All Posts By Славчо Ивановски

ОДЛУКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИИ НА СТУДЕНТИ ОД ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА СТУДИСКАТА 2021/2022 ГОДИНА

Вкупно 21 студент добија општинска стипендија од 3.000 ден (за еден студент) кои ги исполнуваат условите пропишани во Правилникот за стипендирање. До крајот на годината, сите студенти ќе бидат дополнително повикани на доделување и потпишување на договирите за користење на стипендиите. При потпишувањето на договорите потребно е студентите да ја приложат својата трансакциска сметка. Одлуката…

АЛЕКСАНДАР АНДОВ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОФС КОЧАНИ

На одржаното Изборно Собрание на ОФС Кочани кое вечерва се одржа во салата на „Мултикултурниот Центар“ Александар Андов е избран за нов претседател на ОФС – Кочани. Така гласаа сите 19 присутни делегати, и во наредните четири години Андов ќе го претставува ОФС Кочани. Делегатите одлучија негов заменик односно Потпретседател да биде Оливер Јовановски. Новиот…

ОДБЕЛЕЖАНИ 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

Денеска во просториите на ЈОУБ „Искра“ – Кочани, со почеток во 12:00 часот, беше одржана манифестација по повод 100 години од раѓањето на великанот Блаже Конески. Беа прогласени и наградени ученици од литературниот конкурс на тема „Твориме во чест на ликот и делото на Блаже Конески“, а беше отворена и изложбата на тема „Творештвото на…

ПОКАНА ЗА ЈАВНА ДЕБАТА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ RELOAD2

Во рамките на проектот ReLOaD2 што го реализира Општина Кочани со Програмата за локална демократија – УНДП, на 21.12.2021 година (вторник), со почеток во 12,00 часот, во салата на Советот на општина Кочани (венчална сала), ќе биде одржана Дебата со граѓанските организации од општина Кочани за приоритети на проектите, со цел успешна соработка и имплементирање проекти кои се од…

НА КРАЈОТ ОД ЕСЕНСКИОТ ДЕЛ НА ПРВЕНСТВОТО, „ОСОГОВО“ НА СЕДМОТО МЕСТО

Со одигрувањето на двата заостанати натпревари од 15-тото коло, денес и официјално беше спуштена завесата во Втора Фудбалска Лига – Исток. Поради врнежите на снег и дожд и немањето услови за игра во саботата беа одлежени два натпревара „Детонит Јуниор“ – „Осогово“  и „Кожуф“ – „Братство“. Денес во Радовиш на теренот кој повеќе личеше на…

СВР ШТИП: ПОРАДИ НАРУШЕН ЈАВЕН РЕД И МИР ПРЕКИНАТ НАТПРЕВАРОТ НА ДВАТА СКОПСКИ ЏУДО КЛУБА ВО КОЧАНИ

На 12.12.2021 во 12.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека спортскиот настан – Државно екипно првенство во „Џудо“ на Република Северна Македонија организиран од џудо клубот „Гладијатор 2016“ од Кочани во спортската сала од Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ во Кочани, поради нарушен јавен ред и мир и влегување на терен од неовластени…

УЧЕСНИК ВО СООБРАЌАЈКАТА И ВОЗИЛО ШТО ТРАНСПОРТИРАЛО МРТОВЕЦ

На регионалниот пат Штип-Делчево во непосредна близина на обиколницата кај Кочани денес околу 13:00 часот се случи сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила, од кои едното „Форд“ со Германски регистарски таблички, а другото „КИА“ со Делчевски регистарски таблички. Патничкото моторно возило „КИА“ кое се движело во правец кон Делчево транспортирало починато лице….

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОСТВАРИ ПРВАТА ПРИЕМНА СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ

Денеска во просториите на општинската зграда, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ја оствари првата приемна средба со граѓаните на Општина Кочани. Беа опфатени и дискутирани теми, проблематики и прашања во однос на инфраструктурата, комуналните работи, социјалната сфера и останати. Ваквите приемни средби ќе се применуваат редовно и во иднина, односно секој вторник од 12…

МНОЗИНСТВОТО ВО СОВЕТОТ ГИ ПОДЕЛИ ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Не помина многу, а веќе на третата седница на Советот на Општина Кочани се покажа дека мнозинството во Советот  по се изгледа е решено до крај и во сé да ја брани агендата што им ја ветиле на дел од населението во Општина Кочани за време на кампањата. Имено по првата точка  од дневниот ред…

САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА АКАДЕМСКАТА УМЕТНИЦА АЛЕКСАНДРА ДИМИТРОВА

Денес во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница беше отворена изложбата „Нова димензија во создавање 1“ од академската уметница  Александра Димитрова од Кочани. Најновиот ликовен циклус на академската уметница Александра Димитрова, работен во периодот на 2021 година под наслов „Нова димензија во создавање 1“, претставува продолжеток на еден творечки концепт кој уште од 2018…