All Posts By Славчо Ивановски

РАБОТЕН СОСТАНОК СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА СЕКО

Денеска во просториите на Општина Кочани се одржа работен состанок меѓу градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, Клиф Хамер, регионален советник за инфраструктура и животна средина при Швајцарската амбасада и Станислава Додева, претставник од СЕКО. На работниот состанок се разговараше за сите активности кои досега беа спроведени и извршени, како и за тековните проекти. Станува…

ФАТЕН ДРВОКРАДЕЦ, ВОЗИЛОТО И ДРВАТА ЗАДРЖАНИ ОД ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈА

На 20.01.2022 полициски службеници од ОВР Кочани во содејство со Шумска полиција Кочани, при контрола на патничко возило „исузу“, со винички регистарски ознаки, управувано од Е.А.(30) од Виница, пронашле огревни дрва без соодветна документација. Од страна на Шумска полиција дрвата и возилото биле одземени за понатамошна постапка. ИЗВОР: Дневни билтени на СВР Штип

ГОЛОСЕК – НА РЕД ДОЈДОА ДРВАЦАТА ВО КРУГОТ НА „ФИЛТЕР СТАНИЦАТА“

Има ли крај на ова лудило што ни се постојано случува во општината. Ќе се најде ли некој соодветен орган во кого вработените си земаат добри плати а за ништо „мува не ги лази“. По запалувањето на Градската депонија (така изјави в.д. директорот на КЈП Водовод), по постојаното палење на стрништата, по бесправниот голосек на…

РЕАКЦИЈА НА ОБЈАВАТА НА ОО НА СДСМ – КОЧАНИ ОД ЛИЦЕ ЗА ПОДДРШКА ВО СПОВЕДУВАЊЕ НА КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ

Според извршениот увид на лице место, утврдено е дека именуваниот објект е наменет за живинарска фарма и постои подолго време. Поради непогоди од невреме и лоши временски услови, оштетена е кровната конструкција и затоа од страна на сопственикот се извршени лимарски работи, опшивки. Задолжените служби од Општина Кочани беа благовремено известени за сите планирани активности и…

ФАТЕНИ ПЕТ МИГРАНТИ ОД СИРИЈА

На 19.01.2022 во 23.30 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани на магистралниот пат Делчево-Штип, кај бензиската пумпа во близина на с.Чешиново, затекнале пет мигранти од Сирија, кои биле предадени во Прифатно-транзитниот центар ,,Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка. С. Ивановски

ФОРМИРАН ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Локалното собрание на млади на Општина Кочани во соработка со Општина Кочани, по распишаниот јавен повик за членство во Младинскиот совет на Општина Кочани, во просториите на Мултикултурниот центар одржа седница на која беа избрани членовите на Локалниот младински совет. Номинираните кандидати на самата седница кратко им се претставија на делегатите од Локалното собрание на млади…

ОО НА СДСМ – КОЧАНИ, РЕАКЦИЈА НА ДЕМАНТОТ НА СОВЕТНИКОТ ВАСЕ АЛЕКСОВ – ПРЕД ФАКТИТЕ И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ!

Почитувани сограѓани, Најтранспарентно укажуваме и повикуваме на одговорност, а советникот Ване Алексов не само што сам си се пронаоѓа во приказната, туку и продолжува да ја манипулира цела кочанска јавност изнесувајќи неточни информации. Човек не треба да е стручен за да отвори и согледа информации достапни за сите, ама очигледно нè потценуваат сите нас надевајќи…

ГФК „ОСОГОВО“ СТАРТУВАШЕ СО ПОДГОТОВКИТЕ

Дали случајно или не на големиот празник „Богојавление“ фудбалерите на „Осогово“ од кочани ги започнаа подготовките за пролетниот дел од првенството во Втора Фудбалска Лига – Исток. Шефот на стручниот штаб Александар Андов на првата прозивка не можеше да смета на сите играчи бидејќи некои оправдано го најавија своето отсуство, но како што истакна од…

ВОДИЦИ – ОСВЕТЕНИ ВОДИТЕ НА „КОЧАНСКА РЕКА“, КРСТОТ ВО РАЦЕТЕ НА ДАЛИБОР СТОЈАНОВ

Во присуство на  неколку илјади Кочанчани а по повод големиот Христијански празник „Богојавление – Водици“ денес со фрлање на крстот од „Крушарскиот мост“ беа осветени водите на „Кочанска Река“. Крстот во водите го фрли Митрополитот Брегалнички, Господин Иларион а од 29 капачи најбрз и најсреќен беше Далибор Стојанов. Пред свеченото одбележување на „Водици“ во православниот…

И ВЛАТКО ИВАНОВ – ДИВИДИЈА ЈА ИСТАКНА СВОЈАТА КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ КОЧАНИ

Како изминува оваа седмица така расте и бројот на кандидати за иден Претседател на ОО на СДСМ – Кочани. Својата кандидатура за претседател на ОО на СДСМ – Кочани ја има поднесено и Влатко Иванов – Дивидија долгогодишен член на партијата. Со неговата кандидатура бројката е веќе на четири кандидати а кој од нив ќе…