Музика

МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ „РИСТО ЈУРУКОВ“ ГО ОДБЕЛЕЖА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК
Со концерт на наградените ученици од државните и меѓународните натпревари и настапи на хорот, наставници и на оркестарот од традициски инструменти, Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ го одбележа патрониот празник – 67-годишнината од своето постоење и 96. роденден на неговиот основач, професорот Јуруков. Директорката на училиштето Марија Лазарова го истакна задоволството од континуирано високите резултати…

СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ НА ДЕТСКИОТ ЕТНОФЕСТИВАЛ ВО ХАСКОВО – БУГАРИЈА
Од 30 мај до 2 јуни, Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари учествуваше на 20. Меѓународен детски етнофестивал „Децата на Балканите – со духовност во Европа“. На овој фестивал што се одржа во Општина Минерални Бањи, Хасково, Бугарија, ФА „Љупчо Сантов“ ја освои специјалната награда. Општина Кочани КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ …

ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ ПОКАНУВА НА КОНЦЕРТ ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК
По повод Патрониот празник на училиштето, утре (Понеделник) во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани организира концерт. Цитирајќи го Бертолд Авербах организаторите на концертот порачаа: „Музиката е единствениот светски јазик, не треба да се преведува. Душата зборува со душата во неа. Нашите души ќе зборуваат за Вас на концертот по…

КОНЦЕРТОТ „НИЗ ТРАДИЦИЈАТА“ ГИ ВООДУШЕВИ ПРИСУТНИТЕ
Во склоп на манифестацијата „Музичка среда“ синоќа во малата сала на „Мултикултурниот центар“ во Кочани учениците и наставниците од ООМУ „Ристо Јуруков“ одржаа концерт насловен како „Низ традицијата“. Инаку ова е првиот од неколкуте планирани концерти од манифестацијата „Музичка среда“ чие одржување ќе се случи во месеците Април и Мај годинава. Вечерашниот концерт беше посветен…

ДВЕ ПРВИ МЕСТА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ – КОЧАНИ
Во пресрет на вечерашниот концерт во склоп на настанот „Музичка среда“ а со наслов „Низ традицијата“ убави вести приредија ученици од ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани. Имено Макарија Иванова класа наставник Марија Лазарова и Јован Цветанов класа наставник Душан Стојанов ги освоија првите места од ЗМП Полихимниа Скопје. Патем, Макарија Иванова ја освои втората награда…

ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ – КОЧАНИ СО ПРОЕКТ ОД ЕРАЗМУС+ ПРОГРАМАТА „МУЗИЧКИ БАЛКАНСКИ ВОЗ ЗА МИР“
Во периодот од 5 до 7 април 2023 година, во градот Пазарџик, Р.Бугарија, беше организиран првиот партнерски состанок на проектот „Музички балкански воз за мир“ од Еразмус+ програмата. Прв ЕРАЗМУС проект за ООМУ „Ристо Јуруков“ Кочани. Партнери во овој проект се НВО и училишта од РСМакедонија, Бугарија и Грција и тоа: ООМУ Ристо Јуруков Кочани…

ОДРЖАН „МУЗИЧКИ КАРАВАН“ ВО ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ – КОЧАНИ
Онака како што беше најавено, денес во просториите на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани се одржа „Музички караван“ „Музичкиот караван“ започна со предавањето на проф д-р Милица Шкариќ – професор на Музичката академија при УГ – Штип на тема „Поставување на раката кај децата, почетници по пијано“ а по завршувањето на предавањето започна вториот, музичкиот…

ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ ЗА УТРЕ (ВТОРНИК) НАЈАВУВА „МУЗИЧКИ КАРАВАН“
ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани за утре (Вторник) најавува „Музички караван“. Најпрвин со почеток во 12:00 часот во просториите на училиштето ќе се одржи предавање на тема: „Поставување на раката кај децата почетници по пијано“, а предавач е проф. д-р Милица Шкариќ – професор на Музичка академија при УГД Штип. Во 14:00 часот е закажан…

НОВОТО МУЗИЧКО ДЕЛО НА ТОДОР ФИЛИПОВ – ТОШЕ ВЕЌЕ ГИ РАЗГАЛИ СРЦАТА НА КОЧАНЧАНИ
Една од Кочански музички легенди Тодор Филипов – Тоше, по лансирањето на композициите „Кочани граду мој“ која е и официјална химна на Кочани, „Ќе помине се“ композиција која ја лансираше за време на Ковид пандемијата и која како да не храбреше додека ја слушавме, деновиве ја исфрли во етерот најновата негова композиција, „Последниот боем“. Денес…

ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ – КОЧАНИ, ОДРЖА КОНЦЕРТ „88 КЛАВИШИ НА ПИЈАНОТО“
Уште едно прекрасно дружење со младите музичари од ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани, уште еден прекрасно организиран концерт од младите музичари на училиштето. Овој пат. На 88 ден во годината за 88 клавиши на пијаното, младите ученици – пијанисти од ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани во просториите на училиштето одржаа незаборавен концерт. Дека се беше…