Забава
КОЧАНСКИТЕ ИЗВИДНИЦИ И ВО МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ СО ПОЛНА ПАРЕА
Септември беше навистина плоден месец кога станува збор за ИО „Ластовица“ од Кочани. Тие и на дело покажаа дека се најактивната и најмасовната организација кога станува збор за младински активизам. Изминатиот викенд беше организирано пешачење до врвот Туртел на планината Плачковица. На хајкот имаше 30 деца и 10 возрасни учесници. Меѓу нив, освен старешините на…
ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ – НАД ДВЕСТЕ ВЕЛОСИПЕДИСТИ ВОЗЕА „ПО ПАТЕКАТА НА ОРИЗОТ“
Со велосипедската тура „По патеката на оризот“, Општина Кочани го одбележа Меѓународниот ден без автомобили. Повеќе од двесте велосипедисти возеа на релацијата долга 15 километри, што го поврзува Кочани со населените места Грдовци, Мојанци и Горни Подлог. На велосипедската тура учествуваше и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој ја истакна важноста на користењето на…
НА 22 СЕПТЕМВРИ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ВЕЛОСИПЕДСКАТА ТРКА „ПО ПАТЕКАТА НА ОРИЗОТ“
По повод Меѓународниот ден без автомобили, в четврток, на 22 септември, Општина Кочани ќе ја организира велосипедската тура „По патеката на оризот“. Годинава велосипедистите ќе возат на релацијата: Кочани – Грдовци – Мојанци – Горни Подлог – Кочани. Поаѓањето е во 16 ч. од Градскиот плоштад. Поддршка на одбележувањето на Меѓународниот ден без автомобили ќе…
ДПД – КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ПРВ РОДЕНДЕН
Доброволното противпожарно друштво Кочани во саботата го одбележа својот први роденден од основањето. Денот беше исполнет со целодневна програма меѓу која беше изведена показна вежба со поддршка на ОО Црвен Крст – Кочани, презентација на противпожарно возило и опремата на ДПД Кочани, настап на ОМУ „Ристо Јуруков“, музичко-забавна програма за најмладите жители на градот заедно…
ОД ВЕЧЕРЕВА НА КАНАЛОТ IVANOVSKI SLAVCO НА YOU TUBE НЕШТО НОВО
Од вечерва на каналот Ivanovski Slavco на You Tube ќе запонеме со емитувањето на емисиите „Разговор со Џони“. Вечерва прв соговорник е Зоран Тодоров од ЗГ „За здрав живот во Кочани“. Ќе се потрудиме во емисиите кои следуваат со нашите соговорници да отвориме актуелни теми кои ги засегнуваат жителите на Кочани. Ќе се потрудиме да…
ГРАДСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР – ДЕНЕС
Фотографии направени пред малку на платото пред блокот „А“ во Градскиот Трговски Центар во Кочани. Можеби сопственикот на магарето слушнал дека фонтаната е вон употреба подолг период па го врзал магарето и го оставил да пасе а тој си заминал да си ги заврши денешните обврски. Интересно, нема што. С. Ивановски
ПРАЗНИЧЕН ПЛИВАЧКИ МАРАТОН НА БОШКО ИЛИЕВ НА ЕЗЕРОТО ГРАТЧЕ
По вторпат во својата богата пливачка кариера, по повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани, кавадарчанецот Бошко Илиев, специјалист по спортска медицина, пливаше маратон на езерото Гратче кај Кочани. 57-годишниот Илиев, со поддршка и придружба од членовите на здружението „Кочански рибар“, во водите на Гратче пливаше час и 40-ина минути. – Ова е мојот…
ПЛИВАЧКИ МАРАТОН ПО ПОВОД 7. СЕПТЕМВРИ
По повод Денот на ослободувањето на Кочани, утре, 7 септември, во 11 ч., кавадарчанец Бошко Илиев, специјалист по спортска медицина, ќе реализира пливачки маратон во водите на езерото Гратче. Пливањето ќе го започне од брегот на езерото кај „Еуро хотел Гратче“. Општина Кочани
ТРЕТО МЕСТО ЗА ГЛИГОР МИШОВ ВО НАТПРЕВАРУВАЊЕ НА ХРАНА НА ТРАДИЦИОНАЛЕН НАЧИН
Нашиот сограѓанин Глигор Мишов го освои третото место на VI по ред Меѓународен натпревар во подготовка на храна на традиционален начин „Гулашијада – Јесеново 2022“. На натпреварувањето кое на 30 Јули оваа година се одржа во Јесенова близу Деспотовац (Република Србија) учествуваа 17 екипи од државите од Балканот: Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Македонија и…
ФУДБАЛЕРИТЕ НА „МЛАДОСТ“ – ОРИЗАРИ ВЕРНИ НА ТРАДИЦИЈАТА
Како и години наназад така и годинава ветераните на оризарскиот фудбал го одиграа својот традиционален ревијален фудбалски натпревар. На натпреварот силите ги одмерија играчи кои дел од својот фудбалски живот поминале во Оризари, во екипата на „Младост“. Резултатот не беше во прв план, туку дружењето, и затоа сите што се појавија овој пат во „Спортската…