ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА САНАЦИЈА НА ДЕФЕКТОТ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА
Ги информираме корисниците дека настанатиот сериозен дефект на цевководот за водоснабдување од висока зона на територија на Општина Кочани сеуште не е саниран. Екипите на КЈП “Водовод” Кочани со сопствена механизација и работна сила, но и помогнати со значителна механизација од приватни стопанственици и Општина Кочани во текот на денот 19.06.2023 година (понеделник) и доцна…
ОД УТРЕ (ВТОРНИК) ЗАПОЧНУВААТ УПИСИТЕ ВО СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – КОЧАНИ ЗА УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА
Почитувани идни средношколци, Направете го вистинскиот избор, запишете се во СОУ „Љупчо Сантов“. Можете да изберете: Гимназиско образование (минимум 60 поени) Застапени се 3 подрачја: природно-математичко подрачје општествено-хуманистичко подрачје јазично-уметничко подрачје Економско-правна и трговска струка (минимум 60 поени) економки техничар бизнис-администратор (дуална паралелка) економско-правна и трговска струка(економски техничар) нуди можност за феријална практика изведена на…
КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“ ЗА УЧЕБНАТА 2023/24 ГОД.
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни, на 20 и 21 јуни и второ пријавување на 27 и 28 јуни 2023 година, преку порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со најава на средношколците преку сопствените кориснички сметки на https://schools.mk/…
СТАНАРИТЕ РЕАГИРААТ: НИ ГО УЗУРПИРААТ ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ И ОСТАВААТ СМЕТ КАДЕ ЌЕ СТИГНАТ
Станарите од зградите позади „Комитетот“ и „Стопанска Банка“ реагираат на еден за нив голем проблем што е се поприсутен а се појави откако еден совет донесе одлука да се воведе такса за паркирање но само на одредени места во централното градско подрачје. Е сега оние кои не се заинтересирани да плаќаат по 10 денари од…
КЈП „ВОДОВОД“ ГО ОТСТРАНУВА ДЕФЕКТОТ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА – НАДОЈДЕНАТА ВОДА ГО ОТЕЖНУВА РАБОТЕЊЕТО
Поради дефект на дел од цевководот во средината на коритото на Кочанска Река, сѐ уште е во прекин водоснабдувањето на корисниците од високата зона во градот Кочани и во селото Бели. Според службите на „Водовод“, надојдената вода и тешкиот пристап до оштетениот дел на цевководот ја отежнуваат санацијата на дефектот. Во текот на денот цистерни…
АВИОНСКО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО КОЧАНСКО
Поради неповолните временски услови, најавеното прво авионско третирање на комарци во Кочани е презакажано за в четврток, 22 јуни во раните утрински часови. Авиотретирањето против комарци ќе го извршат стручни екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово. Ќе се прска со еколошко средство за уништување комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарците, одобрен од …
КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ: ИЗВЕСТУВАЊЕ
Настанатиот дефект на цевководот за водоснабдување на корисниците од висока зона е доста комплексен. Екипите на КЈП Водовод Кочани открија дека дефектот се наоѓа во коритото на Кочанска Река. За таа цел екипите на Водовод со тешка механизација ќе работат најпрво на пренасочување на реката, со цел да се создадат услови за отстранување на дефектот. …
ОНОЈ ШТО ЌЕ ЈА ГРАДИ МИНИ ХИДРОЦЕНТРАЛАТА ЈА УЗУРПИРА И РЕКАТА
Дали некој од надлежните ќе ја сопре изградбата на мини хидроцентралата на Мала река или граѓаните ќе бидат тие што само ќе ги нотираат новостите притоа да нема фајда од сето тоа. Денес некои наши сограѓани биле на местото на настанот и испратија две фотографии на кои се гледа како некој (нека проверат надлежните кој…
НОВА ДЕПОНИЈА ПРЕД ВЛЕЗОТ НА ГЛАВНАТА ДЕПОНИЈА
Ништо не е случајно кога сите се ставаме пред законите кои за жал функционираат само за поединци но не за сите. Пред малку ги добивме овие фотографии на кои јасно се гледа дека на влезот од „Главната депонија“ „луѓето“ создале нова депонија. На враќање од пониква или на патот кон Пониква се отвораат прозорците од…
ЖИТЕЛИТЕ ОД ТРЕТА ЗОНА ОСТАНАА БЕЗ ВОДА, А КОГА ЌЕ ИМА, НАДЛЕЖНИТЕ БЕЗ ОДГОВОР.
Повеќе од дваесет часа како жителите во Трета зона (повисоките места од западниот дел на градот) останаа без вода. Според информациите настанат е поголем дефект на главниот цевковод кој минува под реката и е кај мостот во близина на пазарот. Засега од „Водовод“ не го коментираат настанот ниту пак имаат превземено нешто за да почне…