All Posts By Славчо Ивановски

ПИНГПОНГАРИТЕ НА „КОЧАНИ“ ПОРАЗЕНИ НА СТАРТОТ НА ПРВЕНСТВОТО

Денес во Скопје во салата „Борис Трајковски“ започна годинешното првенство во Супер и Првата лига од Пингпонгарскиот шампионат. Пингпонгарите на „Кочани“ стартуваа со пораз против екипата на „Телеком Нец“, но самиот податок што се изборија да настапуваат во најелитното пингпонгарско натпреварување во Македонија доволно зборува за упорноста и квалитетот на момчињата од „градот на оризот“….

КУЛТУРНО-ЗАБАВНИ СОДРЖИНИ И ШТАНДОВИ ВО „ГРАДСКИ ПАРК“ ПОСВЕТЕНИ НА „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ“

Во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз – 2022“, во Градскиот парк се одржа културно-забавна програма на која настапија децата од четири и шестгодишна возраст од ДГ „Павлина Велјанова“, ученици од основните и од средните училишта во Кочани, членови на Студиото за модерни танци „Урбан кру“, најмладите состави од ФА „Мугри“ и КУД „Руен“,…

„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ 2022“ – ТРАДИЦИОНАЛНОТО ЗАЖНЕЈУВАЊЕ И ВРШИДБА НА ГУМНО ВО АТАРОТ НА СЕЛО ГОРНИ ПОДЛОГ

Утринава во с. Горни Подлог, поворка со гости од земјава и странство, членови на фолклорни друштва од Балканот, со македонска народна песна се упатија кон плодните оризови полиња спремни за жетва. Со благослови и народна песна зажнејувањето први го започнаа Здружението на пензионери од Кочани. По жетвата беше прикажан обичајот на вршидба, а во продолжение…

МЛАДИТЕ БОРАЧИ НА БК „СПАРТАК“ ЗАПОЧНАА СО ЖЕТВА НА МЕДАЛИ

Во организација на Боречкиот Клуб „Борец“ од Велес денес во спортската сала „Гемиџии“ во Велес се одржа традиционалниот Меѓународен меморијален турнир „Коцев Љубомир – Листон 2022“. Младите борачи на „Спартак“ од Кочани постигнаа извонреден резултат. Настапија со осум борачи кои освоија 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени медали. Милан Трендов во категоријата до 68…

КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“ ДВА ОД ДВА

Во организација на Карате федерацијата на Северна Македонија и Карате Клуб „Металург“, денес се одржа традиционалниот Меѓународен карате турнир „Никола Грддановски – Нике“. Каратистите на „Кочани“  учествуваа со двајца натпреварувачи и освоија две медали, од кои еден златен и еден бронзен. Наталија Карова во категоријата „јуниорки“ до 48 килограми го освои златниот медал, додека Лука…

ПРИЕМ ЗА ДЕЛЕГАЦИИ – ГОСТИ НА КОЧАНСКИ ДЕНОВИ НА ОРИЗОТ 2022

По повод 31-та манифестација „Денови на кочанскиот ориз 2022“, денеска градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов организираше прием на официјалните делегаци, гости од збратимените општини. Оваа година кочанчани се домаќини на гости од Општина Казанлак, Општина Перник и Општина Разлог од Република Бугарија, Општина Крижевци од Република Хрватска, како и Фолклорните Ансамбли од Црна Гора,…

ПРОМОЦИЈА НА НОВА ОПРЕМА И ТЕРЕНСКИ ВОЗИЛА

Денеска на Пониква, Осоговските Планини се промовираше новата опрема и теренски возила за управувачот со заштитените подрачја Осоговски Планини и Малешево – ЈП Национални шуми, кои се обезбедени во рамки на поддршката на Швајцарија преку Програмата за зачувување на природата (ПЗП). Зајакнувањето на капацитетите на ЈП Национални шуми за одржливо управување со заштитените подрачја Осоговски…

ОТВОРЕН ЦЕНТАР ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ВО КОЧАНИ

Во присуство на Ане Јохансен – Раководител на канцеларијата на СЗО (Светска здравствена организација) во Скопје, претставници од Министерството за здравство и вработени во Општа болница со проширена дејност – Кочани, денес Министерот за здравство на Република Северна Македонија Беким Сали го отвори „Центарот за ментално здравје“ при Општа болница со проширена дејност во Кочани….

ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ПОПРАВЕН ИСПИТ ЗА „ОСОГОВО“

Во Недела со почеток во 14:00 часот се играат натпреварите од Трета Фудбалска Лига – Исток. „Осогово“ по катастрофалното издание во Градско Балдовци каде загуби од домаќинот „Спартмани“ ја пречекува комшиската екипа на „Академија Чешиново-Облешево“. Факт е дека играчите на „Осогово“ ништо не одиграа во четвртото коло кога загубија со 0:1, факт е дека причина…

СТАРТУВААТ ПИНГПОНГАРСКИТЕ ПРВЕНСТВА, „КОЧАНИ“ ВО СУПЕРЛИГАТА

Во Недела со почеток во 10:00 во салата „Борис Трајковски“ во Скопје започнуваа годинешните натпревари во Супер и Прва Пингопонгарска лига за мажи. Пингпонгарите на Кочани по низа години конечно се најдоа во најелитното друштво во Македонија. Во Недела ќе го имаат својот прв натпревар како супер лигаши. Двојки од 01. коло: „Телеком Нец“ –…