„УЧИ, ИСТРАЖИ И ИСКУСИ СО ЕРАЗМУС+ И NEXT GENERATION“
Караванот за промоција на младински размени "Учи, истражи и искуси" на невладината организација Next Generation денес оддржа презентација во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани. Целта на овој настан е запознавање на учениците и младите со целите на Еразмус+ програмата, презентирање на проектите и активностите на невладината организација Next Generation, како до полесно аплицирање за проекти,…
ИМА ЛИ ОПАСНОСТ ОД НЕЗАШТИТЕНИТЕ ПРЕСЕЧЕНИ КАБЛИ?
Интересни фотографии се направени денес на левиот кеј на „Кочанска река“ од мостот кај „Шопинг центарот“ па се до мостот кај „Паркот на Револуцијата“. Старите канделабри кои беа поставени на овој потег се извадени, каблите кои пренесуваа електрична енергија се пресечени но не се изолирани. Граѓаните со право прашуваат, дали има проток на електрична енергија…
ДО КОГА НА ИДИОТИТЕ ЌЕ ИМ БИДЕ ДОЗВОЛЕНО ДА СЕ ЗАБАВУВААТ?
Фотографиите се од дворот на ООУ „Никола Карев“ во Кочани направени денес. Еве од самите фотографии јасно се гледа што може да направи домашното воспитување, алкохолот или дрогата со човекот (доколку пред тоа го имал тој епитет) бидејќи некој со здрав ум не прави вакви глупости. Кој и да повикаме од надлежните во јавноста веќе…
РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕТО НА ОО НА СДСМ ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО
Почитувани OO на СДСМ Чешиново – Облешево, Очигледни се Вашите обиди за манипулирање со населението, не повикувате и барате одговор за објава за проект – Детско игралиште со реквизити и опрема во која јасно е наведено дека на 16.05.2022год., е потпишан Договорот за примопредавање на донација. За Ваше запознавање со цел да не дозволиме се…
НА 20 И 21 МАЈ – КОНЦЕРТИ НА „ПИЈАНО ТРИО“ ВО КОЧАНИ И ВО ВИНИЦА
В петок и сабота, на 20 и 21 мај „Пијано трио“ ќе одржи концерти во Кочани и во Виница. Тројцата академски музичари Диана Мирчевска (виолина), Верица Ајтовска (виола) и Иван Трајковски (пијано) ќе изведат атрактивни дела од Дмитриј Шостакович и Астор Пјацола. „Публиката ќе има можност да ги слушне „Пет дела за две виолини и…
НА 23 МАЈ ЛАРВИЦИДЕН И ТРЕТМАН ОД ЗЕМЈА ЗА ЗАШТИТА ОД КОМАРЦИ
В понеделник, на 23 мај 2022 година во Кочани ќе се спроведе првиот ларвициден третман против комарци. Третирањето ќе се врши по течението на Кочанска Река, од градот кон браната Гратче, потоа низводно од градот и на локации со застојани води, на вкупна површина од 6 хектари. Вечерта, од 20 ч. до 01 ч. по…
ОК НА ВМРО ДПМНЕ – ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО, ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА ФУНКЦИЈАТА ПРЕТСЕДАТЕЛ
На вчерашниот состанок на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Чешиново Облешево, во присуство на голем број членови и симпатизери, на пригоден начин се изврши примопредавање на функцијата претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Чешиново Облешево. Досегашниот претседател и актуелен градоначалник на општина Чешиново Облешево Далибор Ангелов, се осврна на досегашното успешно работење и му посака плодна и успешна…
IN MEMORIAM
Синоќа во Кочани во 71 година од животот почина Киро Герасимов. Герасимов остави длабоки траги во кочанското издавачко творештво. Беше поет, новинар, публицист и преведувач за што имаше добиено голем број признанија како во општината, во Македонија, така и надвор од неа. Кочанската јавност ќе го памети по големиот број на издадени книги од речиси…
СК „АКАДЕМИЈА ТОШЕВ“ УЧЕСТВУВАШЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР „ЧИКА ЦОНЕ“ НА КОСОВО
За време на викендот Спортскиот Клуб „Академија Тошев“ од Оризари учествуваше на Меѓународниот Фудбалски Турнир „Чика Цоне“ што го организираше ФК „Космет“. На турнирот „Академија Тошев“ пријави две генерации 2009 и 2013. Во првата група освен „Академија Тошев“ учествуваа и екипите „Грачаница“, „КМФ Рашка“ и „Колашин“ додека во втората група беа екипите на „Јуниорс“, „Космет“,…
ПРОМОЦИЈА НА СТИХОЗБИРКАТА „НЕКОГАШ НЕКАДЕ“ ОД ЈАНЕ АТАНАСОВ
Вечерва во просториите на ЈО Библиотека „Искра“ во присуство на роднини и пријатели и секако љубители на убаво напишаниот збор беше промовирана стихозбирката „Некогаш Некаде“ чиј автор е Јане Атанасов. Свое обраќање пред присутните имаше м-р Љупка Стојменова, која е промотор на книгата, а извадоци од стихозбирката читаа ученици од училиштата во Кочани. С. Ивановски