Спорт
ХУМАНИТАРНИОТ ТУРНИР „ХУМАНОСТА ПОБЕДУВА“ ЗА ПИОНЕРИТЕ НА ГФК „ОСОГОВО“ – КОЧАНИ
Под мотото „Хуманоста победува – за Славица Димитрова“ синоќа во салата на ООУ „Никола Карев“ во Кочани се одржа хуманитарен турнир во мал фудбал за категоријата пионери. На турнирот кој за отворен го прогласи Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов учествуваа екипите на ГФК „Осогово“ – Кочани, Академија „Младост-Тошев“ – Оризари, Академија „Чешиново-Облешево“ и ФК…
ВТОРО МЕСТО ЗА ЈОВАНА ДАВИТКОВА НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ВО ШАХ ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА
На одржаниот Државен натпревар во шах на 17.12.2021 година во Скопје, во голема конкуренција на ученички од Основни училишта од државата, ученичката Јована Давиткова го освои второто место. Таа е ученичка во осмо одделение во ООУ „Кирил и Методиј“ – Кочани и иако е осмо одделение, зад себе има многубројни шаховски награди и успеси. Пред…
ЌЕ ГО СПАСУВА ЛИ КРСТЕ КРСТЕВ „ОСОГОВО„?
По минатонеделниот избор на Александар Андов за претседател на ОФС „Кочани“, љубителите на фудбалот во Кочани а посебно навивачите на ГФК „Осогово“ со право се прашуваат кој ќе седне на жешкото столче и ќе го води клубот низ пролетните немирни води, се со цел зачувување на второлигашкиот статус. Чаршијата како чаршија е полна со шпекулации,…
ЗОРАН СРЕБРЕНОВ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БК „СПАРТАК“
Изминатата седмица најтрофејниот клуб во општината, Боречкиот Клуб „Спартак“ одржа Изборно Собрание на кое беше избран нов претседател, секретар а и други органи на клубот. За нов претседател на клубот е избран Зоран Сребренов, кој е дете на „Спартак“ а додека функцијата секретар ќе ја извршува Гоце Ангелов. Факт е дека БК „Спартак“ го живее…
АЛЕКСАНДАР АНДОВ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОФС КОЧАНИ
На одржаното Изборно Собрание на ОФС Кочани кое вечерва се одржа во салата на „Мултикултурниот Центар“ Александар Андов е избран за нов претседател на ОФС – Кочани. Така гласаа сите 19 присутни делегати, и во наредните четири години Андов ќе го претставува ОФС Кочани. Делегатите одлучија негов заменик односно Потпретседател да биде Оливер Јовановски. Новиот…
НА КРАЈОТ ОД ЕСЕНСКИОТ ДЕЛ НА ПРВЕНСТВОТО, „ОСОГОВО“ НА СЕДМОТО МЕСТО
Со одигрувањето на двата заостанати натпревари од 15-тото коло, денес и официјално беше спуштена завесата во Втора Фудбалска Лига – Исток. Поради врнежите на снег и дожд и немањето услови за игра во саботата беа одлежени два натпревара „Детонит Јуниор“ – „Осогово“ и „Кожуф“ – „Братство“. Денес во Радовиш на теренот кој повеќе личеше на…
ЏУДИСТИТЕ НА „ИПОН“ ОД СКОПЈЕ ШАМПИОНИ ВО ЕКИПНА КОНКУРЕНЦИЈА
Во организација на Џудо Клуб „Гладијатор“ и Џудо Федерацијата на Македонија денес во Кочани се одржа Државното екипно првенство во џудо микс. Поради состојбата со Ковид 19 на првенството учествуваа само четири екипи со педесетина натпреварувачи. По доста интересни борби Државен шампион во екипна конкуренција микс станаа членовите на Џудо Клубот „Ипон“ од Скопје, пред…
ПОБЕДА И ПОРАЗ ЗА ПИНГПОНГАРИТЕ НА КОЧАНИ
Со победа и пораз пингпонгарите на „Кочани“ го завршија есенскиот дел од првенството во Прва Пингпонгарска Лига. Кочанчани најпрвин ја совладаа екипата на „Дебар маало“ (Скопје) со 4:0 а потоа загубија од „Зегин“ (Берово) со 1:4 и го завршија првиот дел од првенството на петтото што е добар усепх во конкуренција на десет екипи. Есенски…
ПОСЛЕДНО ЕСЕНСКО КОЛО ВО ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК
Утре (Сабота) на програмата се натпреварите од последното есенско коло (дел од вториот круг) во Втора Фудбалска Лига – Исток. „Осогово“ е пред тешко гостување во Радовиш во натпревар со директниот конкурент за зачувување на второлигашкиот статус. Во последните два натпревари „жетварите“ освоија само еден бод, но сепак без бело знаме патуваат на ова тешко…
ЈАСИН МУШЕ НА ПРОБА ВО КСАНТИ (ГРЦИЈА)
На едно коло до крајот на есенскиот дел од првенството во Втора Фудбалска Лига – Исток, играчот на „Осогово“ Јасин Муше замина на проба во ФК „Ксанти“ (Грција) кој моментно се натпреварува во Супер Лига 2 и по одиграни 5 кола се наоѓа на втората позиција со 13 бода, односно бод помалку од водечката „Вериа“….
