Последни вести
ЗАХИР РАМАДАНОВ СО СВОЈОТ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР НА ГОЛЕМ КОНЦЕРТ ВО БЕЛГРАД
Познатиот музичар на труба Захир Рамаданов од Кочани кој настапуваше повеќе од 35 години на сцена со кралицата на ромската музика Есма Реџепова утре (Петок 02.09.2022) со својот дувачки оркестар Захир Рамаданов Брас Бенд ќе настапува на големиот концерт во Београд. С. Ивановски
ПОРАДИ НАТПРЕВАР ВО АВТОМОБИЛИЗАМ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ ПАТОТ КОН ПОНИКВА ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН
За време на викендот (Сабота и Недела) патниот правец кон Пониква од крстосницата кај селото Бели ќе биде затворен, Причината е поради повторното одржување на Меѓународен натпревар во автомобилизам на ридски патеки кој е дел од календарот на ФИА-ЦЕЗ. И во двата дена полицијата ќе го затвора овој патен правец од 10:00 часот за да…
ОБЕЛЕЖЕТЕ ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ ЗА ДА УЧЕНИЦИТЕ И МИНУВАЧИТЕ БИДАТ БЕЗБЕДНИ
Чудно, ама вистинито, импровизираниот кружен тек до мостот на улицата „Стево Теодосиевски“ нема обележано ниту еден пешачки премин. Ако се знае дека овој потег од градот е доста фреквентен а во негова близина се наоѓаат средно и основно училиште тогаш навистина чудно е што одговорните во општината не нашле досега време да обележат каде ќе…
ОО НА СДСМ КОЧАНИ – РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕТО НА ДПМНЕ
Почитувани, Градинката е изградена и опремена од локалната власт предводена од СДСМ со поддршка од централната власт. Тоа потврдува дека како партија отсекогаш сме биле посветени и во служба на секој еден поединец. Време е да престанете со спорен и нелогичен “транспарентен” настап кој го продавате пред јавноста и јавно да објаснете зошто, и на…
ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ, СООПШТЕНИЕ
ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ПРОЦЕНАТ КОЈ РАБОТИ, А КОЈ ВЕЧЕН КОЧНИЧАР Почитувани сограѓани почитувани медиуми На одржаната вчерашна 16. Седница на Советот на Општина Кочани, членовите на советот од опозиционата СДСМ, независниот советник, како и советничката од редовите на Левица кои и покрај добиената согласност од Министерството за труд и социјална политика, не ја гласаа точката за…
ЗАПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА – ОБРАЗОВАНИЕТО ВО КОЧАНИ ГО ЗАПОЧНУВААТ 322 ПРВАЧИЊА
Вкупно 3 672 ученици денеска ја започнаа новата учебна година во Кочани. Од нив 1 037 се средношколци, а 2 635 се ученици во основно образование. Првиот училиштен ден беше посебно свечен за првачињата, кои годинава се 322. Училиштата создадоа пријатна атмосфера на прозивката пред првиот школски час, а со нив беше и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо…
ЛЕТОЦИ СО СООБРАЌАЈНИ ПОУКИ – ДЕЛ ОД КАМПАЊАТА ЗА ЈАКНЕЊЕ НА СООБРАЌАЈНАТА КУЛТУРА ВО КОЧАНИ
На почетокот на новата учебна година, Општина Кочани, СОУ „Гошо Викентиев“, Полициската станица – Кочани и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата реализираат активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот и на сообраќајната култура воопшто. За таа цел, денеска на најфреквентните сообраќајници во Кочани, во близина на основните и на училишта, претставници од…
ПАДНАЛ ОД МОПЕД И СЕ ЗДОБИЛ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ
На 31.08.2022 во 03.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосница со кружен тек кај хотел во Кочани, Д.Е. (32) од Штип управувајќи мопед со прилепски регистарски ознаки паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од…
КОЧАНСКА РЕКА СО НАМАЛЕНА КОЛИЧИНА ВОДА, РИБИТЕ ОСТАНУВААТ РЕЧИСИ НА СУВО
Намалената количина но вода во Кочанска река предизвика многу риби да останат заробено на суво. Особено оваа појава е забележана во долниот тек на градот, поточно од „Железнички мост“ па надолу. Дознаваме дека една од причините е што на 5 и 6 Септември завршува сезоната за наводнување па водата која доваѓаше по каналот од Калиманска…
СИТЕ ПРВАЧИЊА НАМЕСТО ПАРИЧНИ СРЕДСТВА ЌЕ ДОБИЈАТ ПАКЕТ СО ОСНОВЕН УЧЕНИЧКИ ПРИБОР
Предлогот на советничката Ивана Максимова беше прифатен па така сите првачиња од Општина Кочани ќе добијат пакети со основен ученички прибор и материјали. Првичниот предлог на Максимова беше сите првачиња да добијат паричен надомест во висина од 2.000,00 денари но за да убрза постапката бидејќи веќе утре започнува новата учебна година беше одлучено да се…