Последни вести

ОДРЖАНА ЈАВНА ТРИБИНА ПОРАДИ ЗАГАДЕНОСТА НА ВОЗДУХОТ, ВОДАТА И ПОЧВАТА

Вчера во просториите на Мултикултурниот центар во Кочани, со почеток во 18:00 часот, се одржа Јавна трибина во врска со загаденоста на воздухот, водата и почвата како последица од работењето на фабриката Пејпер Мил во Кочани. На јавната трибина беа поканети и присуствуваа сите заинтересирани граѓани, институции, невладини организации, членови на Советот на Општина Кочани,…

ПЛАНИРАНИ ПРРЕКИНИ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА 01.04.2022 ГОДИНА (ПЕТОК)

За Петок (01.04.2022 година) во Општина Кочани прекини во снабдувањето со електрична енергија  во периодот од: 09:00 – 12:00 часот ќе имаат: м.в. Калиманова глава – зградите спроти објектот „Белведере“, ул. „Мородвишка Епископија“, ул. „Охридска“, ул. „Скопска (делот спроти станбен комплекс Алекс).

БРОЈОТ НА ЖИТЕЛИТЕ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ СЕ НАМАЛИЛ ЗА 17%, ВО ВИНИЦА ЗА НАД 27%, ЗРНОВЦИ Е НАЈМАЛА ОПШТИНА ВО ДРЖАВАТА

Сериозно намалување на бројот на жителите во сите општини во Источниот плански регион покажуваат податоците од пописот на населението, домаќинствата и становитте што се спроведе минатата година. Во општина Кочани живеат околу 6.500 жители помалку во споредба со 2002 година, што е намалување за 17%. Во општина Виница падот е уште поголем во споредба со…

РЕАКЦИЈА НА НАСЕЛЕНИЕТО ШТО ЖИВЕЕ ОКОЛУ ПД „АСНОМ“

Населението што живее околу Пионерскиот Дом „АСНОМ“  ги замолува  надлежните во општината да доколку се во можност испратат екипи за да се исчисти околината од расфрланиот смет кој ја нарушува чистата животна средина. Посебен проблем за нив како што наведуваат е насипот од јужната страна на „АСНОМ“ кај некогашното спортско детско игралиште кое личи на…

УКРАЛЕ НАФТА ОД РАБОТНИ МАШИНИ И ПОБЕГНАЛЕ

На 29.03.2022 во 09.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека ноќта на 28/29.03. 2022 година околу 02.00 часот три машки лица извршиле кражба на нафта од работна машина – багер и од товарно моторно возило „сканија“, паркирани на патот во изградба Кочани – Штип, во близина на с.Соколарци. Увид на местото извршила екипа…

ВЛАДИМИР ЕГОРОВ ЕВРОПСКИ ШАМПИОН ВО БОРЕЊЕ

Убави вести пристигнаа од Будимпешта. Борачот на БК „Балканец“ од Штип Владимир Егоров е Европски Шампион во категоријата до 57 килограми. Егоров пред малку во големото финале успеа да го совлада борачот од Азербејџан Алиабаз разаде со 8:6  и да го освои златниот медал. Инаку Егоров во 1/4 финалето го совлада претставникот на Германија со…

ОДРЖАНА ЕДНОДНЕВНА ИНФОРМАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ИПАРД 3 ПРОГРАМАТА

Во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа еднодневна информативна работилница за ИПАРД 3 програмата за рурален развој на која беа презентирани мерките за финансирање на проекти од ИПАРД програмата. На работилницата беше презентирана третата ИПАРД програмa преку која може да се финансираат инвестиции на земјоделските стопанства за подобрување на материјални средства во инвестиции во објекти…

КАКО ДА ЈА ПОДЗАБОРАВИВМЕ ХИДРОЦЕНТРАЛАТА НА МАЛА РЕКА

Очите на екологистите и на Кочанската јавност моментно се свртени кон најголемиот загадувач на воздухот и водата „Пејпар мил“ за што сведочи и веќе закажаната Јавна трибина за во Четврток (30 март). Тоа си е во ред, сите очи и мисли се насочени кон „Пејпар Мил“ но како да ја подзаборавивме желбата на некого за…

ДРАМАТА ВО СКОПЈЕ ЗА КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“

Во последното коло од регуларниот дел на првенството во Трета Кошаркарска Лига – Исток, во еден драматичен и крајно неизвесен натпревар кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ успеаја да го совладаат „Вардар“ во Скопје 85:79 дури во продолжението откако во регуларниот дел натпреварот заврши 72:72. Првите две четвртини им припаднаа на домаќините кои на полувреме заминаа…

СТАРТУВАШЕ ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ОДИГРАНИ САМО ДВА НАТПРЕВАРИ

По доста најави и одложувања во неделата започнаа натпреварите од Трета Фудбалска Лига – Исток во која првично беа најавени шест екипи а подоцна наводно уште две, но за жал во неделата во првото голо се одиграа само два натпревари Во Берово на натпреварот „Малеш“ – „Чешиново“ мрежите мируваа а додека во Карбинци, екипата на…