ВО ЧЕТВРТОК ВТОР ПОДГОТВИТЕЛЕН НАТПРЕВАР „ОСОГОВО“ – „ШКЕНДИЈА“
Бо рамките од подготовките за пролетниот дел на првенството во Втора Фудбалска Лига, во Четврток (01.02.2024 година) на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани со почеток во 13:00 часот „Осогово“ ќе го одигра вториот подготвителен натпревар. Противник на кочанскиот второлигаш ќе му биде екипата на „Шкендија“ од Арачиново инаку член на Трета Фудбалска Лига – Север….
ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА, И ПОСЛЕ ТРИ МЕСЕЦИ НА ИСТА ЛОКАЦИЈА НА ПОНИКВА ПАК ФРЛЕНИ КОНТЕЈНЕРИТЕ
Пред три дена КЈП „Водовод“ – Кочани излезе со Известување за неодговорното однесување на поединци или на група, кон урбаната опрема. Известувањето се однесуваше на фрлен сад (контејнер) за собирање на комунален отпад на Осоговските планини. Како што покажуваат фотографиите контејнерот е фрлен во провалија, односно во длабочината кај аеродромот, поточно после некогаш предвидената писта…
ФК „ФОРЦА“ И ГФК „НЕГОТИНО“ ПОБЕДНИЦИ НА VII ТУРНИР ВО САЛА „СВ. АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ“
Во организација на „Академија Младост-Тошев“ од Оризари во неделата во спортската сака на ООУ „крсте петков Мисирков“ се одржа VII Турнир во сала „Св. Атанасиј Велики“ Оризари. На турнирот учествуваа екипите од генерациите 2015 и 2011 година. По доста интересни и неизвесни натпревари најуспешни се покажаа екипите на „ФК Форца“ Штип (2015) и ГФК „Неготино“…
ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“
КЈП “Водовод” Кочани ја известува јавноста дека започнува реконструкција на водоводна линија на улица “Гоце Делчев” во должина од 270 метри на пвц цевка со 200 од 16 бари. Градежните активности ќе се одвиваат во текот на наредните денови. Улицата “Гоце Делчев” ќе биде со регулиран режим на движење поради изведувањето на градежните активности. КЈП…
КАЈ ЛИЦЕ ОД КОЧАНИ ПРОНАЈДЕНО И ОДЗЕМЕНО ХЕРОИН И МАРИХУАНА
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Ф.(45) и С.А.(43), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.09.2022, полициски службеници извршиле преглед над лице од Кочани, при што пронашле и одзеле хероин и…
„ВАРДАР„ (МАЖИ) И „7-МИ МАЈ“ (ЖЕНИ) ДРЖАВНИ ПРВАЦИ ВО БОРЕЊЕ СЛОБОДЕН СТИЛ ЗА СЕНИОРИ/КИ
Во организација на Боречката Федерација на Македонија а со техничка организација на БК „Спартак“ денес во Кочани во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ се одржа 30-тото „ Државно првенство во борење слободен стил и борење за жени за сениори/ки 2024“. На првенството се појавија 88 борачи во машка и женска конкуренција од клубовите: „Спартак“…
АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ ПРОДОЛЖУВА ВО ПРВАТА ХРВАТСКА ЛИГА, ПОТПИША ЗА „ГОРИЦА“
Играчот за врска Андреј Лазаров е нов член на фудбалскиот клуб „Горица“, член на Првата Хрватска Лига, (ХНЛ) со што го продолжи својот престој во хрватскиот фудбал. Лазаров потпиша на 1,5 година со право договорот да биде продолжен за уште една година. Инаку „Горица“ моментно е на 5-тото место со освоени 27 бода по одиграните…
ВЕЛЕМАЈСТОРОТ ТРАЈКО НЕДЕВ ОДИГРА СИМУЛТАНКА ВО КОЧАНИ
Во новоотворените простории на Шаховскиот Клуб „Кочани“ денес Велемајсторот Трајко Недев одигра симултанка со кочанските шахисти. Симултанката беше на 12 табли а по нејзиното завршување само еден шахист успеа да одигра реми, додека сите останати единаесет шахисти претрпеа порази. Честа да му одзеде половина поен на велемајсторот Трајко Недев и припадна на Македонската шаховска надеж…
СЕДМИ ТРАДИЦИОНАЛЕН ФУДБАЛСКИ ТУРНИР ВО САЛА „СВ. АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ“
По повод патронот на Оризари и верскиот празник Св Атанасиј Велики, во Недела во организација на „Академија Младост-Тошев“ од Оризари ќе се одржи 7-миот традиционален фудбалски турнир во сала „Св. Атанасиј Велики“. На турнирот ќе учествуваат генерации 2011 и 2015. Генерација 2011: Академија Младост-Тошев, ГФК Неготино-Неготино, Фудбал Старс-Кочани ГФК Осгово-Кочани Генерација 2015: Академија Младост-Тошев, ГФК…
НОВИНАРИТЕ ПОКАНЕТИ ПА ОТСТРАНЕТИ ОД ОПШТИНСКАТА ИЗБОРНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ – ЗА НАША МАКЕДОНИЈА – КОЧАНИ
Невиден преседан се случи попладнево на првата изборна конференција на општинската организација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија кога новинарите иако уредно поканети да го проследат настанот и да информираат за изборот на претседателството на локалниот огранок беа отстранети од изборната конференција на движењето ЗНАМ. Имено, по 15-тина минути од почетокот на конференцијата каде…
