ВЛАДИМИР ЕГОРОВ ЕВРОПСКИ ШАМПИОН ВО БОРЕЊЕ
Убави вести пристигнаа од Будимпешта. Борачот на БК „Балканец“ од Штип Владимир Егоров е Европски Шампион во категоријата до 57 килограми. Егоров пред малку во големото финале успеа да го совлада борачот од Азербејџан Алиабаз разаде со 8:6 и да го освои златниот медал. Инаку Егоров во 1/4 финалето го совлада претставникот на Германија со…
ОДРЖАНА ЕДНОДНЕВНА ИНФОРМАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ИПАРД 3 ПРОГРАМАТА
Во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа еднодневна информативна работилница за ИПАРД 3 програмата за рурален развој на која беа презентирани мерките за финансирање на проекти од ИПАРД програмата. На работилницата беше презентирана третата ИПАРД програмa преку која може да се финансираат инвестиции на земјоделските стопанства за подобрување на материјални средства во инвестиции во објекти…
КАКО ДА ЈА ПОДЗАБОРАВИВМЕ ХИДРОЦЕНТРАЛАТА НА МАЛА РЕКА
Очите на екологистите и на Кочанската јавност моментно се свртени кон најголемиот загадувач на воздухот и водата „Пејпар мил“ за што сведочи и веќе закажаната Јавна трибина за во Четврток (30 март). Тоа си е во ред, сите очи и мисли се насочени кон „Пејпар Мил“ но како да ја подзаборавивме желбата на некого за…
ДРАМАТА ВО СКОПЈЕ ЗА КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“
Во последното коло од регуларниот дел на првенството во Трета Кошаркарска Лига – Исток, во еден драматичен и крајно неизвесен натпревар кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ успеаја да го совладаат „Вардар“ во Скопје 85:79 дури во продолжението откако во регуларниот дел натпреварот заврши 72:72. Првите две четвртини им припаднаа на домаќините кои на полувреме заминаа…
СТАРТУВАШЕ ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ОДИГРАНИ САМО ДВА НАТПРЕВАРИ
По доста најави и одложувања во неделата започнаа натпреварите од Трета Фудбалска Лига – Исток во која првично беа најавени шест екипи а подоцна наводно уште две, но за жал во неделата во првото голо се одиграа само два натпревари Во Берово на натпреварот „Малеш“ – „Чешиново“ мрежите мируваа а додека во Карбинци, екипата на…
СЛАВЕЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИТЕРАТУРАТА ЗА ДЕЦА
Од денес до Петок во Кочани во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ започна одбележувањето и реализацијата на проектот „Славење на Меѓународниот ден на литературата за деца, Другарувањето со книгата ни е песна – Фестивал на децата, книгата и музиката“. По тој повод денес се одржаа неколку манифестации од кои секоја си имаше посебно место во…
ЈАВНА ТРИБИНА ЗА ЗАГАДЕНОСТА КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД РАБОТЕЊЕТО НА ПАЈПЕР МИЛ
Се известуваат сите граѓани, институции и невладини организации од Општина Кочани дека на ден 30.03.2022 година со почеток во 18:00 часот во салата на Мултикултурниот центар – Кочани, ќе се одржи Јавна трибина во врска со загаденоста на воздухот, водата и почвата како последица од работењето на фабриката Пејпер Мил во Кочани. Се повикуваат сите…
ИЗВРШЕНО ПРЕСПОЈУВАЊЕ НА ПРВИОТ РЕКОНСТРУИРАН ДЕЛ НА ГЛАВНИОТ ЦЕВКОВОД
По вчерашниот повеќечасовен прекин на водоснабдувањето низ територијата на целата општина, извршено е преспојување на првиот реконструиран дел на главниот цевковод во близина на бунарскиот систем кај главната пумпна станица ,,Грдовски орман“. Извршената замена на главниот потисен цевковод опфаќа реконструкција од Грдовски орман до Клучка 1, во должина од 2.200 метри. Реализацијата на овој проект…
ИНТЕРВЈУ: ЏЕВАТ АЗИЗОВ, ВРАБОТЕН ВО ТЕКСТИЛНА КОМПАНИЈА „ДЕЛТЕКС“
КОЈ САКА ДА РАБОТИ, ТОЈ ЌЕ ИМА Во компанијата Делтекс работите повеќе од две години. Што значи ова за Вас како млад човек кој одлучил да живее и егзистира во Кочани? „Тука ми е супер. Одлично сум прифатен од сите. Работата за мене значи осамостојување и подобар живот, не сум зависен од никого и сам…
РУИНИРАН „СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА“, КОГА ЌЕ ПРОРАБОТИ ПРАВНАТА ДРЖАВА?
Лудориите кои се занемаруваат а секој ден и секоја ноќ се случуваат само нанесуваат штета на заедничкото добро без да има некакви санкции по сторителите. Фотографиите се направени на „Споменикот на слободата“ каде се гледаат графити со непристојни содржини со кои е исшаран целиот споменик а мермерните плочи пред него и на скалите е речиси…