Последни вести

ВНИМАВАЈТЕ! МАЛО НЕВНИМАНИЕ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ПОЖАР СО ТЕШКИ ПОСЛЕДИЦИ

По настапувањето на последните, значително повисоки температури и најавите дека во наредните денови тие уште повеќе ќе се зголемат, во голема мерка се зголемија и потенцијалните опасности за избувнување пожари, особено поради фактот дека има забележителна раздвиженост на нивите, но и во шумите.   Затоа, Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да бидат внимателни…

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО РАБОТИЛНИЦАТА „ЛЕТА, ЛЕТА ЛОКУБИЈА“

Во рамките на долгогодишниот уметнички проект „Татковина – Споменик на слободата“ на визуелната уметница Елена Чемерска, кој има за цел физички и значенски да се ревитализира Споменикот на слободата во Кочани и да се реактивира неговиот еманципаторски потенцијал за локалната заедница, се објавува отворен повик за учество во работилницата „Лета, лета Локубија”. Во рамките на…

ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

В четврток, на 23 јуни 2022 година ќе се спроведе превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани. Вечерта, од 20 ч. до 1 ч. по полноќ, ќе се изврши прскање против комарци од земја, на површина од 300 хектари на подрачјето во градот Кочани и во селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци,…

ЖДРЕБУВАЊЕ ЗА „ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ“

Известување Се известуваат сите фудбалски екипи кои се пријавени  за Петровденскиот турнир во мал фудбал дека ждребувањето ќе се одржи на 21 јуни 2022 г. во Венчалната сала на Општина Кочани, со почеток во 13:30 часот. Натпреварите ќе започнат в петок, на 24 јуни 2022 година, на терените во СОУ „Љупчо Сантов“. Дополнителни информации на телефоните:077 881…

ДИНО ЛАЗАРЕВ ВО КОШАРКАРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКДЕОНИЈА ДО 16 ГОДИНИ

Кошаркарот на „Баскет Дино Деликатес“ од Копани Дино Лазарев се најде на потесниот список во репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 16 години. По одржаниот тренинг на 14 овој месец на кој беа поканети 38 кошаркари, селекторот Андреј Апостолски Лечиќ и  неговите помошници Никола Димитриевски (тренер) и Дејан Србиновски (асистент) се одлучија за 18 кошаркари…

И ПО РЕЧИСИ ГОДИНА ДЕНА УЛИЦАТА „РАДЕ КРАТОВЧЕ“ ЈА ЧЕКА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА

На фотографиите е улицата „Раде Кратовче“ во Кочани, несомнено една од пофреквентните улици во Централното градско подрачје. Улицата се асфалтираше пред малку повеќе од 40 години а од минатата година беше влезена во програмата за нејзина реконструкција. Работите започнаа кон крајот на месец август минатата година а еве по близу година дена улицата уште чека…

ИСЧЕЗНА ПОСТОЛ ЦВЕТКОВ ОД КОЧАНИ

Исчезнат е Постол Цветков – 71 годишна возраст, висок 172cm. Последен пат е виден излегувајќи од домот на 16.06.2022 на улица “Никола Вапцаров” во 10:30 часот. Ве замолувам за било каква информација. доколку некој го има видено. Контакт: 071-326-193

ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ „ЧЕШИНОВО 2022“ – 50 ИЗДАНИЕ

Како што не информираат од Организациониот одбор на Илинденските Спортски Игри  „Чешиново 2022“, Општина  Чешиново-Облешево,  во периодот од 09. Јули до 02 Август го организира 50 јубилејно издание на Илинденските Спортски Игри. Пријавувањето на фудбалските екипи е во тек и истото ќе трае до 25 Јуни. Наградниот фонд за освоено прво место изнесува 80.000,00 денари…

ЗАПАДНАТА СТРАНА НА СПОМЕН ДОМОТ „АСНОМ“ КАКО ОД ХОРОР ФИЛМОВИТЕ

Изминатата среда од Општина Кочани беше организирана еко-акција во која како што беше наведено се чистела околината на три локации во градот, меѓу кои едната беше спомнато дека е кај Спомен домот „АСНОМ“. Да се чистеше дел од околината но по се изгледа само на јужната страна бидејќи денешните фотографии се направени на северната и…

ДВАНАЕСЕТ ЕКИПИ НА „ПЕТРОВДЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР“

Како што дознаваме до вчера (Петок) дванаесет екипи се имаат пријавено да учествуваат на годинешниот Петровденски турнир во мал фудбал. До првиот пријавен рок имало само осум екипи но подоцна се пријавиле уште четири па сега нивната бројка е дванаесет со што е исполнет предвидениот број. Од организаторот на турнирот дознаваме дека оваа бројка е…