Спорт

ДРАМАТА ВО СКОПЈЕ ЗА КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“
Во последното коло од регуларниот дел на првенството во Трета Кошаркарска Лига – Исток, во еден драматичен и крајно неизвесен натпревар кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ успеаја да го совладаат „Вардар“ во Скопје 85:79 дури во продолжението откако во регуларниот дел натпреварот заврши 72:72. Првите две четвртини им припаднаа на домаќините кои на полувреме заминаа…

СТАРТУВАШЕ ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ОДИГРАНИ САМО ДВА НАТПРЕВАРИ
По доста најави и одложувања во неделата започнаа натпреварите од Трета Фудбалска Лига – Исток во која првично беа најавени шест екипи а подоцна наводно уште две, но за жал во неделата во првото голо се одиграа само два натпревари Во Берово на натпреварот „Малеш“ – „Чешиново“ мрежите мируваа а додека во Карбинци, екипата на…

ВО НЕДЕЛА СТАРТУВА ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ИСТОК
Иако беше најавено дека годинешните натпревари во Трета Фудбалска Лига – Исток ќе започнат во Недела (20 Март) сепак со цел да се подобро подготват екипите стартот на првенството е поместен за следната Недела, односно за 27 Март. Како што веќе најавивме во годинешното првенство ќе настапат шест екипи „Карбинци“, „Малеш“, „Рудар“, „Овче Поле“, „Чешиново“…

КОЧАНИ ДОМАЌИН НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ВО БОРЕЊЕ
Од денес па се до заминувањето на Европското Првенство Кочани ќе биде домаќин на Репрезентацијата на Македонија во борење. Владимир Егоров (57), Бесир Алили (61), Фати Весејли (70), Дејан Митров (79) и Могамедгаџи Нуров (97) заедно со селекторот Бобан Данов во „градот на оризот“ ќе го поминат последниот филтер пред почетокот на Европското Првенство кое…

НЕРЕШЕНО ВО КОЧАНИ, ПО КОИ ФУДБАЛСКИ ПРАВИЛА СУДЕШЕ СУДИЈАТА?
Во натпревар од 20-тото коло од Втора Фудбалска Лига – Исток, по сончево но мошне студено време проследено со ветер денес во Кочани „Осогово“ и „Пехчево“ одиграа 1:1 (0:0). Натпреварот беше од големо значење за двете екипи, домаќините со победа да осигурат место кое сигурно ќе ги однесе во единствената Втора лига гоја стартува следното…

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ ЗА ПИОНЕРИ/КИ У-15 СО 160 НАТПРЕВАРУВАЧИ ОД 15 КЛУБОВИ
И вториот ден од овој викенд беше ден на борењето во Кочани. Во организација на БФРСМ (Боречката Федерација на Република Северна Македонија) а со техничка организација на БК „Спартак“ – Кочани, с е одржа Државното првенство за пионери/ки У-15. На првенството во двете конкуренции учествуваа 160 натпреварувачи од 15 клубови. Домаќинот „Спартак“ учествуваше со двајца…

ШАХОТ Е СВЕТСКИ ЈАЗИК ШТО ПОВРЗУВА – ЕМАНУЕЛ АНГЕЛОВСКИ Е НЕГОВИОТ АМБАСАДОР
Единаесетгодишниот Емануел Ангеловски, Македонец кој со своето семејство живее и учи во Цирих, Швајцарија, од неодамна ја откри шаховската табла како мошне привлечен простор за себе. Неговиот врсник Линус го поканил да му се придружи во клубот „Цирих Зебах“, па за Емануел се отворил нов свет во кој забрзано чекори. Со настапите и резултатите пријатно…

ПО ДЕСЕТ ГОДИНИ КОЧАНИ ЦЕНТАР НА БОРЕЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА
Благодарение на новите луѓе што влегоа во БК „Спартак“ и на новите ветрови што дуваат во најтрофејниот клуб во Кочани, денес во организација на БФРСМ (Боречка Федерација на Република Северна Македонија) а со техничка организација на БК „Спартак“, Кочани беше центар на борењето во Македонија. По десет години во салата „Сашо Лазарев – Чапо“ во…

„ОСОГОВО“ ВО ПОТРАГА ПО ТРЕТА ПРОЛЕТНА ПОБЕДА
Во Недела со почеток во 15:00 часот се играат натпреварите од 20-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток. По добрата и ефикасна игра особено во второто полувреме против екипата на „Локомотива“, со доза на оптимизам „жолто-сините“ ја пречекуваат екипата на „Пехчево“. „Жетварите“ по лошиот старт во првенството нанижаа две победи и едно реми со…

ТОШЕ МАНОВ ОСАМЕН НА ВРВОТ НА ЛИСТАТА НА СТРЕЛЦИ ВО ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК
Онаму каде што застана во есенскиот дел од сезоната, расниот голгетер на „Осогово“ од Кочани Тоше Манов, го продолжи и во пролетниот. Ако есеноска со седум голови беше на второто место веднаш зад Бојан Спиркоски од „Победа“ (Прилеп) сега по четири одиграни пролетни кола и четири постигнати погодоци, Манов со 11 погодоци е осамен на…