Забава
ПРЕДНОВОГОДИШНАТА МУЗИЧКА ПРЕТСТАВА ЗА ДЕЦА „ПИСМА ДО ДЕДО МРАЗ“ ГИ ВООДУШЕВИ ВИНИЧАНИ
После долг период Виница беше домаќин на една од поубавите културни манифестации за деца. Имено за прв пат на радост на виничани се одржа Предновогодишна детска музичка претстава „Писма до Дедо Мраз“ во која учествуваа повеќе од шеесет дечиња.. Се одржаа четири претстави во кои најголемиот дел од посетителите беа ученици од двете основни училишта…
ПРЕКРАСНО ОРГАНИЗИРАНА НОВОГОДИШНА ЗАБАВА ЗА ДЕЧИЊАТА ОД ПДГ „АМИЧИ“ ОД КОЧАНИ
И годинава менаџерскиот тим со вработените од Приватната Детска Градинка „Амичи“ од Кочани организираше новогодишна забава за дечињата од нивната градинка. Откако општинската бирократија не сакаше да ја издаде салата во Мултикултурниот Центар за да родителите и најблиските поминат убави мигови со нивните дечиња, од „Амичи“ мораа да побараат алтернатива. Бараа, и ја најдоа во…
ОДБЕЛЕЖАНИ 50 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО НА ЈОУДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ – КОЧАНИ
Денеска ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ Кочани одбележа 50 години од постоењето на детската градинка. Со богата културно-уметничка програма подготвена од стручниот, воспитувачкиот и негувателскиот тим на детската градинка заедно со дечињата беше одбележан јубилејот пред полната сала во Мултикултурниот центар во Кочани. „Одбележувањето на 50 годишниот јубилеј на нашата установа основана во 1972 година е одбележување…
ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА, СРЕДБА НА ГРАДЕЖНИЦИТЕ ОД КОЧАНИ ВО ПРЕСРЕТ НА НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ
Традицијата и годинава продолжи, откако на заедничка маса седнаа претставници од градежните фирми, стовариштата, занаетчии и сите останати учесници од областа на градежништвото во Кочани. По тој повод тие испратија Соопштение во кое се вели: „И годинава на иницијатива на Градежниот инспектор Николчо Гоцев од Кочани, продолжена е традицијата каде што се прави заедничка предновогодишна…
ЗА НЕКОИ МОЖЕБИ НЕ ИЗГЛЕДА ДОБРО, АМА ЗА НЕКОИ ДА
Штотуку добивме неколку фотографии од „Паркот на Револуцијата“ во Кочани од наш сограѓанин кој во потпис на фотографиите вели: „Можеби за некoгo нашиот парк сега пред новогодишната ноќ не изгледа добро, но за нас останатите што сме во Кочани и што ќе останеме овде за новогодишната ноќ ни е убав. Еве вечерва на радост на…
НОЌНА ДРУЖБА НА ТРЕНЕРИТЕ ОД КОЧАНСКИТЕ КЛУБОВИ
Една интересна идеја со уште подобра реализација се случи сношти во Ресторан „Аледар“ во Кочани. Имено пред околу две седмици Зоран Сребренов – тренер во БК „Спартак“ од Кочани формираше група на социјалните мрежи преку која упати јавен повик за предновогодишно дружење на тренерите од Кочани од сите спортско клубови. Идејата беше прифатена, а на…
СКРОМНО А ПРЕКРАСНО
Со поставувањето на новогодишната елка и некои други додатоци од вечерва „Паркот на Револуцијата“ во Кочани изгледа прекрасно. Без некое расфрлање со некои нови украси и вака поставено, едноставно скромно но навистина убаво. Да се надеваме дека овој дел од градот ќе заживее за Новогодишните и Божиќните празници каде граѓаните навистина ќе се чувствуваат убаво….
УРЕДЕНО НОВО ДЕТСКО ИГАЛИШТЕ ВО ЈОУДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“
Во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ уредено е ново детско игралиште со нови детски рекизити. Станува збор за донација од „ПАКОМАК ДОО“. Со поставувањето на новите играчки коишто се во склоп на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ Клон 4, им се одговара на потребите на најмалите дечиња и претставува дополнување на целокупниот инвентар на детската градинка. Донацијата се состои…
ПОМИНА ХУМАНИТАРНИОТ ТИКЕТ НА МАРКО АЛЧЕВСКИ
Помина уште еден хуманитарен тикет на MOZZART. И за време на Светското првенство во Катар продолжи MOZZART хуманитарната кампања во која типуваат познатите и ловат добивка која доколку ја погодат, ја донираат по своја желба. Овој пат добитен тикет состави Марко Алчевски, голман на македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев. Доскорешниот младински репрезентативец на Македонија одбра…
ОПШТИНА КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Денеска, во Градскиот парк во Кочани, со културно-забавна програма, Општина Кочани го одбележа 3 Декември, меѓународниот ден на лицата со попреченост. Како учесници во програмските содржини и како посетители на настанот се вклучија и ученици со попреченост, инклузирани во наставата во основните училишта, ученици од специјалната паралелка во ОУ „Малина Попиванова“ во Кочани, лица штитеници…