КОЧАНСКА ЦРНА ХРОНИКА – ИЗМАМЕНИТЕ СИ ГИ БАРААТ ПАРИТЕ
На 22.05.2023 во 10.00 часот во Полициската станица Кочани, 47-годишна жена од Кочани пријавила дека пролетта 2022 година била измамена од Х.Д. од Кочани за сума од 500 евра. Според пријавеното, Х.Д. дошла во нејзиниот дом и ѝ побарала пари на заем за лекување на нејзиното дете, но до пријавувањето не ги вратила. Се преземаат…
ТИМОТ НА МАКБОТ ПИОНЕРИ ДОСТОЈНО ГО ПРЕТСТАВИ УЧИЛИШТЕТО, НАШИОТ ГРАД, НАШАТА ДРЖАВА
Со многу емоции, незаборавни искуства, спомени од прекрасно поминати денови, дружби со деца од цел свет од различни култури, стекнати нови пријателства, тимот на МакБот Пионери се врати од Светско првенство во склоп на First Lego League, кое од 18 до 21 мај се одржа во Маракеш- Мароко. На првенството учествуваа 66 тима од 54…
ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ПО ПОВОД НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАСИТЕ
Почитувани, Од мое лично име и од име на Општина Кочани, на сите припадници на влашката заедница им го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите, со желби за благосостојба, просперитет и успех во негувањето на влашката култура и традиција. Придонесот на Власите во севкупниот општествен живот на Македонија е значаен, за што изразувам…
ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ГО ОДБЕЛЕЖА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК
Скромно и достоинствено, учениците и наставничкиот кадар од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и неколку општински делегации со положување на цвеќе на бистата во дворот на училиштето го одбележаа патрониот празник на училиштето а воедно и Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј. Делегации од Општина Кочани, од ОУ „Св.Кирил и Методиј“, Сојузот на…
ВЕЧЕРВА И ОФИЦИЈАЛНО ЗАПОЧНА 60. ИЗДАНИЕ НА ДРАМСКИОТ АМАТЕРСКИ ФЕСТИВАЛ
Со театарската претстава „Синиот портокал“ во изведба на театарот од Велес „Јордан Х.К. Џинот“ вечерва во салата на НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани и официјално започна 60 издание на ДАФ (Драмски Аматерски Фестивал). Во пресрет на претставата беше свеченото отворање на фестивалот на кое свое обраќање имаше Кристина Атанасова Арсова – директор на годинешниот фестивал…
СО САМО ДВАНАЕСЕТ ИГРАЧИ НА ТРЕНИНГ ТЕШКО ДА СЕ ПОМИНЕ БАРАЖОТ
Иако до почетокот на бараж натпреварите во кои ќе учествува и „Осогово“ како првак во Трета Фудбалска Лига – исток остануваат уште пет дена состојбата во „Осогово“ која е присутна веќе месец дена останува непроменета. Ако по обезбедувањето на првото место Шефот на стручниот штаб Ефтим Аксентиев мораше да ги поминува тренинзите со 6 до…
ВО СПАСУВАЊЕТО НА ТРОЈЦАТА МОТОЦИКЛИСТИ УЧЕСТВУВАА И ЧЛЕНОВИ ОД ДПСС „ОСОГОВО“ ОД КОЧАНИ
Спасувањето на тројцата мотоциклисти кои во текот на вчерашниот ден се загубиле на планината Плачковица е една од главните вести на денот. Некои медиуми намерно или не во своите известувања сакаат да споменат дека во мисијата за спасување учествуваше и ДПСС (Доброволната планинска спасувачка служба) „Осогово“ од Кочани. „Утринава во 03:15 часот бевме известени од…
ВРЕМЕ Е ЗА АКЦИЈА – ЧИСТЕЊЕ НА РЕЧНОТО КОРИТО НА ИЗЛЕЗОТ ОД ГРАДОТ
Време е за акција – чистење на речното корито на излезот од градот, поточно од „Железнички мост“ кон излезот од градот. По обилните врнежи од дожд речното корито на „Кочанска река“ од „Железнички мост“ па надолу изгледа застрашувачки. Тревата е доста висока, реката не е исчистена а наидуваат толи денови кои ќе бидат убава подлога…
ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – ПОКАНА НА ПРЕТСТАВА
Почитувани граѓани на Општина Кочани ве покануваме на представа која ќе се одржи на 26.05.2023год. (петок) во НУЦК ,,Бели Мугри” – Кочани во 16:30 часот која ја организира ООУ ,,Никола Карев” – Кочани подржана од ДАФ под менторство на наставничката Кате Синадинова и нејзините сорботници наставниците Љупка Стојменова Ангелина Катмерова Алексова и Радмила Божиновска со…
ПРИ ПАД ОД МОТОЦИКЛ СЕ ЗДОБИЛ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ
На 21.05.2023 во 15.35 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Лазо Стоименов“, И.С.(32) од Кочани, управувајќи мотоцикл „кимко“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. По несреќата, И.С. бил пренесен во Општа болница Кочани, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од Полициска станица…