Последни вести

ЗГ “ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ОД КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖАА 29-ТИ НОЕМВРИ РОДЕНДЕНОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА

Годините минуваат, навики остануваат па така денес членовите на ЗД „Јосип Броз ТИТО“ од Кочани останаа верни на традицијата, го прославија денешниот ден 29-ти Ноември, роденденот на некогашната држава, Југославија. Колона од десетина возила украсени со тробојката на Југославија и Македонското знаме продефилираа низ улиците во централното градско подрачје. Сирените од нивните возила го најавија…

ОДРЖАНА ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Локалното собрание на млади на Општина Кочани, денеска во салата за состаноци на Општина Кочани ја одржа третата седница. Поради тоа што на претходниот јавен повик кој беше распишан на 01.07.2021 година и траеше 15 дена од денот на распишување немаше доставено доволен број пријави, т.е. доволен број номинирани кандидати за членови на младинскиот совет,…

ЗЛАТО И СРЕБРО ЗА ЏУДИСТИТЕ НА „ГЛАДИЈАТОР“ ОД КОЧАНИ

Во организација на Џудо Федерацијата на Македонија, денес во Скопје се одржа „Државното првенство за деца и млади до 23 години“. На првенството ЏК „Гладијатор“ од Кочани учествуваше со 5 натпреварувачи кои освоија еден златен и еден сребрен медал. Првото место и златниот медал во категорија + 50 килограми се најде на градите на Габриел…

КОЧАНЧАНКИ ПРОДОЛЖУВААТ СО ПОБЕДОНОСНИОТ ЧЕКОР

Младата и полетна екипа на ЖФК „Кочани“ продолжува победоносно да чекори во Втора Фудбалска Лига – за жени. И во третиот натпревар кочанчанки одиграа сигурно и ефикасно. Во рамките на четвртото коло (еден натпревар не се одигра) ја забележаа и третата последователна победа и тоа повторни без примен гол. Девојчињата на тренерот Оливер Јовановски денес…

ГОЛЕМ ПОЖАР ОД ЗАПАЛЕНО СТРНИШТЕ, ПОЖАРНИКАРИТЕ СЕ БОРАТ ДА ЈА СПАСАТ ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА

Пожарот кој избувнал некаде околу 12:30 часот и е на потегот околу пречистителната станица од минута во минута е се поголем и се повеќе се приближува и ја загрозува пречистителната станица. Две возила, 4 пожарникари и повеќе доброволци се на терен и борба водат со огнената стихија се со цел да ја спасат пречистителната станица….

СООБРАЌАЈКА КАЈ „ПОДЛОШКА КРСТОСНИЦА“, ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ

На 28.11.2021 во 00.10 часот од Итна медицинска помош Кочани е пријавено дека на пат во изградба во близина на место викано ,,Подлошка крстосница“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило ,,бмв“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(21) од Кочани и мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од 14- годишен малолетник…

НОВА ПОБЕДА НА „ОСОГОВО“, „КАМЕНИЦА САСА“ СИ ПОИГРА СО ЛИДЕРОТ

Се одиграа натпреварите од 12-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток во кое по две победи остварија домаќините и гостите а еден натпревар заврши без победник. Она што го најавуваа играчите на „Осогово“ пред гостувањето кај „Братство“ во целост го реализираа. Со сигурна и ефикасна игра дојдоа до нови три бода со кои се…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА ОБНОВУВАЊЕТО НА ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА ВО КОЧАНИ

Почитувани, Обновувањето на хоризонталната сигнализација пред почетокот на овогодишната учебна година не е реализирано заради одолговлекување и некомуницирање од страна на избраниот изведувач „Валаски градба“ ДООЕЛ с. Злеово, Радовиш. Имено, Општина Кочани согласно законските регулативи и оперативните планови од Програма за улици и патишта благовремено објави тендерска набавка. По тендерската објава се јавија три економски…

ПРИЈАВА ЗА ФИЗИЧКИ НАПАД КАЈ ГРАДСКИОТ ПАЗАР

На 25.11.2021 во 14.30 часот во Полициската станица Кочани, С.Г.(77) од Кочани пријавил дека околу 11.00 часот во Градскиот пазар во Кочани бил физички нападнат од Ш.К.(54) од Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. СВР  Штип

ЗА ВИКЕНДОТ „ПОНИКВА“ ВО ЗИМСКИ АМБИЕНТ?

Од претпладневните часови на „Пониква“ почна да паѓа снег. Моментно покривката е околу пет сантиметри но како што ни јавуваат снегулките се се поголеми и ако се продолжи во ваков ритам се очекува за викендот да има дебела снежна покривка. Убава можност за љубителите на зимскиот туризам и за зимските спортови да појдат кон „Пониква“…