ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА ИСЧЕЗНАТОТО МОМЧЕ
Штотуку пристигна информацијата дека е пронајдено исчезнатото младо момче. Момчето за кое 24 часа трагаше полицијата, пожарникари од ТППЕ – Кочани како и од Доброволното противпожарно друштво – Кочани, потпомогнати и од дел на населението пред малку беше пронајдено, за жал без знаци на живот. Момчето кое изминатите денови работело на поставување на Фотоволтаични панели…
ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ГО ОДБЕЛЕЖА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК И ГИ ПРОГЛАСИ ПРВЕНЦИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА
Со пригодна програма во холот на училиштето, денес ОУ „Св. Кирил и Методиј“ на достоинствен начин го одбележа својот патрон празник. По интонирањето на Македонската химна свое обраќање пред присутните гости имаше директорот на училиштето Даниел Кралев. „Нашето училиште континуирано бележи успеси од самите негови почетоци па се до денес. Се афирмираме на сите полиња…
ИЗЧЕЗНАТО ЛИЦЕ, ПОЛИЦИЈАТА ВО МОБИЛНА СОСТОЈБА
Како што дознаваме Кочанската полиција е мобилизирана по информацијата за исчезнато лице и истата е во потрагата на младото момче на кое од сношти му се губи трагата. Имено исчезнатиот работел како монтер на поставување Фотоволтаични панели на јужната периферија од градот. Од неговата компанија ја информирале полицијата дека неговото службено возило стои онаму каде…
ГЕРИЛА АКЦИЈА НА „ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ“
Ако досега дел од „ноќните птици“ вршеа герила акција со расфрлање на смет каде ќе им текне, со уништување на заеднички добра, еве денес на еден од најголемите Македонски празници, на денот на „Денот на просветителите“ акцијата е изведена малку поцивилизирано. Имено на столбовите на излезот од градот се веат двете знамиња и официјалното и…
ГЕРИЛА АКЦИЈА – „КОНТЕЈНЕРИ“
Нова локација, нова герила акција, стари навики. Повторно ноќни лудории, повторно расфрлање смет на сите страни, па дури и наопаку свртени контејнерите кои се токму да го собираат сметот. Очигледно некој сака Кочани да биде нечист град и да си поигрува со чувствата на оние кои Кочани си го познаваат како еден од најчистите градови…
ВЕЧЕРВА ВО КОЧАНИ ПОЧНУВА 59. ДРАМСКИ АМАТЕРСКИ ФЕСТИВАЛ
Од вечерва до 29 мај во Кочани ќе се реализира 59. издание на Драмскиот аматерски фестивал, на кој ќе настапат девет домашни и три театарски групи од Република Србија. Пред свеченото отворање членовите на Управниот одбор на ДАФ на прес конференција истакнаа дека се свесни дека уметноста е подолга од просечен човечки живот, поради што целта на манижфестацијата е да се прикажат уметнички…
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПЛАНИРАНОТО ЗЕМЈЕНО ТРЕТИРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОМАРЦИ
Заради неповолните временски услови, земјеното третирање за заштита од комарци кое беше предвидено за денеска 23.05.2022 се одложува. За натамошните активности граѓаните дополнително и навремено ќе бидат информирани. Општина Кочани
ТРИ МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“ НА „ОХРИД ОПЕН 2022“
Во конкуренција на 600 натпреварувачи од десет држави каратистите од Карате Клуб „Кочани“ освоија 3 медали, 1 сребро и 2 бронзи. На Меѓународниот карате турнир „Охрид Опен 2022“ кочанчани учествуваа со осум натпреварувачи од кои Иван Арсов во категоријата кадети +70 килограми го освои сребрениот медал по загубеното финале од претставникот на Грција, додека Лука…
МЕЃУНАРОДЕН ЏУДО НАТПРЕВАР, ГЛАДИЈАТОР СО ДЕВЕТ МЕДАЛИ
Во организација на Џудо Федерацијата на Република Северна Македонија во Скопје се одржа Меѓународен џудо натпревар. Во конкуренција на 180 натпреварувачи џудистите на „Гладијатор“ од Кочани освоија 9 медали,од кои четири сребрени и 5 бронззени. Милан Станоев, Лазар Нацев, Дамјан Крстов, Марко Максимов се закитија со сребрените медали, додека бронзите се најдоа на градите на:…
„КОЧАНИ Е КАКО ЧЕРНОБИЛ“ – ГЕРИЛА АКЦИЈА НА КОЧАНСКИТЕ ЕКОЛОГИСТИ
Кочански екологисти, членови на Иницијативата за чист воздух во Кочани денес спроведоа герила акција пред Локалната самоуправа на Кочани, за да го искажат незадоволството на граѓаните на Кочани поради повторното чадење на Градската депонија над Кочани. Пред зградата на Локалната самоуправа тие поставија инсталација од црни стебла од сончоглед и рентгенски снимки од оштетени органи…