Црна хроника

ПРИЈАВА ЗА ФИЗИЧКИ НАПАД ВО НАСЕЛБА ОРИЗАРИ
На 06.03.2023 во 13.20 часот во Полициската станица Кочани, Ј.И.(76) од с.Оризари, кочанско, пријавил дека во 12.45 часот на ул.,,Гоце Делчев“ во с.Оризари бил физички нападнат од Б.С. од с.Оризари. По комплетирање на случајот против Б.С. ќе биде поднесена соодветна пријава. ИЗВОР. Дневни билтени на МВР КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПОРАДИ ОВОЗМОЖУВАЊЕ НА УПОТРЕБА НА НАРКОТИЧНИ ДРОГИ
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Е.(25) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 16.08.2021 на паркингот пред угостителски објект, пријавениот овозможил на друго лице во неговото патничко возило да користи кокаин, кој бил пронајден при преглед на возилото. ИЗВОР: Дневен билтен на МВР

ОШТЕТЕНО НАМЕНСКОТО ИГРАЛИШТЕ КАЈ „СИВИ ДОМ“, НА ПОТЕГ СЕ СОВЕТНИЦИТЕ
Нов вандализам на „ноќните птици“ кои речиси секојдневно ги уништуваат заедничките добра. Овие фотографии се од наменското игралиште кај „Сиви дом“ на кој само еден (и тоа оштетен) стои обрачот на кошаркарските табли додека другите два се извадени а едниот е посебна приказна, таблата е во распаѓање. И сето тоа за да се повторно стави…

ВРЕЌАТА СО СМЕТ ЕКСПРЕСНО ОТСТРАНЕТА ОД ГТЦ
По се изгледа беше потребно да биде објавено па да вреќата со смет која повеќе од два месеци го „красеше“ Градскиот Трговски Центар во Кочани биде отстранета. Уште во претпладневните часови вреќата ја немаше па минувачите на кои им „сметаше“ сега слободно се движеа по патеката. Дали е потребно постојано да се укажува на вакви…

И ПО ДВА МЕСЕЦИ ВРЕЌАТА СО СМЕТ ВО ГТЦ СТОИ, И НИКОЈ НЕ МУ Е ГАЈЛЕ ЗА ТОА
И по повеќе од два месеци вреѓата полна со песок и шут стои на патеката за лицата со посебни потреби во Градскиот трговски Центар, и ничиј не му е гајле за тоа. Минувачите само ќе се поместат ќе заобиколат и ќе поминат а од надлежните иако постојано има гости по кафулињата никој ниту да информира…

ВО КОЧАНИ ИЗБУВНАЛ ПОЖАР ВО КУЌА, ПОВРЕДЕНИ НЕМА
На 27.02.2023 во 11.20 часот во ОВР Кочани било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул. „Искра“ во Кочани, во која живеел З.И.(54) кој имал здравствени проблеми. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани. За случајот бил запознаен…

ПАТНИЧКО ВОЗИЛО УДРИЛО ВО МАЛОЛЕТНИЧКА КОЈА СЕ ЗДОБИЛА СО ТЕШКИ ТЕЧЕСНИ ПОВРЕДИ
На 23.02.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани, патничко возило „рено клио“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(68) од с.Горни Подлог, удрило во малолетничка од Кочани. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Здравствен дом во Кочани. Извршен бил увид од…

ИЗБУВНАЛ ПОЖАР ВО КУЌА, ПОВРЕДЕНИ НЕМА
На 21.02.2023 во 23.40 часот во СВР Штип, А.В.(28) од Кочани пријавил дека околу 22.50 часот настанал пожар во неговата куќа на ул.„Поп Арсов Блаже“ во Кочани. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на ОВР Кочани. СВР Штип – Соопштенија КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ

РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ДИВИТЕ ДЕПОНИИ НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ
Денеска, во салата за состаноци на хотел „Амор“ се одржа работен состанок помеѓу градоначалниците на општините во кои припаѓа територијата на заштитеното подрачје Осоговски Планини, односно градочалникот на Општина Кочани заедно со градоначалниците на општините Макeдонска Каменица, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, претставници од Телото за управување со ЗП „Осоговски Планини“ и претставници од Македонско еколошко…

ВО МОМЕНТОТ, ШУМСКИ ПОЖАР НАД „МЕГДАНОТ“
Екипи од Територијалната Противпожарна Единица – Кочаниво моментот се на терен. Го гаснат пожарот што избувна над м.в. „Мегдан“. Засега немаме информации што гори и колкава површина има зафатено пожарот, но ќе бидеме во тек и ќе ги известиме нашите читатели штом добиеме информации. С. Ивановски