All Posts By Славчо Ивановски

ДЕЛЕГАЦИИ ПОЛОЖИЈА СВЕЖО ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА ИЛИНДЕН – ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

На двојниот македонски празник Илинден, кога се навршуваат 119 години од Крушевската република и 78 години од Првото заседание на АСНОМ, општински и партиски делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата, на споменикот на Никола Карев и на бистите на борците Љупчо Сантов и Раде Кратовче, во Паркот на Револуцијата. Во чест на Илинден почит кон  положените животи за…

КАДЕ ИСЧЕЗНА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ОО НА СДСМ КОЧАНИ

Денес е голем Македонски празник, најголем. Денес е Илинден. Е токму по повод празникот  денес делегации само од Општина Кочани, од поддржувачите на борците од НОВ и од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани ги посетија „Споменикот на слободата“ и споменикот на Никола Карев и бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во„Паркот на Револуцијата“…

ПАТРИОТИЗМОТ ПУШТЕН НА НАЈ ЈАКО

Кочани, 09:00 часот наутро, ден на најголемиот Македонски празник „Илинден“. Улиците празни како и во последните години на овој ден, во овој термин. Металните столбови исто така празни, без знамиња. И сега што ние денес славиме, каде ви е патриотизмот кога и на најголемиот Македонски празник немате истакнато државни знамиња, а знаете дека знамето е…

ГЛУПОЌАТА НЕМА ГРАНИЦИ, СО КОГО СЕ ЖИВЕЕМЕ?

Сликите ги добивме пред малку а направени се во централното градско подрачје, поточно на улицата „Кеј на Револуцијата“ неколку метри  пред „ТТК Банка“. Со фрлање на смет поточно на се она дома што му сметало во предвечерието на големиот Македонски празник „Илинден“ само покажува каков му е металниот склоп на оној што ова го направил….

ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ, ПРАЗНИКОТ „ИЛИНДЕН“ Е ДЕН ЗА ГОЛЕМОТО ЈУБИЛЕЈНО ФИНАЛЕ

Утре (Вторник) со почеток во 17:30 часот на програмата е 50. јубилејно финале од Илинденските Спортски Игри – „Чешиново 2022“. Кој ќе го понесе јубилејниот пехар по одигрувањето на финалниот  натпреварот „Соколарци“ – „Академија Чешиново-Облешево“ ќе биде познато некаде околу 20 часот. Инаку ова е прво финале за екипата на „Академија Чешиново-Облешево“ со седиште во…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ИЛИНДЕН ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

По повод големиот македонски празник Илинден – Денот на Републиката, кога се одбележуваат 119 години од Крушевската република и 78 години од Првото заседание на АСНОМ, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати честитка до граѓаните. „Од мое име и од името на Општина Кочани ви го честитам Илинден и посакувам тој да остане светилник и патоказ на нашата истрајност и…

ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ „ЧЕШИНОВО 2022“ – „АКАДЕМИЈА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО“ Е ВТОРИОТ ФИНАЛИСТ

Гол шоуто на Марио Благојевски беше доволно да се декласира екипата на „Карбинци“ во вториот полуфинален натпревар и „Академија Чешиново-Облешево“ да се провира во вториот финалист од годинешниот фудбалски турнир „Чешиново 2022“ кој се игра во склоп на Илинденските Спортски Игри. „Академците“ фуриозно го започнаа натпреварот и веќе по првото полувреме благодарение на хет-трикот на…

УБАВА ВЕСТ – ПО НЕПОЛНИ ДВА ЧАСА ОД ОБЈАВАТА СЕ ЈАВИЛ СОПСТВЕНИКОТ НА ЗАГУБЕНИТЕ ПАРИ

По неполни два часа од објавата на нашиот портал дека наш сограѓанин нашол изгубени пари кај еден од банкоматите на „Тутунска банка“ се јави Миле Јанев човекот што ги нашол парите и не информираше дека лицето кое ги загубило парите му се јавило на  објавениот телефонскиот број. Му кажал кое време, каде и колку била…

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА

Во синоќешните часови на банкомат во „Тутунска банка“ во Кочани наш сограѓанин нашол одредена сума на пари. Оној што ги загубил парите може да воспостави контакт на телефонскиот број:  077-561-750. Добро е што уште има чесни луѓе.

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ВО БОРЕЊЕ – ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА НА ТРИДНЕВЕН КАМП ВО КОЧАНИ

Репрезентацијата на Македонија во борење во женска конкуренција е на тридневен камп во Кочани. Дваесет девојчиња со тренерите Чедо Николовски и Ангел Стефанов се сместени во Хотел „Аледар“ а тренинзите од 10:00 и 18:00 часот ги  реализираат во салата на БК „Спартак“. За што поуспешна реализација на овој мини камп кој се одржува од 29.07…