All Posts By Славчо Ивановски

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ НА СРЕДБА СО КРВОДАРИТЕЛИТЕ ОД КОЧАНИ

Денеска во просториите на Општина Кочани, градоначалникот Љупчо Папазов одржа средба со крводарителите од Кочани, по повод 17 март – Ден на формирањето на Црвениот крст на Република Северна Македонија и Ден на крводарителството во Република Северна Македонија. Градоначалникот најнапред ја изрази огормната благодарност кон крводарителите, искажувајки ја поддршката за нивната благородна и хумана мисија….

ДАФ – ОБЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕТСТАВИ НА 59 ИЗДАНИЕ

Фестивалската управа на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија го објавува повикот за избор на претстави за 59. Издание. Право на учество на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија – Кочани имаат аматерски театри, работилници, драмски секции, студија, групи кои аматерски се занимаваат со рецитаторство,  експериментални и алтернативни сцени и други форми на самостојно сценско изразување и…

КОЧАНЧАНЕЦ НАПАДНАТ СО МЕТАЛЕН ПРЕДМЕТ ОД НЕГОВ СОГРАЃАНИН

На 15.03.2022 во 17.30 часот во Полициската станица Кочани, С.И.(22) од Кочани пријавил дека околу 13.30 часот на ул.„Гошо Викентиев“ во Кочани бил нападнат со метален предмет од П.А. од Кочани. По целосно документирање на случајот против П.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок. ИЗВОР: Дневни билтени од СВР Штип

ТОШЕ МАНОВ ОСАМЕН НА ВРВОТ НА ЛИСТАТА НА СТРЕЛЦИ ВО ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК

Онаму каде што застана во есенскиот дел од сезоната, расниот голгетер на „Осогово“ од Кочани Тоше Манов, го продолжи и во пролетниот. Ако есеноска со седум голови беше на второто место веднаш зад Бојан Спиркоски од „Победа“ (Прилеп) сега по четири одиграни пролетни кола и четири постигнати погодоци, Манов со 11 погодоци е осамен на…

ПРИВЕДЕН КОЧАНЧАНЕЦ ВО ЧИЈ ДОМ Е ПРОНАЈДЕН АМФЕТАМИН

На 15.03.2022 во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го привеле Б.С.(36) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и една дробалка. По комплетирање на случајот против Б.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок. ИЗВОР: Дневни билтени од СВР Штип

СО ИСТО СЦЕНАРИО И ВТОРАТА ЛУЛАШКА ИЗВАДЕНА

Ако пред повеќе од една седмица наш сограѓанин беше споделил фотографија од извадена една од трите лулашки во детскиот парк во непосредна близина на  ОУ „Раде Кратовче“ и беше фрлена во реката, вечерва со исто сценарио и втората лулашка е извадена. Тогаш во својата објава нашиот сограѓанин напиша дека веднаш ја информирал редарската служба од…

ОПШТИНА КОЧАНИ – ЛИДЕР ВО ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО ИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Општина Кочани е лидер во активната транспарентност меѓу општините од Источниот плански регион. Според мерењата извршени од Здружението „ИНИ“, во рамките на проектот „Со професионална администрација до ефикасни и квалитетни услуги на локално ниво“, Кочани е со високи 93 проценти исполнетост на обврските. Исто така, на највисоката позиција во транспарентност кај комуналните претпријатија е кочански „Водовод“, со…

ПРОДОЛЖУВА УНИШТУВАЊЕТО НА ЗАЕДНИЧКИТЕ ДОБРА

Наши сограѓани кои во последно време почнаа за шетање да го користат новиот кеј на „Кочанска река“,  од потегот на мостот кај Зебец кон „Бавчалук“ сношти беа изненадени од глетката. Од стативот била извадена корпа за отпадоци и фрлена во реката, зошто само знае оној на кого заборавиле родителите да му кажат како треба да…

ПОЧНА ДА СЕ РЕКОНСТРУИРА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „РАДЕ КРАТОВЧЕ“

Почна реконструкцијата на улицата „Раде Кратовче“ која уште минатата година требаше да биде завршена бидејќи стариот асфалт одамна се изгреба а освен тротоарите требаше да се постави и нов слој на асфалт. Деновиве започна поставувањето на нови рабници а се прават подготовки за поставување бекатон плочи на тротоарите. Кога ќе започне поставувањето на асфалтот не…

ВО САБОТА И НЕДЕЛА КОЧАНИ ЌЕ БИДЕ ЦЕНТАР НА БОРЕЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

По десет години пауза конечно Кочани ќе може да биде домаќин на Државно првенство во борење. Имено во Сабота и Недела „градот на оризот“ ќе биде центар на борењето во Македонија поради одржувањето на Државното првенство за пионери/ки  У-15 и јуниори/ки У-20. Организатор на Државното првенство е Боречката Федерација на Република Северна Македонија а технички…