Последни вести
СОВЕТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ – 27-ТА СЕДНИЦА ЗАКАЖАНА ЗА 06. АПРИЛ
В четврток, 6 април, со почеток во 11 часот, во Венчалната сала, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 27. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки: Предлог-одлука за донесување Урбанистички план вон населено место со намена Е1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани во м.в. Страна, КО Тркање и пристапен пат низ м.в. Средни Рид,…
ПРОДОЛЖУВААТ МЕРКИТЕ И АКТИВНОСТИТЕ ЗА ЦЕЛОСНО ГАСНЕЊЕ НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА
Пожарот кој пред извесно време избувна на градската депонијата во Кочани е ставен целосно под контрола. Меѓутоа депонијата која деновиве константно чадеше, претставува сериозен повеќе децениски проблем како за населението, така и за службите кои се борат со нејзиното гасење и смирување. Имено, гасењето одеше во отежнати услови, бидејќи во депонијата се наоѓа метан во…
ТИМОТ НА СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“ – ДРЖАВЕН ПРВАК ВО РОБОТИКА, ЌЕ УЧЕСТВУВА НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО МАРОКО
На државниот натпревар по роботика кој беше оддржан на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, нашиот тим „The Makbot Pioneers“ беше севкупен победник во сите категории и се пласираше на светското првенство кое оваа година ќе се одржи во Мароко. Натпреварот се состоеше од 4 категории: игра со роботи, иновативен проект, дизајн на робот и основни…
СВР ШТИП ВО КОЧАНИ КАКО ДЕЛ ОД КАМПАЊАТА „МВР ЗА ГРАЃАНИТЕ – ЗАЕДНИЦА, ДОВЕРБА, ОДГОВОРНОСТ“
Претставници на СВР Штип заедно со портпаролот Гордана Панјотова, денес на платото во Градскиот Трговски Центар во Кочани учествуваа како дел од кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“ чија цел е доближување до граѓаните на суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата. Важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и…
КОЧАНСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ, ДОБРОВОЛЦИ И ЦРВЕН КРСТ ЗАСАДИЈА 600 САДНИЦИ БАГРЕМ КАЈ ПРЕСЕЧЕНА СКАЛА
Здружени сили на Доброволното противпожарно друштво – Кочани, Територијалната противпожарна единица – Кочани и волонтерте на Црвениот крст денеска спроведоа пролетна еко – акција за пошумување и озеленување на површините кај местото викано Пресечана скала над Кочани. На површините кои пред неколку години настрадаа во шумски пожар беа засадени 600 садници на млад багрем, со…
ЧУДНИ ОДЛУКИ НА ДИСЦИПЛИНСКИОТ КОМЕСАР НА ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК
Настаните од 15-тото коло од одиграниот натпревар во Трета Фудбалска Лига – Исток, „Осогово“ – „Спартмани“ го добија својот епилог. Дисциплинскиот комесар на Трета Фудбалска Лига – Исток Илија Митров на состанокот пдржан на 30.03.2023 година (Четврток) ги донесе следните одлуки: -ГФК „Осогово“ за слаба организација на натпреварот се казнува со ОПОМЕНА; -ФК „Спартмани“ за…
ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, „ОСОГОВО“ ГОСТУВА ВО ЧЕШИНОВО
Во недела со почеток во 15:00 часот се играат натпреварите од 16-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. На програмата се неколку интересни натпревари а вниманието на љубителите во Кочани го привлекува гостувањето на „Осогово“ во Чешиново. Есеноска во Кочани „академците“ прикажаа добра игра, водеа на неколку минути до кракот на средбата, но сепак…
ИВОНА ТОДОРОВА МАТУРАНТКА ВО СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ ОД КОЧАНИ, ПОБЕДНИК ВО КАТЕГОРИЈАТА НАЈДОБАР ОРАТОР – НА ОРАТОРСКАТА ВЕЧЕР НА УГД
Матурантката Ивона Тодорова ученичка во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани е победничка во категоријата избор на публиката на XI Ораторска вечер што вчера се одржа во Штип. Тодорова со својот емотивен настап ги освои срцата на публиката при што со 80 гласа за беше избрана за најдобар оратор – избор на публиката во конкуренција на…
СО МАСКИ И ШЕГИ ОДБЕЛЕЖАН 1 АПРИЛ
Во пресрет на 1 Април, Денот на шегата, на платото на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа традиционалната „Априлијада“. Во програмата, маскирани настапија деца од Детската градинка „Павлина Велјанова“, Приватната градинка „Амичи“ и ученици од училиштата во Кочани. Учесниците, родителите и сите присутни ги поздрави градоначалникот Љупчо Папазов, кој на сите деца…
НАГРАДЕНИ НАЈУСПЕШНИТЕ УЧЕНИЧКИ ТВОРБИ ОД ЛИТЕРАТУРНИОТ КОНКУРС НА ЈОУ БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“
Во рамките на програмските содржини од Фестивалот на децата, книгите и музиката и одбележувањето на Меѓународниот ден на литературата за деца, денеска беа доделени наградите за најуспешните творби од литературниот конкурс што го распиша Библиотеката „Искра“ во соработка со Општина Кочани. Ученици од основните училишта од Кочани, пишуваа под шифри на темите: Јас сум книга,…