All Posts By Славчо Ивановски

НА 10 ДЕКЕМВРИ – ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ-БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА 2022 ГОДИНА

Согласно одредбите од Законот за локалната самоуправа и Законот за буџет, Општина Кочани организира јавна расправа по програмите и нацрт-буџетот за 2022 година. Граѓаните ќе можат да расправаат и да даваат предлози од јавен интерес поврзани со надлежностите на Локалната самоуправа: урбанистичко (урбано и рурално) планирање и уредување на просторот и уредување на градежното земјиште; заштита…

РАСПИШАН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА МЛАДИНСКИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

По одржаната трета седница на Локалното собрание на млади на Општина Кочани на 26 ноември 2021 година, од страна на членовите на Собранието, беше изгласано повторно распишување на јавниот повик за пријавување членови на Младинскиот совет на Општина Кочани, заради недоволен број номинирани кандидати на претходно распишаниот јавен повик во месец јули годинава. Новораспишаниот јавен…

НОВИ САДНИЦИ НА УЛИЦАТА „ТОДОСИЈА ПАУНОВ“ – КОМПЕНЗАЦИСКО САДЕЊЕ НА ДРВЈА

На улицата „Тодосија Паунов“ на пешачката зона, место на коешто е предвидено и засадување зелена површина, односно дрвја, се засадени низа дрвја кои го разубавија овој простор. Имено, согласно Законот за урбано зеленило, за сечење дрвја во градежна парцела сопственост на физички и правни лица потребно е претходно да се поднесе барање до општината. По…

ПРИВЕДЕНИ ТРИ ЛИЦА ЗА НЕОВЛАСТЕНО ДРЖЕЊЕ НА ОРУЖЈЕ

На 28.11.2021 од страна на полициски службеници од ОВР Кочани лишени се од слобода Б.Д.(31) од с.Бања, И.Ј.(41) од с.Чешиново, Општина Чешиново – Облешево и Д.Д.(25) од с.Бања, кочанско. Имено, по претходно добиени сознанија дека на подрачјето на Кочани се вршат прекршоци по чл.80 од Законот за оружје и кривични дела во врска со неовластено…

ЗГ “ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ОД КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖАА 29-ТИ НОЕМВРИ РОДЕНДЕНОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА

Годините минуваат, навики остануваат па така денес членовите на ЗД „Јосип Броз ТИТО“ од Кочани останаа верни на традицијата, го прославија денешниот ден 29-ти Ноември, роденденот на некогашната држава, Југославија. Колона од десетина возила украсени со тробојката на Југославија и Македонското знаме продефилираа низ улиците во централното градско подрачје. Сирените од нивните возила го најавија…

ОДРЖАНА ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Локалното собрание на млади на Општина Кочани, денеска во салата за состаноци на Општина Кочани ја одржа третата седница. Поради тоа што на претходниот јавен повик кој беше распишан на 01.07.2021 година и траеше 15 дена од денот на распишување немаше доставено доволен број пријави, т.е. доволен број номинирани кандидати за членови на младинскиот совет,…

ЗЛАТО И СРЕБРО ЗА ЏУДИСТИТЕ НА „ГЛАДИЈАТОР“ ОД КОЧАНИ

Во организација на Џудо Федерацијата на Македонија, денес во Скопје се одржа „Државното првенство за деца и млади до 23 години“. На првенството ЏК „Гладијатор“ од Кочани учествуваше со 5 натпреварувачи кои освоија еден златен и еден сребрен медал. Првото место и златниот медал во категорија + 50 килограми се најде на градите на Габриел…

КОЧАНЧАНКИ ПРОДОЛЖУВААТ СО ПОБЕДОНОСНИОТ ЧЕКОР

Младата и полетна екипа на ЖФК „Кочани“ продолжува победоносно да чекори во Втора Фудбалска Лига – за жени. И во третиот натпревар кочанчанки одиграа сигурно и ефикасно. Во рамките на четвртото коло (еден натпревар не се одигра) ја забележаа и третата последователна победа и тоа повторни без примен гол. Девојчињата на тренерот Оливер Јовановски денес…

ГОЛЕМ ПОЖАР ОД ЗАПАЛЕНО СТРНИШТЕ, ПОЖАРНИКАРИТЕ СЕ БОРАТ ДА ЈА СПАСАТ ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА

Пожарот кој избувнал некаде околу 12:30 часот и е на потегот околу пречистителната станица од минута во минута е се поголем и се повеќе се приближува и ја загрозува пречистителната станица. Две возила, 4 пожарникари и повеќе доброволци се на терен и борба водат со огнената стихија се со цел да ја спасат пречистителната станица….

СООБРАЌАЈКА КАЈ „ПОДЛОШКА КРСТОСНИЦА“, ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ

На 28.11.2021 во 00.10 часот од Итна медицинска помош Кочани е пријавено дека на пат во изградба во близина на место викано ,,Подлошка крстосница“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило ,,бмв“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(21) од Кочани и мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од 14- годишен малолетник…