All Posts By Славчо Ивановски

ВО ПОЖАР ПОВРЕДЕНО ЕДНО ЛИЦЕ

На 06.05.2022 во 02.14 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во населба  „Трајаново трло“ настанал пожар во помошна просторија, сопственост на  Ѕ.В.(61) од Кочани.  Притоа, со повреди се здобил Ѕ.В. Екипа наТериторијланата противпожарна единица Кочани го изгаснала пожарот, а увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани. ИЗВОР:  Дневни билтени на МВР

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „ХРИСТИЈАН КАРПОШ“ ВО ОРИЗАРИ

Започна асфалтирањето на улицата „Христијан Карпош“ во Оризари, во должина од 143 метри и ширина од 4,5 метри. Станува збор за асфалтирање на улица на која претходно беше извршено тампонирање и беше поставена решетка за атмосферски води. Вкупната вредност за асфалтирање на улицата изнесува 1.255.000 денари. Општина  Кочани

ПРЕМИЕРА НА ТЕАТАРСКАТА ПРЕТСТАВА „ТОЈ И ТАА“

В петок, на 6 мај, со почеток во 20 часот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани ќе биде прикажана театарската претстава „Тој и Таа“. Претставата е во колективна режија, подготвена е од Театарската група ,,ГОДО“ од Кочани и е адаптација на драмскиот текст „Друг човек“ од Петар Гладилин. Во неа настапуваат двајца актери –…

ЈОРДАНЧО КОСТАДИНОВ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ – ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО

Јорданчо Костадинов е новиот претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ во општина Чешиново – Облешево. Тој е долгогодишен член на партијата, а во моментов работи како одделенски наставник во ООУ „Климент Охридски“ во Облешево. На претседателското место Костадинов доаѓа по Далибор Ангелов кој е актуелен градоначалник на Општина Чешиново – Облешево. Во партијата ги има…

ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ, ОДГОВОР НА СООПШТЕНИЕТО НА ОО НА СДСМ – КОЧАНИ

Почитувани, Сведоци сме на едно петгодишно владеење во кое е изгубен компасот за економија, енергетика, здравство и правда. Г-да од СДС, престанете да ја дезинформирате јавноста со паушални изјави и насочете си ја енергијата на справување со кризата во која ја воведовте државата. Во време кога трошоците за струја се повисоки за 300% во однос…

УЛИЦАТА „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“ СПРЕМНА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ, НО…..

На вчерашната седница на Советот на Општина Кочани 11-та по ред имало поставено и советнички прашања на кои имало дадено ие целосни  одговори. Така информираат дел од граѓаните кои го следеле преносот од седницата. Денес добивме неколку фотографии од две улици во градот каде работите од поодамна се започнати а никако да се завршат. „Ова…

СООПШТЕНИЕ НА ОО НА СДСМ – КОЧАНИ

Еве како ВМРО ДПМНЕ се “грижи” за граѓаните! Неспособната локална власт предводена од ВМРО ДПМНЕ: Нема пари за асфалтирање, реконструкција на улици, Нема пари за бетонирање на пристапни улици и тротоари, Нема пари за реконструкција на патишта и потпорни зидови во Ромското мало, нема пари за асфалтирње на улица во централното градско подрачје, Нема пари…

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОДРЖА 11 СЕДНИЦА

Советот на Општина Кочани ја одржа единаесеттата редовна седница на која работеше по пет точки од дневниот ред, одложени од претходната седница. Членовите на Советот ги усвоија измените во развојните програми и ребалансот на Буџетот, кои доаѓаат како резултат на високите сметки за електричната енергија Општина Кочани. Градоначалникот Љупчо Папазов истакна дека со корекциите во…

IX МЕЃУНАРОДЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ „ТРАДИЦИОНАЛНИ ЃУРЃОВДЕНСКИ ОБИЧАИ, ПЕСНИ И ОРА“

Во организација на Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари а по повод верскиот празник „Ѓурѓовден“, од 5-8 Мај ќе се одржи 09-тото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Традиционални Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“. Годинешната манифестација опфаќа одржување на концерти во Оризари и Село Видовиште (Општина Зрновци) на кои ќе земат учество околу 700 учесници од…

ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКАТА, „ОСОГОВО“ САМО СО ДВЕ ПОБЕДИ ВЛЕГУВА ВО ЕДИНСТВЕНАТА ВТОРА ЛИГА

До крајот на првенството во Втора Фудбалска Лига – Исток остануваат да се одиграат уште две кола по кое се ќе се знае, а дотогаш ќе работи математиката и за екипите што испаѓаат и за шампионот како и за патникот во бараж натпреварот. По петте едноподруго порази „Осогово“ се најде во незавидна положба на табелата,…