ЏК „ГЛАДИЈАТОР“ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО СОФИЈА
Денес во Софија се одржа меѓународен натпревар во традиционално Џудо каде членовите на ЏК „Гладијатор“ од Кочани настапија со 3 натпреварувачи и се закитија со три места и тоа: Христијан Павлов 1 место, Дамјан Крстов 2 место, Ненад Максимов 3 место. Исто така Дамјан Крстов беше прогласен за најдобар техничар на турнирот. Покрај овој настан…
ПИНГПОНГАРИТЕ НА „КОЧАНИ“ НА ЧЕКОР ДО ПЛЕЈ-ОФ НАТПРЕВАРУВАЊЕТО
Во рамките на 13-тото коло од Првата Пингпонгарскалига, пингпонгарите на „Кочани“ убедливо ја совладаа екипата на „Крушево“ со 4:0. Победата добива на тежина ако се знае дека „Крушево“ им е еден од директните конкуренти на кочанчани за плеј-оф натпреварите преку кои се обезбедува пласман во Супер пингпонгарската лига на Македонија. Убав успех на ветераните на…
„БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ ГО ЗБРИША „ДИБРО ИГЛС“ ВО ПРВИОТ ЧЕТВРТФИНАЛЕН НАТПРЕВАР
Кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ од Кочани во една фуриозна игра го збришаа „Дибро Иглас“ од Дебар во првиот четврт финален натпревар во разигрувањето во Трета кошаркарска лига на Македонија. Кочанчани заслужено славеа 109:73 (23:18; 26:16; 34:20; 26:19) со што направија голем исчекор за пласманот меѓу четирите екипи во Македонија. Самиот резултат по четвртини кои…
КОЈ И ЗОШТО ОТСТРАНИЛ ДЕЛ ОД ЗАШТИТНАТА ОГРАДА НА ПАТОТ КОН „ПОНИКВА“
Во текот на вчерашниот ден наш сограѓанин враќајќи се од Пониква не можел а да не го овековечи несекојдневниот настан. Имено на патниот правец „Кочани-Пониква“ на еден од поопасните свијоци некој извадил дел од заштитната ограда. Сега на тој потег нема возилата што да ги штити па затоа се апелира до нив на повнимателно возење….
СТРУМИЧКА РАПСОДИЈА НА СТАДИОНОТ „НИКОЛА МАНТОВ“
Кога денес мошне добриот судија Никола Иванов од Велес означи крај на средбата „Осогово“ – „Беласица“ 0:5 (0:0) кочанската публика која е добар познавач на фудбалот со концерт од свирежи ги „награди“ играчите во „жолто-сини“ дресови, додека играчите на „Беласица“ со огромен аплауз ги испратија во соблекувалната. Самиот крај од натпреварот ја отсликува денешната слика…
РЕКРЕАТИВЦИ ЗАГРИЖЕНИ ЗА СЕЧЕЊЕТО НА ШУМАТА
Во текот на вчерашниот и денешниот ден од совесни граѓани (рекреативци) добивме неколку телефонски јавувања за сечење на шума со моторни пили на ридовите спроти „Бавчалук“ односно на местата кои во летниот период беа опожарени. Граѓаните што го користат овој дел од градот за рекреација слушнале дека се сечат дрва со моторни пили но и…
АЈДЕ СИТЕ ВО САБОТА НА КОШАРКА – „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ ПРЕД ВРАТИТЕ НА ПОЛУФИНАЛЕТО?
Утре (Сабота) со почеток во 18:00 часот во салата „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани, кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ го играат првиот од серијата 1/4 финални натпревари во Третата кошаркарска лига на Македонија. „Баскет Дино Деликатес“ за противник ќе ја има екипата на „Дибро Иглс“ од Дебар. Натпреварите од 1/4 финалето се играат на…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ДЕРБИТО НА КОЛОТО ВО КОЧАНИ
Сабота, 16:00 часот, термин за одигрување на натпреварите од 22. коло во Втора Фудбалска Лига – Исток. Дербито на колото се игра во Кочани каде домаќинот „Осогово“ ја дочекува екипата на „Беласица“ еден од кандидатите за највисок пласман. „Жетварите“ се пред голем предизвик бидејќи ќе играат против одбраната на екипа која веќе осум кола нема…
ИЗВЕСТУВАЊЕ
За сите корисници, на ден 10.04.2022 во Недела ќе има прекин во водоснабдувањето од 8:00 до 17:00 часот, поради второ преспојување на реконструираниот дел на главниот цевковод. Ви благодариме на разбирањето до сите корисници. КЈП ,, Водовод“-Кочани
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ СО ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА РОМИТЕ
По повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов упати честитка до сите припадници на ромската заедница, во која се вели: „Почитувани сограѓани, Во мое име и во име на општинската администрација на Општина Кочани Ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите и Ви посакувам многу здравје, мир…