Последни вести

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕНАСОЧЕН СООБРАЌАЈ НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ШТИП – КОЧАНИ

Почитувани учесници во сообраќајот, Ве известуваме дека од ден 05.09.2022 година заради градежни активности регионалниот пат Штип-Кочани после село Тркање ќе биде затворен. Сообраќајот ќе биде пренасочен кон новоизградената девијација се до кружна раскрсница 1 пред Кочани и кружна раскрсница 2 кај хотел Национал. Пристапот кон бензиската пумпа Еко-Оил и фирмата Амфенол ќе биде обезбеден…

ПАКЕТИ СО УЧИЛИШЕН ПРИБОР ЗА СИТЕ ПРВООДДЕЛЕНЦИ ВО КОЧАНИ

Со донесената одлука на Советот на Општина Кочани, оваа година за прв пат Општина Кочани за сите 331 ученик во прво одделение запишани во основните училишта во Кочани обезбеди пакети со училишен прибор. Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов денеска ги посети првоодделенците, им ги врачи училишните пакети, посакувајќи им среќна и успешна учебна година….

ЗАПОЧНА УЧЕБНАТА ГОДИНА ВО ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ ЗА 16 ПРВАЧИЊА

Денеска започна учебната година за учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ Кочани, проследена со свечена приредба во присуство на родителите, наставниците и градоначалникот на Општина Кочани. Годинава во музичкото училиште тргнаа 16 ученици во деветгодишното образование, а 8 ученици во шестгодишното. Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ е училиште со многубројни државни и меѓународни награди, кое опфаќа…

ЗАПОЧНА РАБОТИТЕ НА УЛИЦАТА „СМИЛЕВСКИ КОНГРЕС“

Деновиве започна изградбата на улицата „Смилевски конгрес“ во населба Драчевик, во должина од 186 метри и ширина од 6 метри. Во склоп на градежните активности ќе биде извршен машински ископ на земја, тампонски слој од дробен камен и асфалтирање. На десната страна од улицата ќе биде изработен и тротоар од бекатон плочки. Изградбата на улицата…

ОДРЖАНА РИДСКО-БРЗИНСКАТА ТРКА „КОЧАНИ 2022“

На 4 септември, на регионалниот патен правец Кочани – Пониква, се возеше ридско-брзинска трка од Државниот шампионат во автомобилизам што се бодува и за ФИА – зона на Централна Европа. На патеката долга 5,9 километри, во четири класи, учествуваа 26 возачи од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово. Организатор на натпреварот беше АКК „Перформанс“…

СООПШТЕНИЕ ОД ОУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – КОЧАНИ

Како новоназначен в.д директор на ОУ „Никола Карев“ сакам да ја информирам јавноста за настанатата ситуација. Иако не сакам да се навраќам години наназад и да ги коментирам непазарните цени кои превозникот Авто Атом ги има склучено со договор за јавна набавка по кој немилосрдно се богати на терет и штета првенствено на учениците, а…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – НОВ ПОРАЗ ЗА „КАМЕНИЦА САСА“, „СЛОГА 1934“ НЕПОРАЗЕНА ВО СКОПЈЕ

Само една победа за домаќините во 3. коло во Втората Фудбалска Лига, на четири натпревари немаше победник додека на три натпревари гостите си заминаа со цел плен. Екипата на „Каменица Саса“ го доживеа и третиот пораз и се закова на дното на табелата., додека „Слога 1934“ и по трет пат не дозволи противниците да се…

ПРЕТСТОИ ИЗБОР НА НОВИ ЧЛЕНОВИ НА ОРГАНИТЕ НА НЕКОЛКУ МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ

Поради истекот на мандатот на членови на органите на облиците на месната самоуправа, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов донесе одлука за распишување избори за нови органи на месната самоуправа. Согласно Статутот на Општина Кочани, изборот на нови членови ќе се реализира на собири на граѓани, кои во септември се планира да се организираат во…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, 3. КОЛО – НАЈИНТЕРЕСНО ВО РАДОВИШ

Продолжуваат натпреварите во Втора Фудбалска Лига. На програмата е третото коло во кое најголемото внимание го привлекува натпреварот во Радовиш  во кој се среќаваат две од четирите непоразени екипи во првите две кола. Во Македонска Каменица домаќинот „Каменица Саса“ кој најавуваше одлична сезона се сопна во првите две кола па за мир во куќата како…

ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА 05.09.2022 ГОДИНА (ПОНЕДЕЛНИК)

За Понеделник (05.09.2022 година) во Општина Кочани прекини во снабдувањето со електрична енергија  во периодот од: 09:00 – 14:30 часот ќе имаат: улиците: „Роза Петрова“ (кај зграда Белведере), „1-ви Мајк“, „Бел Камен“ (Горниот дел од улицата кај текешински лозја).