Ознака: пожар

СО НАВРЕМЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ИЗГАСНАТ И СПРЕЧЕНО ШИРЕЊЕТО НА ПОЖАРОТ КАЈ ВРАНИНЦИ
Со интервенција на три возила и девет пожарникари потпомогнати со шест доброволци од Доброволното Противпожарно Друштво – Кочани пожарот кој денес попладне избувна кај Вранинци е успешно ликвидиран. Во пожарот кој бил пријавен во 12:30 часот причинета е материјална штета, изгорени се два хектари нискостеблеста шума и оштетени се три објекти кои не биле населени….

ВО КРУГ НА ФАБРИКА ПОЖАР НА ТОВАРНО МОТОРНО ВОЗИЛО
На 29.06.2022 во 12.12 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 11.00 часот настанал пожар на товарно моторно возило „ивеко“, паркирано во круг на фабрика во Кочани. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани и инспектор од Дирекцијата за заштита…

ВО ПОЖАР ИЗГОРЕЛЕ ПЛЕВНА И ПОВЕЌЕ ПЧЕЛНИ СЕМЕЈСТВА
На 28.06.2022 околу 21.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во с.Бурилчево, кочанско, на место викано „Горна маала“, настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил поголема површина, при што изгореле плевна и поголем број на пчелни семејства сопственост на Т.Ј и Д.Ј. од с.Бурилчево. Од екипи на Територијалните противпожарни единици…

ОД УТРЕ (24.ЈУНИ) ДЕЛУМНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИ И ШУМСКО ЗЕМЈИШТЕ, КАЗНИТЕ ОД 1.500 – 2.000 ЕВРА
Јавното Претпријатие „Национални шуми” – Скопје поднесе барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно член 57 став 2 од Законот за шумите кое пак даде согласност за воведување делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 06:00 до 20:00 часот. Забраната стапува во сила од утре и се воведува со…

ВНИМАВАЈТЕ! МАЛО НЕВНИМАНИЕ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ПОЖАР СО ТЕШКИ ПОСЛЕДИЦИ
По настапувањето на последните, значително повисоки температури и најавите дека во наредните денови тие уште повеќе ќе се зголемат, во голема мерка се зголемија и потенцијалните опасности за избувнување пожари, особено поради фактот дека има забележителна раздвиженост на нивите, но и во шумите. Затоа, Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да бидат внимателни…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЛИЦЕ ОД КОЧАНИ ПОРАДИ ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ОПШТА ОПАСНОСТ
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против О.А.(42) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. На 26.09.2021 на Градски пазар во Виница, пријавениот предизвикал пожар во патничко возило „Опел Астра“, сопственост Ф.А. од Кочани. ИЗВОР: Дневни билтени од МВР

ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ОРИЗАРИ
На 06.04.2022 во 00.09 часот во СВР Штип , било прјавено дека во населбата Оризари, кочанско, настанал пожар во помошна просторија и кокошарник во дворно место на куќа сопственост на С.М.(65). Пожарот бил изгаснат од територијалната противпожарна единица Кочани. Во пожарот повредени лица нема, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани. ИЗВОР:…

ДВА ПОГОЛЕМИ ПОЖАРИ ВО КОЧАНСКО
Два поголеми пожари се случија денес во кочанско при што е направена поголема штета. Најпрви утринава во 09:30 во ТППЕ била стигната дојава за пожар во близина на Безиково. Горела дабова шума, прнар и трева а пожарот зафатил површина од околу 10 хектари. Попладнево избувна пожар во близина на депонијата. Иако првично објавивме по дојавите…

СЕ ЗАПАЛИЛО ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО ВО ДВИЖЕЊЕ
На 20.03.2022 во 03.46 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул..„Тодосија Паунов“ во Кочани настанал пожар во патничко моторно возило во движење „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.И.(35) од с.Драгобраште. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани. Повредени лица нема, а увид на местото извршила увидна екипа на…

КОМПАНИЈАТА „МЕТАК ТРАНС“ ОД ВИНИЦА ЧЕКА ИЗВЕШТАЈ ОД ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗА ИЗГОРЕНИОТ АВТОБУС
Транспортната компанија „Метак транс“ од селото Градец, Виничко, чиј автобус настрада во пожар во германскиот град Билефелд, го очекува извештајот од увидот на локалната полиција за да може да преземе понатамошни активности за заштита на своите права. Автобусот целосно изгоре во петокот вечерта, а сопствениците на компанијата имаат оправдани сомневања дека пожарот бил подметнат. „Неколку…