Забава

НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ОМУ „РИСТО ЈУРУЈКОВ“ НА ОТВОРЕНО
Во склоп на овогодинешната новогодишна музичка програма во Градскиот парк, традиционалниот Новогодишен концерт на ОМУ „Ристо Јуруков“ ќе се одржи на отворено во Градскиот парк во деновите: 27.12.2022 – 15 часот (денеска) 28.12.2022 – 12 часот 29.12.2022 – 17 часот

БЛЕСНА НОВОГОДИШНИОТ СЈАЈ ВО КОЧАНСКИОТ ГРАДСКИ ПАРК
Заблеска новогодишниот сјај во кочанскиот Градски парк. Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници Градскиот парк ќе биде местото каде нашите сограѓани ќе имаат можност да уживаат во новогодишниот амбиент, исполнет со убава енергија, насмевски и забава. Оваа година за прв пат се организира Новогодишен базар од страна на Пролет Бар, во соработка со Општина…

НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ ОД НАСЕЛБА ОРИЗАРИ
Утре (Недела) со почеток во 17:00 часот во Домот на култура Оризари, Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари ќе одржи Новогодишен концерт. По завршувањето на концертот следува традиционалната богата Новогодишна лотарија. Сите заинтересирани што ќе изразат желба да учествуваат во Новогодишната лотарија ќе можат тоа да го остварат со купениот талон кој чини 50,00 денари.

ПРЕДНОВОГОДИШНАТА МУЗИЧКА ПРЕТСТАВА ЗА ДЕЦА „ПИСМА ДО ДЕДО МРАЗ“ ГИ ВООДУШЕВИ ВИНИЧАНИ
После долг период Виница беше домаќин на една од поубавите културни манифестации за деца. Имено за прв пат на радост на виничани се одржа Предновогодишна детска музичка претстава „Писма до Дедо Мраз“ во која учествуваа повеќе од шеесет дечиња.. Се одржаа четири претстави во кои најголемиот дел од посетителите беа ученици од двете основни училишта…

ПРЕКРАСНО ОРГАНИЗИРАНА НОВОГОДИШНА ЗАБАВА ЗА ДЕЧИЊАТА ОД ПДГ „АМИЧИ“ ОД КОЧАНИ
И годинава менаџерскиот тим со вработените од Приватната Детска Градинка „Амичи“ од Кочани организираше новогодишна забава за дечињата од нивната градинка. Откако општинската бирократија не сакаше да ја издаде салата во Мултикултурниот Центар за да родителите и најблиските поминат убави мигови со нивните дечиња, од „Амичи“ мораа да побараат алтернатива. Бараа, и ја најдоа во…

ОДБЕЛЕЖАНИ 50 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО НА ЈОУДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ – КОЧАНИ
Денеска ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ Кочани одбележа 50 години од постоењето на детската градинка. Со богата културно-уметничка програма подготвена од стручниот, воспитувачкиот и негувателскиот тим на детската градинка заедно со дечињата беше одбележан јубилејот пред полната сала во Мултикултурниот центар во Кочани. „Одбележувањето на 50 годишниот јубилеј на нашата установа основана во 1972 година е одбележување…

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА, СРЕДБА НА ГРАДЕЖНИЦИТЕ ОД КОЧАНИ ВО ПРЕСРЕТ НА НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ
Традицијата и годинава продолжи, откако на заедничка маса седнаа претставници од градежните фирми, стовариштата, занаетчии и сите останати учесници од областа на градежништвото во Кочани. По тој повод тие испратија Соопштение во кое се вели: „И годинава на иницијатива на Градежниот инспектор Николчо Гоцев од Кочани, продолжена е традицијата каде што се прави заедничка предновогодишна…

ЗА НЕКОИ МОЖЕБИ НЕ ИЗГЛЕДА ДОБРО, АМА ЗА НЕКОИ ДА
Штотуку добивме неколку фотографии од „Паркот на Револуцијата“ во Кочани од наш сограѓанин кој во потпис на фотографиите вели: „Можеби за некoгo нашиот парк сега пред новогодишната ноќ не изгледа добро, но за нас останатите што сме во Кочани и што ќе останеме овде за новогодишната ноќ ни е убав. Еве вечерва на радост на…

НОЌНА ДРУЖБА НА ТРЕНЕРИТЕ ОД КОЧАНСКИТЕ КЛУБОВИ
Една интересна идеја со уште подобра реализација се случи сношти во Ресторан „Аледар“ во Кочани. Имено пред околу две седмици Зоран Сребренов – тренер во БК „Спартак“ од Кочани формираше група на социјалните мрежи преку која упати јавен повик за предновогодишно дружење на тренерите од Кочани од сите спортско клубови. Идејата беше прифатена, а на…

СКРОМНО А ПРЕКРАСНО
Со поставувањето на новогодишната елка и некои други додатоци од вечерва „Паркот на Револуцијата“ во Кочани изгледа прекрасно. Без некое расфрлање со некои нови украси и вака поставено, едноставно скромно но навистина убаво. Да се надеваме дека овој дел од градот ќе заживее за Новогодишните и Божиќните празници каде граѓаните навистина ќе се чувствуваат убаво….