Последни вести

ВО КОЧАНИ САНКЦИОНИРАНИ 26 ВОЗАЧИ

Во текот на изминатата вечер (13/14.08.2022) во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе акциска контрола на територијата на град Кочани за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 28 возачи, од…

МЛАДИНСКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА” СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН 2022″.

Во организација на национална установа – Центар за култура „Бели мугри“ од – Кочани, во периодот од 15 – 18 Август ќе се реализира „Младинска ликовна колонија Св. Пантелејмон 2022“. Самата колонија е дел од Годинешната програма на НУ ЦК „Бели мугри“ од Кочани и истата е под целосно покровителство на Министерството за култура на…

ВТОРОЛИГАШОТ ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ПРЕСИЛЕН ЗА ПОДМЛАДЕНАТА ЕКИПА НА „ОСОГОВО“

Екипата на „Осогово“ продолжи со одигрувањето на контролните натпревар се со цел да се воигра новиот состави и што поспремни да ги дочекаат натпреварите во Трета Фудбалска Лига – Исток. „Жетварите“ денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ја пречекаа екипата на „Каменица Саса“ која по се изгледа ја имаше генералката пред стартот на натпреварите…

НИТУ ЛОШОТО ВРЕМЕ НЕ ГО СПРЕЧИ ДРУЖЕЊЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА ПОНИКВА

По облачно време повремено проследено со дожд  на падините на Осоговските планини на „Пониква“ во организација на Здружението на пензионери на Општина Кочани се одржа 14. Републички Собир на пензионери на Македонија. Околу илјада пензионери од повеќе од дваесет здруженија од Македонија дојдоа на Собирот, а прв ги поздрави Претседателот на Здружението на пензионери од…

ТЕЛОТО НА ИСЧЕЗНАТАТА ЖИТЕЛКА ОД СЕЛО ТРКАЊЕ ПРОНАЈДЕНО

На 12.08.2022 во 10.00 часот во Полициска станица Кочани е пријавено дека на место викано „Банско“ во атар на с.Бање, кочанско, на брегот на реката Киселина бил пронајдена почината В.А.(82) од с.Тркање, за која на 06.08.2022 во Полициска станица Кочани било пријавено дека се оддалечила од домот. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е…

СОБРАНИОТ СМЕТ ГО ФРЛААТ ВО ШАХТИТЕ

Сопствениците на дуќаните кои се во приземјето на блок „Б“ во Градскиот Трговски Центар и секогаш се на удар на поплави по поројните дождови, ни испратија неколку фотографии и допис со молба истиот да го објавиме. „Еве ви неколку фотографии од пред нашите дуќани. Секое утро точно е дека се мети но ѓубрето наместо да…

„ОСОГОВО“ ДОМАЌИН НА „КАМЕНИЦА САСА“

ГФК „Осогово“ продолжува со одигрувањето на подготвителни натпревари во пресрет на претстојното првенство во Трета Фудбалска Лига – Исток. Денес (Сабота) со почеток во 17:00 часот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани „Осогово“ ќе ја пречека екипата на „Каменица Саса“ која следниот викенд ги започнува натпреварите во Втората Фудбалска Лига. С. Ивановски

ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ КЛУЧКАТА ЗА СЕЛО СПАНЧЕВО ЗАГИНА МОТОЦИКЛИСТ

На 11.08.2022 во 18.55 часот било пријавено дека на експресниот пат во изградба Кочани-Крупиште кај клучката за с.Спанчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.А.(19) од с.Спанчево и мопед “томос апн 6“ со кочански регистарски ознаки управуван од С.А.(71) од Кочани. По несреќата возачот на моторциклот…

РЕВИЈАЛЕН ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР НА ВЕТЕРАНИТЕ НА ФК „МЛАДОСТ“ ОД ОРИЗАРИ

Утре (Сабота) со почеток во 17:30 часот на теренот покрај Масалница ќе се одигра традиционалниот ревијален фудбалски натпревар помеѓу ветераните на ФК „Младост“ од Оризари. Организаторот на натпреварот упатува покана до сите заинтересирани кои со своите настапи во „Младост“ оставиле траен белег и допринеле за развојот на фудбалот во Оризари. По завршувањето на натпреварот продолжува…

ПОЧЕТОКОТ НА ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК ЗАКАЖАН ЗА 4. СЕПТЕМВРИ

Во организација на Општински Фудбалски Сојуз – Кочани во Хотел „Изгрев“ во Штип се  одржа средба со претставниците на екипите кои ќе се натпреваруваат во годинешното првенство на Трета Фудбалска Лига – Исток. На средбата присуствуваа претставници од 12 клубови кои се договорија новото првенство да стартува на 4. Септември. Котизацијата ќе изнесува 110.000,00 денари…