Последни вести

СОСТОЈБАТА СО ПОВРЕДЕНИОТ АЛЕКСАНДАР МИТРЕВСКИ ОХРАБРУВАЧКА

На комшиското дерби „Осогово“ – „Слога 1934“ одиграно во рамките на 11-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток, се случи мал инцидент кој во прв момент ги остави присутните без здив. Имено при водство за домаќините од 1:0 во 73’ на една топка стартуваа гостинскиот играч Мартин Петровски и Александар Митревски од домашната екипа….

ДОНЕСЕНИ ПРВИТЕ ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ, НАЈАВЕНО ПОСТАВУВАЊЕ ОД СЛЕДНАТА СЕДМИЦА

Во пресрет на викендот беа донесени првите подземни контејнери, кои според најавите ќе бидат поставени на пет локации во централното градско подрачје. Засега четирите локации се околу Градскиот Трговски Центар а петтата е зад објектот пошта. Целта на овој проект е на самиот почеток да се започне со селектирањето на отпадните материјали кај станбените објекти…

ВТОРА ПОБЕДА ЗА ДЕВОЈЧИЊАТА НА ЖФК „КОЧАНИ“

Девојчињата на „Кочани“ ја забележаа и втората победа во годинешниот шампионат на Взора Фудбалска Лига за жени. Тие денес како домаќини ја совладаа екипата на „Победа“ од Валандово со 17:0 (9:0) и со две победи и гол разлика 21:0 се во горниот дел на табелата. Денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани подмладениот состав на…

ПОБЕДА ЗА ПИНГПОНГАРИТЕ НА „КОЧАНИ“

Пингпонгарите на  Кочани иако ослабени сепак во денешното 6-то коло во Прва Пингпонгарска Лига забележаа победа. Иако без Сашо Тодосиев и Благој Бажо Димов „Кочани“ ја совлада екипата на „Борец“ од Велес со 4:2. Во месец Декември се играат преостанатите две кола по што завршува првиот дел од годинешниот шампионат. С. Ивановски

ПО ПОДОЛГО ВРЕМЕ НА СТАДИОНОТ „НИКОЛА МАНТОВ“ ЕЧЕШЕ. „АВАНТИ, АВАНТИ ОСОГОВО“

Дерби натпреварот од  11-тото коло во Втората Фудбалска Лига – Исток се одигра во Кочани. На стадионот „Никола Мантов“ по сончево и мошне пријатно време за игра се собраа повеќе од илјада гледачи од кои голем број беа дојдени и од соседната Виница. Помошта која „жолто-сините“ ја посакуваа на овој натпревар беше присуството на „Сејмените“….

ВО КОМШИСКОТО ДЕРБИ „ОСОГОВО“ ГО ДЕКЛАСИРА ЛИДЕРОТ НА ТАБЕЛАТА „СЛОГА 1934“

Се одиграа натпреварите од 11-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток. Несомнено е дека натпревар кој го привлече најголемото внимание на фудбалската јавност не само на истокот, туку и пошироко беше комшиското дерби „Осогово“ – „Слога 1934“. По завршувањето на натпреварот кога ќе се сумира се она што денес се случуваше на стадионот „Никола…

ИВАН ЈОРДАНОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ОД ИСТОЧНО ПЛАНСКИОТ РЕГИОН

Во организација на Центарот за развој на Источно Планскиот Регион градот Штип денес беше домаќин на конститутивната средба на градоначалниците од Источно Планскиот Регион. За Претседател на Советот на Градоначалници на Источно Панскиот Регион со времетраење од една година е избран Иван Јорданов, актуелен Градоначалник на Општина Штип. Советот во следните четири години ќе го…

РОДИТЕЛИТЕ БАРААТ ПОГОЛЕМА ЗАШТИТА ЗА СВОИТЕ ДЕЦА

Деновиве ни се јави наш читател кој очигледно е дека загрижен за здравјето и безбедноста на дечињата кои ја посетуваат Детската градинка „Клон 3“. „За жал но ЕВН со група изведувачи како и пред десет години така и сега поставуваат низок ормар за струја одма до оградата на градинката кај Панаирот во Кочани. Вработените во…

ОО СДСМ – КОЧАНИ: РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕТО ОД ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ ОБЈАВЕНО НА 19.11.2021 ГОДИНА

СДСМ секогаш се одлучувала во интерес на ранливите категории низ соодветна постапка и легални механизми со вклученост на сите. За секое прекршување на законот, следуваа преземења на соодветни мерки. Искажаните сомнежи единствено може да ги демантираме преку факти, затоа јавно ги повикуваме надлежните институции да испитаат колку дивоградби се изградени во периодот од 2009-2017, а…

СЕ АСФАЛТИРА КРАК И ПАРКИРАЛИШТЕ ОД УЛИЦАТА „РОЗА ПЕТРОВА“

Завршува уредувањето на крак од улицата „Роза Петрова“ со паркиралиште, во непосредна близина на станбениот комплекс во населбата Калиманова Глава. Стручните служби од Општина Кочани известуваат дека деновиве се работи на асфалтирање и дека досега е поставен асфалт на околу 80 проценти од површината што се уредува. Заради оформување на местата за паркирање, претстои изградба…