ПО ПОВОД ПЕТРОВДЕН – НАГРАДЕНИ НАЈУСПЕШНИТЕ УЧЕНИЦИ ВО КОЧАНИ
Во рамките на одбележувањето на Петровден, празникот на Кочани, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов организираше прием за првенците на генерацијата од основните и од средните училишта во Кочани и за учениците што добиле награди на државните и на меѓународните акредитирани натпревари. Во своето обраќање градоначалникот им ги честита на учениците постигнатите резултати, пренесувајќи дека…
РЕАКЦИЈА ОД УПРАВАТА НА ГФК “ОСОГОВО“ НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ЕФТИМ АКСЕНТИЕВ
Почитувани, По повод прес конфернцијата на досегашниот тренер на ГФК Осогово Ефтим Аксентиев како клуб сакаме да ја изнесеме и нашата страна и вистина за да јавноста има јасна слика за тоа кој ја зборува вистината бидејќи како клуб секогаш сме биле транспарентни за се што се случува во нашиот градски меленик ГФК Осогово. Па…
ЈОУ БИБЛИОТЕКА ИСКРА – НАЈАВА НА ПРОМОЦИЈА НА ПОЕТСКА ЗБИРКА „МЕТРИЧКИ КАРВАН“
Во склоп на програмата на Општина Кочани, по повод Петровден, 13.07.2023 година (четврток), во 19 часот во Мултикултурниот центар (големата сала, приземје), ќе биде промовирано 10-то јубилејно издание ,поетската збирка „Метрички карван“ во издание на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија. Станува збор за збирка поезија во која секоја година земаат учество гевгелиските автори со…
ПРИ ПРЕТРЕС ВО КОЧАНСКО, ПРОНАЈДЕНИ ОРУЖЈЕ И МУНИЦИЈА
На 11.07.2023, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода Д.С.(78), Ј.С.(78) и Д.М.(61) сите од Кочани. При претрес во домот на Д.С. и Ј. С. Во Кочани, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пушка „Црвена застава“, пиштол „Црвена застава“, повеќе куршуми различен калибар, оптички нишан и други предмети. Додека при…
ШЕФОТ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА „ОСОГОВО“ ЕФТИМ АКСЕНТИЕВ СИ ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА
Само пет дена по почетокот на подготовките за Втората Фудбалска Лига, Шефот на стручниот штаб на „Осогово“ Ефтим Аксентиев си поднесе неотповиклива оставка. На прес конференцијата што ја одржа денес Аксентиев како причина за поднесената оставка акцентот го става лошите услови за работа на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани. „Денес одлучив и еве јавно изјавувам…
ДУХОВНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД ПЕТРОВДЕН
Во организација на Општина Кочани, во рамките на програмата за одбележување на празникот Петровден, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани се одржа Духовна академија. Пред многубројната публика настапија ученици од класата за традициски инструменти од ОМУ „Ристо Јуруков“ Кочани со нивниот наставник Виктор Постолов. Духовна музика интерпретираа женскиот хор „Света Лидија Македонска“ и машкиот…
ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА СО ЛИКОВИ НА СВЕТИТЕЛИ ОД ХРИСТИЈАНСКАТА РЕЛИГИЈА
Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ е отворена изложбата под наслов „Свети Петар и Павле“, од кочанскиот автор Влатко Анчов. На 90-ина дела изработени на природен материјал, дрво; бука, јасика, јасен и топола, во техника наречена пирографија се претставени светители од христијанската религија: св. Петар и Павле, Пресвета Богородица, св. Јован Крстител, св. Арганхел Михаил,…
ЛИТИЈА И КРШЕЊЕ НА СЛАВСКИОТ КОЛАЧ ПО ПОВОД ПЕТРОВДЕН
По празничната вечерна богослужба во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ на која чиноначалствуваше митрополитот Брегалнички г. Иларион, во Градскиот парк, по повод Петровден беше организирана литија и осветување на славскиот колач. Празникот Петровден на присутните им го честита митрополитот Брегалнички г. Иларион. „Денеска е пасха и радост за секоја човекољубива и христољубива душа, овој ден Господ…
НОЌНИОТ ЖИВОТ НА МЛАДИТЕ ВО КОЧАНИ
Овие фотографии се од Детското игралиште кое неодамна беше пуштено во употреба а се наоѓа на северната страна во „Паркот на Револуцијата“. Жителите што живеат во непосредна близина на детското игралиште како што истакнуваат во доцните вечерни часови имаат проблем со младите кои го користат за како што истакнаа т,н, изживување. „Не знаеме кому веќе…
СЕ ОФОРМУВА ВТОРИОТ МУРАЛ НА УЛИЦАТА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“
Уметникот Дејвид Стоилковски од Куманово работи на вториот мурал на потпорниот ѕид на ул. „Димитар Влахов“ во Кочани. Муралот претставува комбинација на традиционални и карактеристични мотиви за Кочани, во кои доминираат фолклорни елементи, стилизација на оризот како специфична култура за Кочанско и препознатливи објекти од општината. Граѓани коишто минуваат покрај работилницата на отворено, го поздравуваат …