All Posts By Славчо Ивановски

ГОСПОДА, И ОВА Е ДЕЛ ОД КОЧАНИ

Овој пат решивме да не објавуваме никаков текст во прилог на фотографиите се со цел да не создаваме нервоза кај некои функционери и да не им го нарушиме кредибилитетот кој како што велат го имаат пред претпоставените. За да не им ги истргнуваат ушите само би додале, и овие фотографии се дел од Кочани и…

ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ – ЗАПОЧНА ИМУНИЗАЦИЈАТА ЗА СЕЗОНСКИОТ ГРИП

Почитувани, Деновиве започнува имунизација за сезонски грип. Вакцинацијата против сезонскиот грип е најефикасна мерка за превенција на грипот, бидејќи ја спречува појавата на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичната група граѓани. Бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна и е наменета за следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со…

ПОТПИШАН КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР МЕЃУ СИНДИКАТОТ НА УПОЗ И ОПШТИНА КОЧАНИ

Денеска во просториите на Општина Кочани, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Локалната самоуправа на Општина Кочани, Суад Мехмед го потпишаа Колективниот договор на Општина Кочани. Со потпишувањето на овој колективен договор се уредуваат обврските, правата и другите прашања во врска со…

ОДРЖАНА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА 2023 ГОДИНА

Синоќа, во Мултикултурниот центар во Кочани, со почеток во 19 часот се одржа Јавната расправа за нацрт-буџетот на Општина Кочани за 2023 година, со цел да овозможи што поголема вклученост на граѓаните во креирањето на Буџетот за идната година. Присутните граѓани даваа предлози од јавен интерес поврзани со надлежностите на Локалната самоуправа: урбанистичко планирање, уредување…

ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – НОВИТЕ КАНЦЕЛАРИИ НА СОЦИОЛОГОТ И ДЕФЕКТОЛОГОТ ПУШТЕНИ ВО УПОТРЕБА.

Во употреба е пуштена новата канцеларија на училишниот Социолог, комплетно нов уреден простор за потребите на нашето училиште. Со ова докажуваме дека работиме за интересите и потребите на училиштето на нашите наставници и ученици. Исто така денес во употреба ја пуштивме новата канцеларија на училишниот Дефектолог, простор кој беше користен како остава на непотребни и…

ПАРКИРАЊЕ КОЈ КАДЕ ЌЕ СТИГНЕ, А КАЗНИ НЕМА!

Ова е нашето секојдневие. Каде нема знаци можеби и не е исправно да се изрекуваат казни, но онаму каде што некој ги поставил сообраќајните знаци а учесниците во сообраќајот не ги почитуваат,  тогаш казни мора да има. Ова е од денес, паркирање според сите сообраќајни „прописи“ на само 5-6 метри од зградата на Локалната Самоуправа….

КОНКУРС ЗА ОБУКА НА ЖЕНИ ЗА БРЕНДИРАЊЕ, ПАКУВАЊЕ И ПРОДАЖБА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ

До крајот на годината, Општина Кочани во соработка со Фондацијата ЦЕЕД Македонија, ќе ја реализира последната од серијата тематски обуки за економско јакнење на жените. На веб-страницата на Општина Кочани е објавен конкурсот за обука на жени за брендирање, пакување и продажба на земјоделски производи. Во дводневната онлајн обука ќе бидат опфатени 20 жени кои…

ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, КОЧАНСКА ЕРУПЦИЈА ВО ДЕРБИ НАТПРЕВАРОТ

Се одиграа натпреварите од 6-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. На шесте средби беа постигнати вкупно 31 погодок или во просек 5,17 по натпревар. Во дерби натпреварот на првопласираните две екипи што се одигра во Свети Николе, заслужена победа на гостите од Кочани 2:4 (2:2). Играчите на тренерот Ефтим Аксентиев ја прикажаа можеби…

ПИНГПОНГАРИТЕ НА „КОЧАНИ“ ПОРАЗЕНИ ВО ВОРОТО И ТРЕТОТО КОЛО

Се одиграа натпреварите од второто и третото коло во Супер Пингпонгарската Лига на Македонија. Кочанчани во двата натпревари претрпеа идентичен пораз 1:4. Најпрвин со 1:4 беа поразени од екипата на „Берово“ (второ коло) а со ист резултат во третото коло беа поразени од екипата на „Младост’96“. Комплетни резултати од денешните натпревари: Второ коло: Берово- Кочани….

СООБРАЌАЈКА ВО КОЧАНИ СО ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ

На 15.10.2022 околу 15.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на импровизирана патека во близина на ул.„Македонска“ во Кочани, К.Ѓ.(65) од Кочани, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола над мотоциклот и паднал. Од здобиените повреди, К.Ѓ. починал на местото, а смрт констатирала медицинска екипа. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од…