Последни вести
ИЗГРАДЕН Е МОСТ НА БЕЛА РЕКА ВО БЛИЗИНА НА СЕЛОТО НЕБОЈАНИ
Заврши изградбата на мостот на Бела Река, на два километра до селото Небојани. Мостот е долг 11 м, широк 2,5 м, со челична конструкција, наменет за пешаци и лесни возила. Новиот градежен објект претставува значајно олеснување на сообраќајната комуникација за жителите коишто гравитираат во овој осоговски предел. Металната конструкција и оградата се донација од печатницата…
ПАТЕКАТА ПОМЕЃУ МОТЕЛ И ХОТЕЛ „ГРАТЧЕ“ ВО ОЧАЈНА СОСТОЈБА
И она што ќе го изградиме со сопствени средства или од некоја донација не знаеме да го сочуваме. Најдобар пример за тоа е изградената патека за туристите и за љубителите на природата која од стариот мотел „Гратче“ оди до Хотел „Гратче“. Патеката изградена со бекатон плочи од пред само пет години деновиве изгледа очајно. Од…
КЈП „ВОДОВОД“ КАКО ДА ГИ ЗАБОРАВИЛ УЛИЦИТЕ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ И „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“
Според фотографиите, вработените во КЈП „Водовод“ кои ја одржуваат хигиената на улиците низ градот како да ги имаат заборавено улиците „Гоце Делчев“ и „Борис Трајковски“. Кантите во кои има смет со денови не се собираат па на топлото време се создава непријатна миризба а луѓе се движат по тротоарите. Но за жал не се само…
ПРВИОТ ТУРНИР ВО БАСКЕТ „3х3“ ЗА „ЕУРОКОНТРОЛ“
По повод празнувањето на 7 и 8 септември Здружението на граѓани „Три икс три“ од Кочани на игралиштето во дворот на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и СОУ „Љупчо Сантов“ организираше турнир во баскет „3Х3“. Љубителите на кошарката во Кочани имаа ретка можност два дена да гледаат и да уживаат во интересни и неизвесни натпревари….
ДВЕ ВТОРИ МЕСТА ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР „БОЈАН РАНГЕЛОВ 2023“
Во организација на Боречкиот клуб „Вардар 1961“ од Скопје, денес во спортската сала „ Антон Димитров“ – Општина Бутел (Скопје) се одржа првиот Меѓународен турнир во борење „Бојан Рангелов 2023“. На турнирот учествуваа борачи од Србија, Бугарија, Косово и од сите боречки клубови од Македонија во машка и женска конкуренција. БК „Спартак“ на турнирот партиципираше…
ФОРМИРАН НОВ МОТО КЛУБ ВО КОЧАНИ
„Strong riders Кocani“ – Кочани, е новоформираниот мото клуб во Кочани. Моментно клубот брои нешто повеќе од 15 членови но како што истакнуваат од него тие се отворени за сите заинтересирани кои ќе изразат желба да им се приклучат. Во клубот од моменталните членови повеќето се со огромно искуство, со учество на повеќе возења како…
ЛЕВИЦА ЛО КОЧАНИ ГИ ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА КОЧАНИ И ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА Р. МАКЕДОНИЈА
Делегација на Левица ЛО Кочани оддаде почит со положување свежо цвеќе на Споменикот на слободата, изграден на ридот Локубија во 1981 година, по повод 40 годишнината од отпочнувањето на антифашистичката борба и им оддаде почит на борците и борбата за ослободување од фашистичкиот окупатор, а го одбележа и 8 ми Септември, денот на независноста на…
КОЧАНИ ДЕЛ ОД ГОДИНЕШНОТО ИЗДАНИЕ НА „МОТО РЕЛИ МАКЕДОНИЈА – НЕЗАВИСНОСТ 2023“
По повод 8.Септември Ден на независноста на Македонија денес стартуваше 32. издание на „Мото Рели Македонија – независност 2023“. Релите во кое учествуваат повеќе од 400 мотори ќе се вози во наредните три дена, стартуваше денес (Петок) во Скопје а истото според програмата завршува во (Недела) исто така во Скопје. Првиот ден се вози на…
СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА УЛИЦАТА „КЕЈ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“
На 07.09.2023 во 17.05 часот било пријавено дека во Кочани на ул„Кеј на револуцијата“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила со кочански регистарски ознаки, „ауди“ управувано од Е.Р.(35) и „пасат“ управуван од Д.Г.(47), двајцата од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Г., а со телесни повреди се здобиле С.Р.(30)…
ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, СЕМИНАР И ПОЛАГАЊЕ ЗА СУДИИТЕ И ДРУГИТЕ СЛУЖБЕНИ ЛИЦА
Десетина дена пред стартот на првенствените натпревари во Трета Фудбалска Лига – исток, денес во нејзиното седиште во Кочани членови на Комисијата за едукација при ФФМ Марјан Кировски и Драган Стојановски одржаа семинар а беше спроведено и полагање за судиите, делегатите и контролорите. Судиите ги полагаа писмениот дел и физичките норми, а делегатите и контролорите…