Црна хроника

СО МОТОРЦИКЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И ПОЧИНАЛ
На 28.08.2022 во 05,30 часот во СВР Штип е пријавено дека на патот од с.Чифлик кон манастир „Св.Богородица“ моторцикл „томос“, управуван од Б.С.(67) од с.Чифлик, кочанско излетал надвор од патот. Во несреќата на место на настанот починал Б.С. Од екипа од итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од…

ЌЕ СТАВИ ЛИ НЕКОЈ КРАЈ НА ОВА ЛУДИЛО?
Клипот и фотографијата кои беа споделени во текот на вчерашниот ден на групата „За здрав живот во Кочани“ го наметнува само по себе прашањето: „Ќе му стави ли некој крај на ова лудило?“. Ова е дел од Кочанска река снимена во текот на вчерашниот ден (Сабота) кај мостот на влезот пред Горни Подлог. Самата фотографија…

КОЧАНЧАНЕЦ ПРИВЕДЕН ВО СКОПЈЕ ПРИ ВРШЕЊЕ КРАЖБА
На 25.08.2022 во 17.55 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Б.М.(22) од Кочани. Тој бил фатен веднаш по извршување кражба од продажен објект на бул. „Борис Трајковски“ и кај него биле пронајдени одземените предмети, кои биле вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска…

ГО ПРОНАШОЛ БРАТОТ СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ НА ГЛАВАТА
На 24.08.2022 во ОВР Кочани, З.Т.(58) од Кочани пријавил дека во дворно место со повреда на главата го пронашол неговиот брат М.Т.(62) од Кочани. Тој бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош, по што бил префрлен во Клиничка болница Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа…

ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛО, „ГРДОВЦИ ВО XIX И XX ВЕК“ ОД АВТОРОТ КРУМЕ ГЕОРГИЕВСКИ
На 24 август во Грдовци беше промовирана монографијата „Грдовци во XIX и XX век – да не се заборави“ од авторот Круме Георгиевски. Промотори на делото беа Валентин Захариев и Славица Цветкова, кои го истакнаа неговото значење издадено по долгогодишни истражувања и систематизирање на материјалот. Според авторот, во книгата доминираат етнолошките податоци, а сместени се и информации и содржини…

ОСУДА ЗА ВАНДАЛИЗМОТ ВО КОЧАНИ
Денеска, 25 август 2022 година, на повеќе објекти во градот Кочани се забележани вандалски постапки со лепење фотографии со текстови и со обележја на бугарски симболи. Општина Кочани најостро ги осудува ваквите постапки и бара од МВР – ОВР – ПС Кочани да ги прегледаат сите видеонадзори на околните објекти за да ги пронајдат сторителите…

НЕ ПРЕСТАНУВААТ НАПАДИТЕ НА ЧОПОРОТ КУЧИЊА КАЈ ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА
Не престануваат нападите на чопорот кучиња кај Градската депонија е информацијата која пред малку ја добивме. Особено последните месеци се сẻ позачестени нападите на околу триесеттина кучиња кои ги напаѓаат и велосипедистите кои возат кон или од Пониква, сопствениците на овошните и лозовите насади и сите други минувачи. Пред малку велосипедисти не контактираа и не…

ДОБРО Е, ЈА ИСПРАВИЈА ГРЕШКАТА И ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ ПОЧНАА ДА СЕ ЧИСТАТ
Кога политиката ќе ги вмеша прстите секаде некои работи почнуваат да одат во погрешен насока. Имено, изминатите години се научивме колку-толку улиците да ни бидат многу почисти од оние кои секојдневно ги гледавме по завршувањето на локалните избори. Една од причините беше смената на раководителот на одделението за одржување хигиена на улиците низ градот Аки…

НА ПОТЕГ СЕ НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ, СТОРИТЕЛИТЕ МОРА ДА БИДАТ ОТКРИЕНИ
Нов чин на вандалско однесување се случил по се изгледа за време на викендот. Утринава една од страните на Спортската сала на ОУ „Никола Карев“ осамна со графити исти или речиси слични како оние кои пред неколку месеци беа цртани на „Споменикот на слободата“. Преголемата демократија почна да оди по друг колосек. Одговорните во ОУ…

ЌЕ СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ДА СЕ ОТСТРАНАТ НЕПОТРЕБНИТЕ ВИСЕЧКИ КАБЛИ
Постоечките непотребни висечки кабли стануваат пробелен за учесниците во сообраќајот и за минувачите. Откако на компаниите им заврши емитувањето на кабелските програми и ги затворија компаниите големиот број на кабли со кој речиси е покриен целиот град останаа да висат во воздухот како спомен на едно време и на една технологија. Ни како одминува времето,…