Спорт

ЛАЗАР ЗАХАРИЕВ ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО И ПОТВРДИ ДЕКА Е НАЈСИЛЕН BENCHER НА БАЛКАНОТ И ВО ЕВРОПА
Нашиот сограѓанин Лазар Захариев уште еднаш ја потврди својата висока класа и докажа дека е најсилниот bencher на Балканот и во Европа. Захариев денес во Мадрид (Шпанија) на најголемиот спортски Европски фестивал „„ARNOLD KLASIK EUROPA“ го освои првото место во Мастер ,категорија до 125 килограми откако подигна 205 килограми. Годинава на натпреварувањето во Мадрид учествуваа…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ПРВ ПОРАЗ ЗА КОЧАНЧАНКИ
Се одиграа натпреварите од 5-тото коло во Втора Фудбалска Лига за жени. Кочанчанки го доживеаја првиот пораз, „Победа Валандово 16“ стигна до првата победа а екипата на „Атлетико“ и после ова коло останува единствената екипа без ниту еден примен гол. Во Кочани интересен натпревар одиграа две од трите непоразени екипи. Во мошне интересен натпревар екипата…

БК „СПАРТАК“ – ЧЕТИРИ БОРАЧИ, ЧЕТИРИ МЕДАЛИ НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР „ТОНИ ТАНЧЕВ“
Борачите на „Спартак“ од Кочани со цел да ја одржат добрата форма продолжуваат со учествово на турнирите. Денес четири борачи, од кои двајца во машка и две во женска конкуренција учествуваа на Првиот Меѓународен меморијален турнир „Тони Танчев“ кој се одржа во Конче (Радовиш) и се закитија со два златни еден сребрен и еден бронзен…

ВТОР МЕМОРИЈАЛЕН МАРШ „ГОНЕ – 2023“
На еден од најголемите Македонски празници 11 Октомври, а во чест на еден од најголемите спортски работници во Кочани Благој Јанков – Гоне, се одржа вториот меморијален марш „Гоне 2023“. До месноста „Мактеон“ каде беше зборното место тргнаа две групи со вкупно 25 љубители на планинарскиот спорт. Едната група во која поголемиот број беа планинари…

ГОРАН ГОЦЕВСКИ ЗАМИНА ОД „ОСОГОВО“ И Е НОВ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА „КАМЕНИЦА САСА“
Горан Гоцевски досегашниот прв помошник на Шефот на Стручниот штаб на „Осогово“ – Кочани Добринко Илиевски од денес застана на кормилото на неговиот матичен клуб „Каменица Саса“. Гоцевски кој важи за голем фудбалски работник и одличен познавач на фудбалската игра по една година пауза се враќа онаму каде ги направи првите фудбалски чекори. Дознаваме дека…

ПРВИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР „11 ОКТОМВРИ – 2023“ ЗА „БРЕГАЛНИЦА“ – ШТИП
Во организација на Фудбалскиот клуб „Атлетико 2021“ од село Теранци а по повод 11 Октомври денот на Македонскиот непокор, денес на игралиштето во Чешиново се одржа првиот фудбалски турнир за помали петлиња „11 Октомври – 2023“. Годинава на турнирот учествуваа четири екипи а по одигрувањето на натпреварите победничкиот пехар го освои екипата на „Брегалница“ од…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, КОЧАНЧАНКИ СО НОВИ ТРИ БОДА СЕ ВРАЌААТ ДОМА
Девојчињата на „Кочани“ со нови три бода освоени во Велес се враќаат дома. Четата на тренерот Оливер Јовановски и после четвртото коло останува на делба на првото место со максимален број на освоени бодови. Во натпревар на некогашните шампиони во Велес „Кочани“ со головите на Андреа Донева 12’ 69’, Симона Веселинова 15’, Јасна Златкова 29’,…

ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ПОРАЗ НА „СЛОГА 1934“ ВО БОГДАНЦИ
Се одиграа натпреварите од 4-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. На три натпревари славеа домаќините а еден натпревар заврши без победник. Дербито на колото се одигра во Богданци а домаќинот „Вардарски“ еден од кандидатите за највисок пласман ја совлада „Слога 1934“ и й го нанесе и вториот пораз во досегашниот тек на првенството….

ВО ФИНИШОТ НА НАТПРЕВАРОТ „РУДАРИТЕ“ ИСКОПАА БОД ВО КОЧАНИ
По сончево и пријатно време за игра, денес во Кочани во рамките на 8-то коло од Втората Фудбалска Лига „Осогово“ и „Каменица Саса“ одиграа натпревар кој не даде победник. И кога се ќе се собере сепак се чини дека нерешениот резултат е најправедниот исход на натпреварот, бидејќи домаќините во првото полувреме имаа и игра и…

ПЕТ МЕДАЛИ ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР ВО ВЕЛЕС
Во организација на Боречкиот Клуб „Велес“ денес во градот на Рацин се одржа меморијален турнир во борење „Коцев Љубомир – Листон“ 2023. На турнирот кој се одржа во спортската сала „Гемиџии“ зедоа учество борачи од сите клубови во Македонија со настап 2009/2010, 2010/2011 и 2012/2014. Боречкиот Клуб „Спартак“ од Кочани настапи со шест борачи кои…