварот кога Христијан Крстов одлично се проби по левата страна, уште поубаво нафрли а на топката натрча младиот Филип Јованов кој со манир на искусен стрелец биеше со глава во небранетиот дел од мрежата на немоќниот Сулимановски. Ова како да беше знак гостите кои речиси повеќе од натпреварот го поминаа на…
СО ТРИТЕ ПОГОДОКА НА КРСТОВ „ОСОГОВО“ ГО СОВЛАДА „КУМАНОВО“
Во последниот подготвителен натпревар пред стартот на пролетниот дел од првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, „Осогово“ го совлада „Куманово“ со 3:0 (3:0). Кочанчани уште во првиот дел тргнаа поофанзивно и со трите погодока на Кристијан Крстов се замина на одмор. Во второто полувреме тренерите Аксентиев и…
ПОСЛЕДЕН КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР ЗА „ОСОГОВО“
На една седмица пред почетокот на првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток, „Осогово“ ќе го одигра последниот контролен тпревар. Кочанските „жолто-сини“ домаќини ќе му бидат на тимот од Куманово. Убава можност за стручниот штаб на „Осогово“ да види што се е сработено на овие „зимски“ подготовки. Натпреварот се игра во недела со почеток во…
ВО НАТПРЕВАР НА КОМБИНИРАНИОТ ТИМ НА „ОСОГОВО“ И МЛАДИНЦИТЕ НА „БРЕГАЛНИЦА“ ШТИПЈАНИ ЗА КЛАСА ПОДОБРИ
По сончево и мошне пријатно време И многу лош терен за игра денес во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ се одигра натпревар помеѓу комбинираниот тим на „Осогово“ и младинците на „Брегалница“ од Штип. Гостите заслужено славеа со 5:1 (2:0) и покажаа дека во моментот се класа подобри од екипата на „Осогово“ која беше составена од…
„РУДАРИТЕ“ ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ГО СОВЛАДАА “ОСОГОВО“
И на вториот контролен натпревар каско домаќини, вкупно трети, „Осогово“ го претрпе вториот пораз. Кочанчани овој пат загубија како домаќини од второлигашот „Каменица Саса“ 1:3 (0:1). Иако гостите од дваесеттата минута играа со играч помалку поради оправдано доделениот црвен картон на Ризов сепак покажаа дека во моментот и те како се поспремни од „жетварите“. Физички…
ВТОРОЛИГАШОТ ПОУСПЕШЕН ОД „ОСОГОВО“
Играчите на „Осогово“ го одиграа и вториот контролен натпревар во пресрет на пролетниот дел од првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток. Во Радовиш домаќинот и воедно второлигаш „Детонит“ ги совлада „жетварите со 3:0 (1:0). Во првиот дел додека играчите на „Осогово“ имаа свежина успеваа да бидат рамноправен партнер, но во второто полувреме кога Кочанчани…
НА ПРВИОТ КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР ВО КОЧАНИ, БЕЗ ПОБЕДНИК
По само пет одработени тренинзи денес играчите на „Осогово“ го одиграа и првиот контролен натпревар како дел од подготовките пред стартот на пролетниот дел од првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток. По мошне лош терен за игра „Осогово“ и комбинираниот состав на „Работнички“ од Скопје одиграа 2:2 (1:1). Гостите беа тие кои го отворија…
ПРВ ПОДГОТВИТЕЛЕН НАТПРЕВАР ЗА ГФК „ОСОГОВО“
По една седмица тренинзи играчите на ГФК „Осогово“ – Кочани утре (Сабота) ќе го одиграат и првиот контролен натпревар од неколкуте кои ги закажаа во пресрет на пролетниот дел од сезоната во Трета Фудбалска Лига – Исток. На стадионот „Никола Мантов“ со почето во 13:00 часот ќе се сретнат „Осогово“ и комбинираниот тим на „Работнички“…
