Последни вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПАПАЗОВ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ПРИЈАВАТ МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА ОД НЕВРЕМЕТО
Локалната самоуправа на Кочани преку своите комунални редари ги сумира штетите од невремето што доцна синоќа ја зафати општината и предизвика поплавување кај индивдидуални и стопански објекти во градот. На прес-конференција градоначалникот Љупчо Папазов оцени дека се работи за природна стихија чии последици ќе се отстрануваат во текот на наредните денови, при што поддршка во…
ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ
На 24.07.2022, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, Полициските станици Кочани, Свети Николе и Македонска Каменица и претставници на шумски стопанства на подрачјата на повеќе села во овие општини спроведоа превентивни активност за заштита од пожари. Притоа, извршени се обиколки и патролни служби на повеќе локации, беа поделени летоци со едукативна содржина,…
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПРИЈАВИ НА ШТЕТА ОД ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА (ПОПЛАВА)
СЕ ПОВИКУВААТ граѓаните на Општина Кочани кои имаат материјална штета предизвиката од невремето кое го зафати Општина Кочани на ден 24.07.2022 година да поднесат пријава за проценка на штета во Општина Кочани – Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди (поплава), најдоцна до 01.08.2022 година. Образецот на пријавата за штета можат да го подигнат…
НЕВРЕМЕ ВО КОЧАНИ
Силниот дожд проследен на моменти и со град предизвика многу штети во градот. Како што гледаме од социјалните мрежи улиците се под вода, одводите не можат да ја соберат таа количина на вода а и многу објекти се поплавени. Ни јавуваат за поплавени подрумски простории, за поплавени дуќани, за паднати дрва по улиците, и сето…
РАСКОПАНО, ОТСТРАНЕТ ДЕФЕКТОТ И ОСТАВЕНО
Две седмици улицата „Иван Иванов – Балаш“ изгледа како на приложените фотографии. Екипи на КЈП „Водовод“ од Кочани дошле, ја раскопана, го отстраниле пријавениот дефект и ја оставиле некој друг да ја заврши до крај започнатата работа. Пред две седмици на улицата „Иван Иванов Балаш“ во Кочани пукнала водоводна цевка која додека дошле екипи од…
ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ „ЧЕШИНОВО 2022“, ПОЗНАТИ ДВОЈКИТЕ ЗА ЧЕТВРТ ФИНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ
По синоќешната победа на „Осогово“ против „Слога Виница“ 3:1, инаку последна од натпреварите по групи познат е распоредот и двојките за четврт финалните натпревари кои се играат денес (Недела) и во Вторник. Осумте екипи заслужено се најдоа во нок-аут натпревари бидејќи најмногу покажаа во досегашниот тек на турнирот. Недела: 17:00 часот: „Чифлик“ – „Чешиново“ 19:00…
РОТАРИ КЛУБ „КОЧАНИ-ВИНИЦА“ ДОНИРАШЕ ЗАШТИТНА ПРОТИВПОЖАРНА ОПРЕМА
Во склоп со нашите активности превземени во минатот период, Ротари Клуб „Кочани-Виница“ денес изврши примопредавање на противпожарна заштитна опрема која ја обезбедија нашите пријатели од доброволните противпожарни друштва на Словенија. Опремата од 40-тина заштитни одела со заштитни кациги, чизми, млазници, кислородна боца, дрегер, потпона пумпа и црева е распределена и предадена на ТППЕ Кочани, ТППЕ…
ЗАВРШИ ЕРАЗМУС + ПРОЕКТОТ „ESL PREVENTERS“
Здружението на Роми АВЕНА од Кочани и ООУ „Малина Попиванова“ денеска во просториите на Хотел „Амор“ го означија завршувањето на ЕРАЗМУС+ проектот ESL Preventers и ги сумираа резултатите од проектот „Воспоставување на мониторинг систем за рано напуштање на училиштето за Ромските ученици од примарните училишта“, финансиран од ЕУ програмата ЕРАЗМУС+. На денешниот настан присуствуваа локални…
ПОЖАРНИКАРИ И ДОБРОВОЛЦИ ОД КОЧАНИ НА ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРИТЕ ВО МАЛЕШЕВИЈАТА И КАЈ БЛАТЕЦ
Во гаснењето на пожарот кој вчера избувна кај селото Митрашинци (Берово) и оној кој денес што се појави над селото Блатец (Виница) активно учество зедоа и пожарникари од ТППЕ – Кочани и од ДПД – Кочани. Во гаснењето на пожарот кај Митрашинци испратено е едно противпожарно возило, еден пожарникар и четири доброволци од Доброволното Противпожарно…
ПОРАДИ ИЗВРШЕНИ КРАЖБИ НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР ПРИВЕДЕНИ ДВЕ ЛИЦА ОД КОСОВО
На 21.07.2022 во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода Б.А.(54) и С.С.(63), двајцата од Косово. Тие биле фатени на Градскиот пазар во Кочани при извршување „тешки кражби“ на дрзок начин, односно при одземање пари и други предмети од чанти на неколку лица. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците,…