All Posts By Славчо Ивановски

ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ СЕЛО ТРКАЊЕ, ТЕШКО ПОВРЕДЕН 19 ГОДИШЕН, МОТОЦИКЛИСТ

На 12.07.2023 во 21.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на патот Штип – Кочани, кај с.Тркање, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со кочански регистарски ознаки, управуван од Д.С.(19) од с.Тркање и патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(19) од с.Крупиште- општина Карбинци. Во несреќата со тешки телесни…

ВЕТЕРИНАРЕН ДОКТОР ФИЗИЧКИ НАПАДНАТ ВО СЛУЖБЕНИ ПРОСТОРИИ

На 12.07.2023 во 15.10 часот во ОВР Кочани, 56 – годишен ветеринарен доктор пријавил дека околу 20.00 часот при извршување службени задачи во службените простории на Агенцијата за храна и ветеринарство во Кочани бил физички нападнат од М.И. од Кочани. По комплетирање на случајот против М.И. ќе биде поднесена соодветна пријава. Соопштение од СВР Штип…

ЖИТЕЛИТЕ ОД УЛИЦАТА „ИЛИНДЕНСКА“ ВО КОЧАНИ БАРААТ УЛИЦАТА ДА СЕ ВРАТИ ВО СОСТОЈБА ПРЕД РАСКОПУВАЊЕТО

Раскопана улица па привремено закрпена со бетон или асфалт, улица обрасната со трева, улица како да е од 19-штиот а не од 21-виот век. Вака некако би се коментирале фотографиите кои ни ги испратија жители од улицата „Илинденска“ во Кочани. Но текстот кој во прилог на фотографиите ни го испратија ви го пренесуваме во целост….

ПОКАНА ОД ПСК „ОСОГОВО“ ЗА УЧЕСТВО НА 16. ПЕТРОВДЕНСКИ ПЛАНИНАРСКИ МАРШ

Почитувани Ве повикуваме да ни се придружите на нашиот 16 ти традиционален Петровденски планинарски марш Манастирски комплекс Еленец село Цера врв Китка на 16 Јули 2023 година ПСК “Осогово” Кочани веќе традиционално секоја година по повод празникот на градот Кочани, Петровден организира планинарски марш со учество на планинарски клубови од земјата и странство, планинари, рекреативци…

АПЕЛ ЗА РАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА

Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високите температури кои деновиве ќе достигнат и над 40 °C, како и податоците на КЈП “Водовод” Кочани за зголемена потрошувачка на водата, апелираме до граѓаните на Кочани: -рационално да ја користат и употребуваат водата, -да избегнуваат полевање на поголеми површини и непотребно…

ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ ОД ОРИЗАРИ ЈА ЗАВРШИ ТУРНЕЈАТА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Од 06-11ти јули Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари беше на турнеа во Босна и Херцеговина на покана од долгодишните пријатели од Младинскиот културен центар Босна Арт од Стјепан Поље, Грачаница кои беа организатори на Х-та Интернационална фолклорна смотра. Ансамблот имаше настап и на Фолклорна смотра Добој 2023 која се одржа на тврдината во истоимениот…

ВНИМАНИЕ СО ПАЛЕЊЕТО ОГНОВИ

Поради високите температури кои ќе ги има и во наредниот период  од Територијалната Противпожарна служба – Кочани, апелираат: „Апелираме до сите граѓани да се стрпат со палењето на огнови. Ова посебно се однесува во шумските предели, излетничките места и полињата. Се најавува дека овој топлотен бран ќе потрае подолг период па пожелно би било да…

ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ – 21. ИЗДАНИЕ ЗА ЕКИПАТА НА „АУТО ВЕЛТ“

Вечерва на повеќенаменското игралиште во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со одигрувањето на малото и големо финали и официјално се спушти завесата на годинешното 21. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал. Победни и освојувач на наградниот фонд од 60.000 денари и порипана на екипата на „Ауто велт“ која во доста интересен но на моменти…

МАРАТОНЕЦОТ БОШКО ИЛИЕВ ТРЕТПАТ ГО ПРЕПЛИВА ЕЗЕРОТО ГРАТЧЕ

По повод Петровден, кавадарчанецот Бошко Илиев, доктор специјалист по спортска медицина, пливаше во вештачката акумулација Гратче. Годинава на маратонецот Илиев му се придружија и професори по физичко од Кочани, а техничка поддршка му дадоа службите од Дирекција за заштита и спасување и од СЗР „Кочански рибар“. – Намерата  ми е да го промовирам пливањето како…

ПО ПОВОД ПЕТРОВДЕН – НАГРАДЕНИ НАЈУСПЕШНИТЕ УЧЕНИЦИ ВО КОЧАНИ

Во рамките на одбележувањето на Петровден, празникот на Кочани, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов организираше прием за првенците на генерацијата од основните и од средните училишта во Кочани и за учениците што добиле награди на државните и на меѓународните акредитирани натпревари. Во своето обраќање градоначалникот им ги честита на учениците постигнатите резултати, пренесувајќи дека…