ДАЛИ ПРВИОТ „КАПИТАЛЕН“ ПРОЕКТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ Е ИСПЛАТА НА КАМАТА ВО ИЗНОС ОД 8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ НА АВТО АТОМ ЗА ИЗВРШНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПЕРИОД 2012-2017 ГОДИНА?
Почитувани сограѓани, Денес сме сведоци на првиот „Капитален проект“ на новото раководство на Општината. На крајно безобразен и бесрамен начин, со ребалансот на буџетот на Општина Кочани се вметнуваат 8 милиони денари за исплата на камата по извршни решенија за превоз на ученици за период од 2012 до 2017 година на превозникот Авто Атом и…
ПРЕД „БАСКЕТ ДИНО“ ПАДНА И „РАБОТНИЧКИ“
Кошаркарите на „Баскет Дино“ од Кочани продолжуваат со добрите настапи. За време на викендот во натпреварите од М-18 Кошаркарската лига тие го совладаа „Работнички“ со 92:79 (18:12; 27:18; 18:30; 29:19). Во првите две четвртини кочанчани остварија убедливо водство од 15 поени разлика, но во третиот квартал гостите со една мошне прецизна игра успеаја да намалат…
ОПШТИНА КОЧАНИ РАСПИША КОНКУРС ЗА 30 СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ ЗА 2021/2022 ГОДИНА
Општина Кочани го распиша конкурсот за доделување 30 стипендии за студенти од јавните високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2021/2022 година. Од триесетте, најмногу пет ќе бидат наменети за студенти од ромската етничка заедница, десет за студенти од социјално загрозени семејства, најмногу пет стипендии за студенти запишани на факултети за медицински науки, а останатите стипендии за…
ДЕСЕТКУВАНИТЕ ПИНГПОНГАРИ НА „КОЧАНИ“ ПРЕТРПЕА ДВА ПОРАЗА
За време на викендот продолжија натпреварите во Прва Пингпонгарска Лига. Пингпонгарите на „Кочани“ во двете кола што беа на програмата претрпеа исто толку порази. Најпрвин беа поразени од екипата на „Струга“ 1:4 а потоа и од екипата на „Крушево“ со 2:4 И во двата натпревари кочанчани настапија без двајца натпреварувачи кои го „одработуваат“ карантинот. Иако…
ПЛАНИРАНИ ПРРЕКИНИ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА 16.11.2021 ГОДИНА (ВТОРНИК)
За Вторник (16.11.2021 година) во Општина Кочани прекини во снабдувањето со електрична енергија во периодот од: 09:00 – 14:00 часот ќе имаат улиците: село Грдовци, околу фабрика „Кочанско поле“.
ПРВА ВТОРОЛИГАШКА ПОБЕДА НА ЖФК „КОЧАНИ“
Во стилот „без секој се може“ денес продолжија натпреварите од втора Фудбалска Лига за жени. Се одигра второто коло во кое од петте закажани натпревари се одиграа три. Девојчињата на „Кочани“ на гостувањето во Македонски Брод ја забележаа првата второлигашка победа, со головите на Ана Горгиева (3) и Андреа Донева (1) совлада е домашната екипа…
ЛИЦЕ ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА ПОРАДИ НАПАД НА СВОЈАТА МАЈКА
На 12.11.2021 во 16.20 часот на ул.„Никола Вапцаров“ во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода В.Ѓ.(34) од Кочани затоа што физички ја нападнал неговата 58-годишна мајка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ИЗВОР: Дневни билтени на МВР
СООПШТЕНИЕ НА ОО НА СДСМ – КОЧАНИ
ДПМНЕ ПОВТОРНО СО СВОЈОТ ЛАЖЕН ПАТРИОТИЗАМ И ЛИЦЕМЕРИЕ Почитувани, Денес, на првата конститутивна седница на Советот на Општина Кочани претставниците на ДПМНЕ и нивните поддржувачи уште еднаш си го докажаа својот лицемерен и противдржавнички став. Откако ги прифатија уверенијата од ДИК со уставното име Република Северна Македонија, решија да создадат тензии и непотребно да ја…
ОДРЖАНА КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ – Д-Р ЛАЗО МИТЕВ ПРЕТСЕДАВАЧ
Советот на Општина Кочани денеска ја одржа првата конститутивна седница, на која беа верификувани мандатите на деветнаесетте нови членови, а за претседател, со десет гласа „за“, беше избран Лазо Митев. „Ви посакувам успешна работа и очекувам при донесувањето на одлуките да се раководите од јавниот интерес, а не од личните и партиските интереси“ истакна во…
ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ
Поради изведување градежни работи на експресниот пат Штип – Кочани, од 12 до 14 ноември 2021 г., сообраќајот на делницата од магистралниот пат А3, од Компостарата до Подлошката крстосница, ќе биде со пренасочен режим. Се повикуваат сите учесници во сообраќајот на зголемено внимание и на почитување на сообраќајната сигнализација за времен режим. Општина Кочани